Вашето незаборавно пијанство

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Zaljubena111, 23 октомври 2010.

  1. Twinkles

    Twinkles Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    980
    не пијам алкохол и досега не сум доживеала вакво гадно нешто, а ниту би посакала некогаш :)
     
    На edna_malecka и Minnie 1 им се допаѓа ова.
  2. mia993

    mia993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2014
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    140
    сега викендов на виноскоп :lol: аххх :envy: :emo:
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Било је то давно, у стара, добра времена... :D

    Мајко мила...

    Не, си бев јас редовен пијач, машала секој викенд по литро вино го мавав од вечер сама. Немав гајле, не ми беше прв пат. Навикната бев, знаев и да си измешам, не ми беше ништо. Нон-стоп пиев, а никогаш не ми се случи да се влечам по улици или да повраќам или па да не знам каде се наоѓам или па да се мувам со кој стигнам. Сме седнувале со другарка ми и по 5 коктели сме пиеле, па после вино, па после узо, па на крај пиво за трезнење. Со пиво се трезневме. :tmi:

    АМА, една вечер се направив Гоце Арнаудов. Беше тоа пред едно 5, 6 години. Јас силна, немам гајле, пијам секој викенд, знам да се држам. И добро, одиме кај една другарка во стан, четири девојчиња се собравме, сите искусни пијачи. Земавме за пиење од се' по нешто и си почнавме. Си прибра Daydream цело шише водка до неа и си почна. Ред муабетче, ред чаша. За три саати, додека се освестив што правам цело шише водка сум испила. :tmi: И ок, бев фатена, ама не осеќав нешто многу, нормално ми беше како и секогаш кога пијам. И ајде викаме да идеме, требаше во Колосеум поранешно да одиме. Станувам и оппп ме занесува, немам гајле, штикли на нозе и трга госпоѓицата. Како се симнуваме надоле по скали, мене така ми се мати пред очи, само што излегов надвор, кога ме пресече од ладното (зима беше), не знаев каде се наоѓам.

    Тука веќе не се сеќавам на ништо и ден денеска тоа ми е дупка во меморијата. Не знам како сум преминала улица (булевар), не знам како сме викнале такси, не се сеќавам како сме се возеле до Колосеум, не се сеќавам кога сум излегла од такси, не знам како сум поминала низ обезбедувањето, не знам како сум платила карта, се сеќавам само кога влегов низ големата врата во Колосеум внатре. Тогаш прогледав. :D Одвај стоев, одвај. Видов еден куп луѓе од мој клас, од моето школо и одма срам ме фати, си помислив којзнае како изгледам. Само што влегов внатре, буквално само еден чекор направив и и' реков на другарка ми Јас одам во вц, викај ме кога ќе си одиме.

    И толку беше мојата вечер во Колосеум. Си влегов во едно вц таму на крајот, си го најдов најчисто, си спуштив капакот од шољата, си седнав, си се наместив, си се стационирав и си слушав музика од вц. :D Е тогаш луѓе не знаев како се викам. Да ме прашаше некој како се викаш, не знаев да кажам. И се' ова низ магла се сеќавам. Цела вечер буквално си ја преседов во вц. Другаркиве доаѓаа само да ме посетат, да видат што правам, до кај сум и ми носеа кисела вода цело време за да се отрезнам побрзо и толку. Повраќав многу, ама многу. Срам ме јадеше цело време и се' што посакував во моментот беше да сум трезна. Кај 3 саат ме викнаа, едната другарка од едната страна, другата од другата страна ме фати и ме изнесоа надвор. Кога поминав кај огледалата не можев да се препознаам, се исплашив од сопствениот израз. Е тогаш малку веќе знаев кај сум, која сум, што правам, кај одам...

    Во такси и ме однесоа дома. Одма си легнав, се' ми се матеше, ми се превртуваше, уште ми беше лошо, ама подобра бев од претходно. Другиот ден, мислам дека цело буре вода испив. А од тогаш па навака водка или воопшто жесток пијалок немам ставено во уста, не сакам ни да помирисам. Ми се згади за цел живот.

    Ете така... Како тогаш што сум била пијана, никогаш не сум била, нит па ќе бидам. А не се ни гордеам со постапкава, ми беше срам после долго време.

