1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашето мислење за денешните свадби?

Дискусија во 'Свадба' започната од Saraa, 30 септември 2014.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто, ама традицииве мислам дека се најмалиот проблем на некои од денешниве свадби. Сум била на свадба со сите традиции и салтанати. И многу беше убаво и дури имав чувство дека беше организирано на тој начин што ќе биде интересно. На не секоја свадба успева да се долови тоа. Може да се направи уникатна и поинаква свадба ТОКМУ со примена на традиционалниот елемент. Единствено би го модифицирала она бацувањето за честито на сите гости со младенците и сватовите/сваќите, се честита и со пружена рака и насмевка. Не значи оти помалку се сакаме. :)

    Напротив, моето искуство вели дека некои од “модерните/обичаи/ навики/притресувања/(не)пишани правила и кодови за изглед и однесување“, кои сметам дека се токму тие истите причинители за некому повеќето свадби да му изгледаат исто, плус знаат да изнервираат повеќе отколку да научиш нешто повеќе за сопствената традиција преку забава.

    Најважно е да ја правите за да ви се допадне на вас, а не за да им се допадне на гостите.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Dr.Strangelove

    Dr.Strangelove Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2014
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    151
    Сакам културни свадби, сакам фина поп-рок музика, македонски староградски песни, македонски евергрини, а не на сите свадби кај одам само ех-ју и турбо фолк дури како ние да сме Срби, Хрвати, Босанци, а не Македонци. Мразам претерување со некои адети кои немаат логика и здрав разум. Најодвратно ми е пукање на свадби, кршење, сељачење. Не сум присуствувал на таква свадба, но сум слушнал дека имало и такви примери.


    Можеби не сум толку религиозен, но за мене најубав дел од свадбата е венчањето во црква. Не знам зошто, но мислам вистинската убавина на жената ја гледам таму со таа круна на главата, бел невестински фустан, едноставно зрачи таа позитивна, убава, волшебна атмосфера кога го кажува своето “да“. Лично мене ми е преубав моментот во црквата, радоста на семејството, пријателите. Има некој посебен шмек, feeling таму.
     
    На Saraa, Umbrella22 и mimiiiii им се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    ^ Се согласувам за ова во црквата... освен кога невестата, очигледно заборавајќи дека ќе склучи и религиозен брак, оди во црква “пораскомотена“ или пак бремена, коешто не ми пречи лично туку не е ред, се знае црковниот брак што симболизира, а глетката бремена невеста во црква не ми е баш најсоодветна за тоа место.
     
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Теси мила, знаеш дека сме истомисленички, но за ова малце ќе ти замерам. Не можеш да го кажеш тоа само бидејќи не ти се случило тебе, а може секому да му се случи и се почесто се случува. За разголеноста во црква се согласувам, меѓутоа обично секогаш се покриваат со марама. За бременоста и симболизирањето на црковниот брак можеби си делумно во право, но ако гледаш така треба да се мажиме и невини, како што е редот ако сакаме да облечеме бело. Зар само физичкото е видливо пред Господ? Важна е душевната чистота. Ако го правиш тоа затоа што сите се венчавале во црква а не веруваш во Бога или пак си лоша личност, тогаш не треба да се венчаш во црква, едноставно е грев со такво лицемерие да го направиш тоа. Но ако душичката ти е чиста, имате огромна љубов со партнерот, па дури и невестата да носи плод од таа љубов во неа, каде е гревот? Можеби не е како што налага црковниот брак, но муабетот ми е ништо веќе не е така, како и невиноста, па зарем да го искорениме тој преубав дел од крунисувањето на љубовта? Ако гледаш така невестата ни кога ќе роди не е во ред да се венчава во црква, значи не треба воопшто? Па многу парови после години брак се одлучиле на овој чекор. Мислам дека чинот е преубав и не треба да го ограничиме се додека нема нешто грешно, а според мене бременоста од човекот со кој ја овекувечуваш љубовта пред Господ, не е грев. Па зарем самиот не го налага тоа? Љубов, верност, здравје, потомство... :)
     
    На Saraa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Мислев на самата глетка, каков визуелен впечаток остава (зборувам кога се познава некоја дека е бремена), за невиноста и како треба според верата, се знае тоа каква е ситуацијата, нема потреба од дообјаснување за жал. Не велам дека нема невести коишто не се покриваат (не ни реков дека никоја не се покрива воопшто), напротив повеќето се покривале, но што сум гледала по некои слики (не само за тука, oпшто од свадби низ светов), имало невести коишто не се покривале со елече или марама, освен ако не било за атер на сликата, да се види поубаво венчаницата па да се покривале одма потоа. Тоа мене не ми е како глетка во ред, не оти лично ми пречи или нешто. Плус тоа, црковен брак некои склучуваат 20 години после потписот во матично.

    И се надевам дека на темава нема да се навредите од моите мислења бидејќи се поинакви, јас мислам дека барем лично баеги пазам на тој момент (и не би било фер доколку ми се замери), баш затоа што знам која осетлива тема се свадбиве. :)
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Ако не влезеш трудна во црква може ќе го излажеш Господ и нема да знае дали и колку си се сексала пред брак :D
     
    На mal.ecka, Abeja, Lovely93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Dr.Strangelove

    Dr.Strangelove Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2014
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    151
    Гледано реално Македонците имаат комунистичко почитување на својата религија т.е. ја сфаќаме религијата како некоја традиција, а не вистинско верување и почитување на истата.

    Земете на пример како словенските народи коишто се дел од православната црква прославуваат празници. Во Русија сите жени влегуваат покриени во црква, младите ги знаат сите црковни молитви, сите се примерно облечени како што и доликува. Кај нас во црква жени влегуваат во мини, со деколтеа, танги, проѕирни фустани на коишто се гледа долна облека. Сум приметил често дека кога се венчаат во црква пола од другарките на невестата се облечени непримерно.
     
    На Kala22, Umbrella22, makedonkamak и 3 други им се допаѓа ова.
  8. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    ^
    Гаќи се гаќи. Што врска има дали некоја носи танга или гаќи со ногавички? Претрес на врата молам :!:
     
  9. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    ^ :!: А некогаш воопшто и нема гаќи. :lol:
     
  10. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Пред некое време бев на свадба. И? Се' е исто како и на секоја друга свадба. Исто. Ок, ми се допаѓа до некаде делот каде што се оди по невеста или ја земаат невестата (зависи од која страна си поканет). Тоа е еден убав чин гледано вака од страна. Исто имам забележано дека некои ситници на некои свадби се во знакот на младите во тој дел. Дали е тоа китење, дали е музика, бои, облека итн. Си одбрале некои уникатни пози за сликање (пример), одбрале црква која посебно си ја сакаат, има некое значење за нив (исто така пример).

    И се' тоа e ок, се додека не влезеш во ресторан. Штом влезеш во ресторан почнува клише муабет.

    Значи мора ли, ама баш мора се едни исти песни да се свират? Ама буквално се едни исти. Не слушам таква музика, ама ги научив сите песни на памет. Толку за свекрвата нема некоја друга песна, па мора да биде глупавата "Весела сум свекрва"? Општо тој дел со формално прозивање и водење на орото не ми се допаѓа воопшто. Ајде за деверот, за кумот, за дедото, бабата, невестата, зетот, комшијата од карши, пирошката од маса 15... Ехее дур се изредат и се тоа исти песни на сите свадби. Добро, ете и тоа прозивање е може желба на младите, ама можат барем малку да го променат тој дел. Сигурно ваљда свекрвата има некоја весела песна што си ја сака, омилена и' е. Не мора во песната за свекрва да се пее. Исто и деверот, кумот. Тие барем се секогаш млади луѓе, па може да се договорат со бендот за кумот да не ја свират стандарт кесето ти изгоре или како и да беше туку некоја песна на која кумот би искршил две, три чаши и ќе го расположи до крај. Јас утре да правам свадба, одма знам која и' е омилена песна на свекрвата, која песна ќе ја свират за деверот итн.

    Зошто не се трудат младиве да направат нешто според нивни замисли, а не според толпата? А тоа не бара дополнителни пари. Од старт свадбата ќе добие поинаков лик и тек. И бендовиве страшно ме нервираат, ги научиле се едни исти песни, и на сите свадби што сум била последниве неколку години, ама баш истите песни се пејат. Добро бре толку немаме други наши, стари, традиционални македонски песни? После прозивањево следуваат неколку ора, обавезно еднаш пајдушкото го свират, има два чочеци стандард што ги свират некаде после вечерата, во меѓувреме свират една за машко оро, не знам како се вика тоа ама гледам на сите свадби на тоа оро само мажи играат, после може некоја забавна, "Туѓа си бескрајно" обавезно, иако се' уште не го сфатив значењево на песнава на свадба и тоа е тоа.

    Музиката ја прави свадбата. Не ја прават боите, декорацијата на салата, тортата, храната итн. Ете толку е потребно да се добие една свадба од малку подруг тип и да се добие слика на поразлична свадба од другите. А тоа не бара дополнителни средства, само желба и треба да се потрудиш да размислиш кои песни би се свиреле.
     