    Наравоучение: Не бидете себични, делете ги шишињата алкохол со другарките. ;)
     
    На edna_malecka, MevikaatDori, Gosh и 6 други им се допаѓа ова.
  4. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    34.451
    Пол:
    Женски
    Ах, пијанство пијанство...никогаш нема да го заборавам :rofl:
    Беше за Св. Трифун, се собравме кај другарка ми, да си го прославиме празникот :D Беше многу ладно, снег повеќе од 1 метро имаше...шта да ти причам. И така се почна, Ајронка почна да пие, али постепено. И демек ајде ќе се праем фраер со едно девојче на екс 3 чаши црвено вино ,и секако малце ме удри во глаава, ами океј беше. Почнав да си тропам глупости дека никој не ме сака, ова она...И ај демек да излезам на балкон со другиве на цигаре, БАМ - нешто ме пресече. Почнав со :puke: од балкон..ме внесоја внатре, демек поарно ќе ми биде, ама ништо мене скроз ми се стемни почнав уште повеќе да :puke: . Ајде околу беа друштвово, ама што беше посрамно, дојде мајка и на другарка ми со кофа...и знам почнав да зборам пак за тоа дека никој не ме сака ова она...Не знам како слегов по скалите ниту како сум ги облекла чизмите, ама како што ми кажуваа кога сме излегле, јас сум паднала во снег и не сум станувала сум сакала да спием да одморим. :drunk: ..Не се сеќаам понатака, како дупка ми е во меморијата, но понатака се сеќавам дека другар ми ме однесе дома и мојте на врата хахаххаа Браво за мене :clap: Само што влегов одма во вц на :puke: И не знам понатака, мојве ми викаа дека сум паднала во несвест, ме прскале со вода...ама знам се сеќаам на еден момент кога ми луптосаја шамар, понатака не знам. Знам викнале брза помош и кога се разбудив под инфузија директива се уклучив на фб и потоа на пица .Дур сум примала инфузија, сум викала сакам куче :lol: Ееее тоа ми бил прв и последен (се надевам) пат на пијанство.
    П.С капата што ја имав на мене, ноќта на пијанството, сум ја заборавила во такси...:lol:, и си ја најдов утредента во истото такси :D That's my life event, which I'll never forget !!!
     
    На edna_malecka и LaraSolare им се допаѓа ова.
  5. Annabel Lee

    Annabel Lee Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Никогаш не си дозволувам да испијам онолку колку што ќе ме натера да не знам што правам. Ама сум имала ситуации не велам не. Првата што ми текнува е кога 15 минути стоев у пекара и го замарав продавачот зашто неможев да прашам дали имаат штрудла со јаболка. Штрудла во тој момент ми беше најтешкиот збор у свет, па се обидував да му објаснам што сакам.
     
    На edna_malecka, Gosh и SunshineYo им се допаѓа ова.
  6. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    61.352
    За незаборавно пијанство неможам да Ви раскажувам затоа што во животот се немам напиено ниту една голтка алкохол!!! Но, можам да Ви кажам како на еден тотален антиалкохоличар му изгледаат сите оние кои претерале со алкохолот и се нашле во моја близина!!!
    1. Пијаните луѓе зборуваат неразбирливо, тресат глупости!!!
    2. Пијаните луѓе изгледаат несредено, облеката им се „искривила“ на телото!!!
    3. Пијаните луѓе не изглдаат убано, очите им се подзатвориле, устата им се „искривила“!!!
    4. Пијаните луѓе, т.е. некои од нив стануваат најголеми кавгаџии!!!
    5. Пијаните луѓе, т.е. некои од нив цело време Ве гушкаат и бакнуваат, ама не се пријатни!!!
    6. Пијаните луѓе, никогаш не признаваат дека се пијани!!!
    7. Пијаните луѓе најчесто не се пријатно друштво!!!
    8. .............................................................
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ana3567

    Ana3567 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    461
    Пол:
    Женски
    Ne sum bila opijaneta nekogas zasto ne pijam :D
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Chicken.che

    Chicken.che Активен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2014
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    8
    Многу често се дешава ова ... најчесто на некои пијанки ко ќе се собереме кај некоја другарка :D И у последно време ништо не памтам ! Дупки во меморијава... толку прашања, а без одговор :headbang:
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    Heh bas interesna prikazna..Obicno nikogas ne pijam no posledniot den od odmorot vo stranstvo resiv da se zabavuvam do maksimum..so drugarka mi izlegovme vo kafic kade imase balkanska zabava kade dobiv ogromen buket od crveni ruzi, ispiv dva tri kokteli I nekolku tekili..na kraj zavrsiv vo prosetka vo sosema nepoznat grad do utrinskite casovi pa edvaj stignav na avion so make up od minatata vecer bidejki sekako nemav vreme da se presoblecam ..sepak interesno iskustvo :lol:
     
    На edna_malecka и vvv123456789 им се допаѓа ова.
  10. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    Ај ќе издвојам некое понеутрално од поодамна, не знам како ама кога сум пијана сите зборови ми се извртуваат во некоја сексуална конотација :D