  11. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Двајца луди и триста гладни...
    Го земеш за рака и си одиш на брачно патување во кое ќе уживаш без со години не видени
    чичко, стрико, тетка, тетин и други ми ти незнани роднини ...
    Да демек ако не си во бело без наведениве ништо нема за паметење.
    Исти ми се свадбите... но тазе ми се спомените :)
    Нека, тоа е мое мислење,грешно или не, јас сум со поавантуристички дух :)
     
    На PaLaVa, crazylady, mims-89 и 10 други им се допаѓа ова.
  12. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Една слика 1000 зборови...
    [​IMG]
     
    На SuperGirl24 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. bussines-woman

    bussines-woman Активен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Сум била на многу многу свадби, од малечка секогаш ме носеле, но и голема фамилија сме си :lol: И наместо да ми се здосадат, мене свадбите ми стануваат се поинтересни, се повеќе си сакам една голема и весела свадба. Знам дека има многу спремања, многу луѓе се ангажираат за само еден ден, да не зборувам за тоа колку пари ќе се потрошат (па и секој колку му е длабок џебот)...но тие неколку часа, целиот тој настан, мене ме прават да се чувствувам...неверојатно (не можам ниту збор соодветен да најдам :) ) Сите се весели, сите пејат, сите се убаво дотерани, па каде го има тоа освен на свадба.
    Ако мене ме прашувате јас повеќе ги сакам традиционалните свадби со стари адети и народни песни, отколку денешните кадешто не се ни венчаваат во црква и се пушта музика како за во диско. Венчавањето е свет чин, адетите се дел од традицијата која се повеќе ја забораваме. не велам да се прават сите адети што ги знаете но да се одбележи со некој. Во различни краеви низ Македонија се среќаваат разни варијанти, но свадба без бајрак, погачи, одење по невестата, буткање пред врата - не е свадба. Незнам колку од вас имаат контакт со албанци во Македонија. Дали знаете какви се нивните свадби и колку они ја почитуваат верата и традицијата - голем респект за тоа. Затоа, македонки, китки шарени :) ако треба да правите свабда, одберете си убава бела венчаница, нека ве земе младоженецот од дома, венчајте се во црква и нека ви ја засвират „Што убава си невесто, машала машала“ :D
     
    На butterflysk и Lovely93 им се допаѓа ова.
  14. Katerina94

    Katerina94 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    2.303
    Видов дека темата и не е баш активна ,но морам да коментирам посебно во врска со првиот коментар на темава бидејќи сметам дека не е на место. Според мене , се е до желбата на младоженците ,значи не е до фалењето кој како и зошто украсил туку кој како си сакал и можел. Секој си има различно мислење и вкус, така да ако некој сакал розева свадба нека си направи, тие си плаќаат за тоа, нивен спомен и нивен ден е тоа. Најважно е да биде според нивните желби ,а не како мислел овој и оној.
    Денеска се повеќе се актуелни свадбените декорации на салите. И мене ми се допаѓа тоа. Бев на свадба пред 3 години и тогаш немаше толку декорации по салите. И бев на една сега скоро и дефинитивно самата сала со букет на секоја маса, со прекрасно украсена главна маса ,па и со осветлување е многу поубава од обична свадба без украсување. Тоа е мое мислење. Се согласувам и со тоа дека не може секој да си дозволи такво украсување ,но доколку се може ,тогаш дефинитвно упаѓа во очи и самата свадба изгледа поубаво. Значи воопшто не ми е фалење кога невестата зборува како ќе и биде украсено и што ќе има на свадбата.Секој се постила според својата черга.
    Бев скоро на лукзузна свадба(имаше ордевери,поховани тикви,апки,зденки и слично,вечерата не им беше класична туку си доплатиле и имаше повеќе месо,повеќе компири заедно со други гарнири),имаа 2 бенда и потоа дојде друг пејач кој направи прекрасна атмосфера.Украсувањето беше феноменално и јас искрено не би можела да си дозволам до толку,но самата декорација и нивниот план за свадба ме израдува и ме восхити.Си имале пари и си го направиле нивниот ден од соништата и тука според мене коментарите од типот дека претерале ,дека било премногу не се на место бидејќи како што кажав секој си има свој вкус .И потполно се согласувам со сите кои рекоа дека музиката ја прави свадбата. Музиката е најважен ден од свадбата и јас би сакала да е поразлично бидејќи на секоја свадба е веќе истиот редослед на песни. Се почнува со ора ,чочеци,вечера, па забавно македонски,српски и слично. Нормално е дека традиционалните македонски и народни песни се дел од секоја македонска свадба но убаво би било доколку се воведе и нешто поразлично, на пример првиот танц да не е Од овој ден од Владо, туку некоја предходно испланирана песна од страна на младите. Самите тие да си испланираат некој нивен танц (на нивна омилена песна или песна која ги потсеќа на нив). Јас кога ќе правам свадба барем така сакам , а за после и сакам нешто поразлично , гледам се почесто се повикува ди џеј ,кој пушта песни после бендот(забавни,странски какви сакаш ). Во врска со фустаните на невестите дека биле се едни пак исти и слично,пак е овде работа на вкус , мене лично не ми се допаѓаат веќе видените корсет и надолу со голема корпа надувано. Но ако така си сака невестата тоа е нејзин избор и нема простор за зборење. Секоја невеста е посебна на свој начин. Никогаш не би зборела за нејзиниот изглед бидејќи штом така си одлучила,сигурно нејзе и се допаѓа и тоа е најважно.
    За адетите некои велат биле смешни и стари,некои ги почитуваат. Јас лично ги сакам адетите каде се оди по невестата, се бутка врата и слично. Тоа е дел од традицијата и сметам дека е подобро така отколку да се среќаваат младите пред матично или црква како договорени. Се знае, се оди по невеста. :D
     
  15. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Сите ние особено девојките растејќи со романтични комедии каде толку се става акцент на самата свадбена царемонија, декорација, бла бла и одење по туѓи свадби со по500 гости нормално е да си имаме некои очекувања и замисли за нашата свадба. Кога девојката ќе порасне и ќе свати дека само тој до неа е најважното нешто и дека свадбата е само мал чин на прослава на љубовта и не е битна колку она што следи понатака, тогаш приоритетите се поинакви. Барем кај мене беше така. Со мм пораснав, од 16 години сме заедно, живеевме 5 години заедно пред свадбата, и двајцата не сакавме голема свадба, па во периодот кога решивме да ја прославиме нашата љубов се одлучивме да го организираме и финансираме тоа сами, и да со споделиме чинот со најблиската фамилија и најблиските пријатели кои беа се на се 30 луѓе. И беше прекрасно, ги имавме сите адети од земање невеста, форографирање на најромантичните места во градот, венчавка па забава во ресторан со музика во живобез појачала и најразиграни зет и невеста, во пријатна интимна армосфера
     
    На Saraa и <3 pleza4e <3 им се допаѓа ова.
  16. bombona23

    bombona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2014
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    1.817
    Мене искрено не ми се допаѓаат класичните свадби, т.е традиционалните, јас сум повише за журка со млади (Кирил Џајковски да пушта музика) отколку оро за стари... А најискрено и не сакам свадби воопшто... џабе фрлање пари :D
     
  17. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Јас на 29 Мај бев на една поразлична свадба на отворено беше, лошо беше што немаше никаква атмосвера (а свадбата беше од 17 часот а ние задоцнивме 3 часа стигнавме околу 20.. срамови.. :$) Ладно беше. Местото ми се свиѓаше Фрателис Висиана само лошо беше што не се погоди времето и немаше никаква атмосвера. Кај брат и ( на снашката) беше некако повесело ако беше свадбата во кафана (ресторан Парк во Куманово сега е веќе затворен.)
     
  18. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.861
    Допаѓања:
    133.208
    Пол:
    Женски
    Парада, пијанства и кича ... ;)
    За се се правиме многу модерни, современи а коа ке дојде време за свадба тераме адети од времето на деда Ное.
    Се одело некогаш по невестата ама невестата тогаш прв пат го гледала младоженецот на свадбата, а сеа невестата милион пати има отидено кај младоженецот пред свадба а не ретко и живеела таму ... ама адетот мора да се запази па на сето тоа и во бело да била облечена што патем симболизира невиност, иако она више пред пораѓај стигнала.
    За кредити земање и пари фрлање и да не зборувам. Па мерак им било така па колку и да чинело ... е многу ефтин меракот ако потоа со години не можеш крај со крај да сврзиш ради тој мерак.
     
    На Petra777, PaLaVa, Despinaa и 5 други им се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.559
    Пол:
    Женски
    Денешните свадби не се како свадбите што се правеа на времето. Порано се правеа традиционални свадби, а сега повеќето млади ги избегнуваат традиционалните свадби. Некои прават свадби само со најбитните адети, а некои не прават класични свадби. Во денешно време се прават свадби за да ти се исплатат. Се кани се живо и диво само за да се соберат што е можно повеќе пари и поклони. И порано се правеа големи свадби, ама тие беа со друга цел. На времето младите се дружеа скоро со сите гости. Сега се канат роднини што младите не ги виделе одамна.

    Јас не правев класична свадба. Не ги сакам таквите свадби. Имавме свадба со 50 гости. Ги каневме само најблиските. Немаше никакви адети. Излеговме од станот кај што живеевме, отидовме во матично, па во ресторан. Супер беше свадбата.