    Одев во основно музичко и сега секоја година се организираше новогодишен концерт на кој се собираа блиски и познати кој што следат такви настани и сега ние учениците требаше да отсвириме по една композиција за да го одбележиме настанот и секој што настапуваше од кога ќе заврши со композицијата го најавуваше другиот, арно ама се начукав со другаркиве неколку чаши црвено вино пред да настапам а они у публика и замислите цела композиција точно ја отсвирев иако потоа ми кажуваа како емотвно сум се унесувала премногу :D и само што ја завршив го најавувам следниот и требаше да звучи нешто вака: сега ќе настапи тој и тој со композицијата од Ј. С. Бах, Фуга во D minor на пиано, компонирана на оргули во оргинална верзија, а јас наместо оргули, оргии реков :tmi: и тоа гласно и јасно на микрофон..и што е најтрагично не сфатив, само памтам дека сите почнаа да се кикотат а јас цела у прашалници зошто??? почнав да гледам дали со облеката нешто не ми е во ред а тие неможат да престанат и јас си слегов од бина мртва озбилна и дури отпосле дознав :| (воедно тоа ми беше и првото пијанство кое никогаш нема да го заборавам.)
     
    Последна измена: 24 март 2015
    На edna_malecka, Gosh, ku4ence и 6 други им се допаѓа ова.
  11. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Ова се случи минатата година и буквално после ова немав излезено пола година.
    Беше викенд и се договоривме со друштво да пиеме кај мене , па после да излеземе. Нон стоп така правиме таман да се расположиме. Црвено вино не пијам многу , али оваа вечер удривме на вино. Ми тргна со виното , здравица за ова , здравица за она на екс неколку ги удрив. А бев договорена со менаџер од дискотека да ми резервира сепаре и со него да идеме натака. И така на екс наваму - натаму се јави овој , набрзинка штиклите ги облековме и излеговме. Леле на ладното коа ме удри виното... У кола почнаа да ми се превртуваат цревата , али мислев коа ќе излезам ќе ме фати воздух боље ќе биде. Ми помина некако од паркинг до дискотеката пешки , смеење ова она малце ми се вртеше , али нема везе. Али кога застанавме на врата за влез дека се насобра гужва , почна да ми се лоши. Кога фатив да повраќам пред дискотека , сите гледаа у мене (facepalm). Па уште другаров излезе да ме внесе да не чекам , али кога виде што ми се дешава ме почека да си се доповраќам. Хулахопки , штикли , фустанче се ми беше лом , не знам како ме пуштиле таква внатре , али кога почнав да се трезнам отидов до wc да се исчистам. Цела вечер пропаѓав у земја , а најтрагично беше што кога и да поминеше некој познат ме прашуваше како сум :|
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.167
    Пол:
    Женски
    Auuuu kakva prikazna e za moeto nezaboravno pijanstvo. Bese vtornik, i ajde nekolku drugarki se ubedivme da odime na studentska zabava, cisto da ni pomini vremeto. Si sednavme na edna masa i se priblizi eden i pocna da ni igra - epten kako gej.Se kacuvase na masi i igrase kako na sipka da se vrti. Toa stana ludnica. Pa dojde i braced na edna od drugarkite i uste eden drugar. Mislam deka samo jas se sekavam kako i sto bese. Drugite bea vo pijana sostojba. Igranje i luduvanje do bezkraj. Toa bese dobra vecer. Sledniot den glavata mi pukase od umor i malku pijanstvoto, ali vecerta nema da ja zaboravam nikogas....
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mhhm

    Mhhm Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2014
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Јас последното ќе си го раскажам:
    собрано друштво бевме десетина души во стан и си пиеја бело вино, јас не пијам вино, па ко најтрезна ќе ги носам со колата до ноќниот клуб кај што имавме планирано да одиме. Како се напикаа и сега не разбирам, в кола песни, лудории, отворени прозорци, два три круга низ центарот, ама ај стигнавме некако. Ни се погоди ди-џејот и музичето, тргнавме со текили, јас 5-6 и по пола саат не памтам појќе ни кој остана ни кој си замина. Памтам кога две другарки ми свикаа „Ајде шац си одиме“ и јас само одговорив „Пијана не возам, јавете му се на мм да не земи“. Додека го чекавме сигурно многу лошо сум изгледала и ме прашуваат „Добра си?“ а јас скоро заспана одговарам „Додека не дојди ***** јас не повраќам!“
    И ден денес ми се смеат за оваа изјава, а јас всушност никогаш не повраќам па ни пијана.
     
    На edna_malecka, Hipica и macencef им се допаѓа ова.
  14. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Ти да не си закаснила малце, уште во основно, ехее напредна генерација.:rofl:
    Јас малку да ја освежам темава, одамна не сум пишала.:rofl:Беше ова една октомвриска вечер, и имаше некоја свирка во Хавана организирана од школо и сите што ги знам таму.Идеме прво друштво, само јас и уште една другарка со 5-6 машки во парк прво да се запиеме, и си купивме Смирноф, Швепс, кисела вода, некој донесе вино бело тоа дал Господ.А другаркава запиена од дома, јас голем обожавател во тоа време на вотка, машкиве повеќе на вино мавнаа ја од воткава бог ти знае колку испив сама, па после се префрлив на виново што остана.Ајде испивме што испивме тргаме накај Хавана патот не знаев да го погодам, му се обесив на најдобриот другар го викав Росалинда:D:Dстигнавме некако до Хавана пред пола школо се прекачував преку ограда(арно нешто што не искршив) уште ваму коњак си нарачував уште толку му се бесев на другаров, му зборев дека е убав келнерот, да го поздрави од мене другар му(facepalm) му ја пеев Брат од Цеца на уво(ова по која логика уште се прашувам) па си отиде овој а му реков сама да не ме остава.Тука се најде друг еден другар он почна на мене да ми се беси, едно време тргна да ме залапуе му реков дека го сакам како другар(facepalm) (се отрезнив тогаш за три секунди)и тргнав демек да си го земам коњакот се најдов со девојчиња од кај мене и правац кучи.Детево после не можев у очи да го погледнам две недели.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    ХХАхахха абе тоа е..младост/лудост :D и тоа на 13 години замисли да се просветлиш со таков кикс.. :D

    едит

    И заборавив да кажам дека е овековечено со снимка..можда ја има некој тука ако учел со мене..ај да не потсетувам дан го прикачат на мотика..тешко мене :D
     
    Последна измена: 26 март 2015
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    Абе бегај таму пијанство за што ќе ми е, можеби чаша две повеќе НЕ :shake::shake:
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.156
    Пол:
    Женски
    Има две такви кои ќе ги паметам по лошо (facepalm). Едното е кога се испијанив и почнав да им ги земам пијачките на пријателите и скршив шише пред нозете на келнерот. Второто е кога пиев во парк и бев принудена да заминам дома порано бидејќи бешиката ми беше полна и кога бев на неколку метри од дома не можев веќе да издржам и.. се испразнив тука :doh: Поминаа неколку луѓе но не знам дали приметија бидејќи беше темно.
     
    На edna_malecka и LiliBoz им се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум била пијана оно до краен степен да кажееш.
    Се до пред некок месец пред апсолвентската..
    Ми се собраа многу работи и ми требаше отпуштање.
    Со една бивша колешка решивме да пиеме вино,таа беше тазе раскината а јас немав никој.
    И така теравме,си купивме вино од еден литар и мало пепси. И јас бев во следниот пола сат Шабан Шаулиќ. Мислам полошо не ми билп,неможев да одам и едвај ме донесоа дома,понатака не сее сеќавам,освен дека сум се исповраќала за сите пари.
    Од тогаш си реков црвено вино јас во уста више не!
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. exoticgirl

    exoticgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    268
    Пол:
    Женски
    Охоо ми се деси сега за Коледе кога се палеше оган.Уште ми е срам од тие што беа таму.Си пијам јас водка со редбул и некако си се занесов мислиш вода пијам.И седнам до огнот убаво,е сега дали од огнот ме прифати толку незнам.И ќе одам јас до вц и повикав едно девојче со мене.Арно ама кога влегов се држам за лабавото едвај стојам,девојчето ми вика јас само знам и реков викни го дечко ми.Дојде тој,ме држи јас неможам на нозе да стојам паѓам,ај па и на плак ме однесе.Плачам јас,плаче тој,кутриот се испаничил сигурно.Знам :puke: во соба.И видоа не видоа само памтам кога рекоа ај ќе ја носиме во болница.Како ме однеле не се сеќавам,знам дека се разбудив под инфузија.Бруки невиди,од тогаш вотка не душнав.
     
    На edna_malecka и Lana del Rey им се допаѓа ова.
  20. Lana del Rey

    Lana del Rey Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2015
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Of me potsetivte strashno beshe moeto pijanstvo vo 2011 imav 16 si otidov vo makedonija da se vidam so moite za vreme na letoto ( avgust mesec) se dogovorivme so drugarkata taa odkacena kako mene ^_^ da izlezeme edna vecer koga ke e soberen cel grad site bea tamu neznam bash imashe nekoja žurka , pievme od se shto najdovme se naprabivme za nigde edno vreme ni tekna deka ni e dosta i odlucibme da si odime doma arno ama tatkomi trebashe da me nosi do doma i se kaciv kaj nea vo stanot da izmijam zabi da ne me seti kolku sum pijana :lol: ahaha a tamu beshe dojden nejziniot decko i negoviot drugar toest tatkoto na mojata kerka :wasntme: taka go zapoznab nego toj pijan jas poveke i naj smeshno e shto tatkomi isto taka beshe pijan pa ne me seti i toa shto posle 2 dena mi rekna kako se vika deckoto da go baram na fb :lol: neznam kako mu se bendisav tolku pijana pa i toj me baral.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.