Вашето незаборавно пијанство

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Zaljubena111, 23 октомври 2010.

  1. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    7.618
    Пол:
    Женски
    Лелее...(facepalm)
    Бевме со друштвото 10 дена во Охрид. И сега 5та, 6та вечер мислам беше некаде и се договоривме ќе пиеме прво во станот, па ќе идеме некаде, ноќта е наша.
    И пиевме што пиевме.. Немам гајле од пиење толку многу, трпам алкохол, ама ако смешам и... :x
    А таа вечер мислам дека ги пробавме сите можни пијачки.
    Дома се испи едно шише коњак и едно шише вотка и се тоа во вид на шатови, сите на екс.
    И излеговме, веќе мортуси направени сите до еден и во првата кафана што се најде на патот влеговме. И таму.... Беше што беше.
    На излегување, обидувајќи се да се направам фраерка (фраерка мортус пијана), се испружив колку што сум долга и ништо не сетив, ни болка, ни удар. Само знам дека кога се опулев пред мене видов 3 пара патики кои се обидуваа да ја кренат фраерката од земја.
    Од тука, во кафич испивме по 3 шатови текила и ништо не плативме. Појдов во вц во тој кафичот, редици се чекаа, може 10 девојчиња пред мене влегоа. Едвај дочекав, едвај се воздржав тука да не експлодирам, ама затоа кога влегов внатре, само што ја затворив вратата зад мене коа сум рикнала да повраќам, цело вц го поплавив и останав уште пола саат, морав да го исчистам ми беше срам. Се удирав со главата во ѕидовите така наведната, чистам ли чистам.
    И дојде еден другар загрижен кај сум останала толку, а и да ми соопшти дека ќе си одиме зошто останатите внатре се бетер од мене, паѓаат од столови.
    Цел пат му стоев обесена и на уво му ја пеев мислам дека беше забрањени град од цеца...
    Знам само дека сабајлето се разбудив со штиклите и фустанчето на мене, фустанчето имаше неколку дупки од цигари на него и од ташничето ми фалеа пари и кармин. Среќа телефонот беше жив и здрав. Не ми притреба вечерта, не за друго.
     
    На edna_malecka, Nigredo Odor, BojanaLegija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Пијам во умерени количини, и свесна сум за се. Убаво ми е така малку поднапиена, свесна, весела, многу си се смеам, многу сум поопуштена, си играм од повеќе...Значи стварно убаво викаат и доктори да се пие по една чаша вино на ден или малку ракија. Барем за мене си кажувам, дека ме опушта.
    А до толку да се направам мортус пијана колку што се сеќавам никогаш не сум била. Обично ја ги носам дома сите, гледам да влезат безбедно во куќата и после им раскажувам колку било јако :D
    И многу ме нервираат тие камен што се прават и немаат осет за ништо. Посебно девојка кога ќе видам плаче, урла, фрла, се лигави :tmi: Бруки....
     
    На edna_malecka, tinka-mace, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Не пијам многу, ограничена сум а и башка си имам проблеми со срце и не смеам да претерувам ама секако е имало исклучоци.

    Јас порано си пиев чиста вотка и океј си беше, 3 чашки доволно ти се, ем ти среќен ем другите околу тебе среќни (и трезни). (facepalm)
    Ми се случувало и да претерам малку (малку повеќе) во пиење, па не секогаш сум завршувала добро.

    Не знам кој ме натера да почнам да пијам текила, ден денес го проколнувам. :rofl:
    Оваа последната недела од летниот распуст бев секој ден дропче пијана, а тоа беше поради тоа што една другарка требаше да си оди во странство па цела недела се испраќавме. Купила рум едно шише, да го испиеме со кока кола. А јас така неискусна со таков пијалок, прв пат пробав и не знаев што да очекувам. Една чашка ок, втора супер, трета веќе се расположеш, четврта мешаш зборови и петата кома. Баш така ми беше на мене, пиеш пиеш и додека да се свестеш што правиш лом си направен.
    Онака видно расположени веќе, 2 женски и едно шише рум во раце си се прошетавме низ градот, успеавме да си купеме и јадење (среќа не го исповраќав) па среќни отидовме да седнеме во еден кафич а кафичот беше затворен што е трагичното. Ама нели си има маси надвор и со мрежи е заобиколено таму да не се влева, ама ние некако успеавме па си влеговме и си седнавме во кафичот, уште да имаше некој пијачки да ни донесе. На масата имаше кикирики, па ги изедовме без да размислиме малку повеќе и си одиме дома. А една нога напред една назад и не се оди никако, после едночасовно пешачење(а инаку од таму до дома ми требаат 10 мин да стигнам) стигнавме дома. :whew: Океј ќе беше, да не ми беше толку многу лошо што едвај се воздржав да не се исповраќам.

    Утрото си ветив дека нема веќе да пијам рум, никогаш повеќе, ептен убедена бев.
    (n)
    Другарката другата вечер еве ја кај мене на време со шишето рум, да сме го довршиле. Па ајде кога заседнавме ептен несакајки си испивме уште пола шише рум па и не ни беше доволно и такви поднапијани во 10 часот отидовме до еден кафич да седнеме малку, да се освежеме демек. Доаѓа келнерот и си порачуваме уште 4 чаши рум и две кока коли. Пиевме што пиевме, мислам најгласни бевме во кафичот, сите не гледаа, ден денес ми е срам да поминам од таму. :drunk:

    Како и да е, сега и чоколадо од рум да мириснам одма ми се повраќа, а многу си ги сакав овие рум касато. ;(

    На илинден бевме на планина друштво и игравме карти па кој пие губи, ја знаете онаа глупава игра сите. Е лом ме направија, а инаку си имав среќа во карти јас, таа вечер не знам што ми беше. Си испив можеби едно 7-8 чашки бело вино и таква пијана си шетав низ шумата со електрик, а инаку сум многу плашлива личност, не знам од кај таа храброст сум ја имала. Среќа не ме изеде некој волк.
    Утредента на вистина и предизвик пак бев пијана, пак ме средија многу јако. Во рок за 30мин бев испијала повеќе од 5 чаши вино и ептен ми ја замати главата. Уште не бев отрезнета од предходниот ден, жалче.
    Третиот ден да се доврши пијалокот, да не се фрла џабе го допивме и трета вечер по ред јас пак пијана. По цел ден глава ме болеше, цела вечер лошо ми беше. Од тогаш не пијам вино.

    Оваа последната сабота на роденден на една другарка пак се средив со славеничката, пиевме текили без осет, заборавив да бројам. Текила, вотка, узо... Мерак комбинација. :doh:
    Тоа резултираше со едно „заводливо“ денцање на подиумот, пеење на цел глас и губење на другарките. :dance:

    А инаку, веќе не пијам.
    (poolparty)
     
    На edna_malecka, Ники., Bitter-Sweet и 2 други им се допаѓа ова.
  4. ***nekoja***

    ***nekoja*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2015
    Пораки:
    496
    Допаѓања:
    873
    Пол:
    Женски
    хаха моето не заборавно пијанство беше кога за прв пат станав ТЕТА тогаш бев 21 год и сестра ми имаше критична бременост од тука и казаа дека бебушот нешто не е ок....и цел ден плачев не јадев и некаде околу 18:00h ми се јавија ми кажаа дека и бебушот е ок и сестра ми се добри и јас онака од кеф се напив ама не очекував дека толку мн ке се опијам што ке дојдам до болница....сабајле се буда лелее што тражам јас тука кога ,како што хахах и од тогаш до денденес алхохол немам ставено во уста..:D:D:D
     
    На edna_malecka, krofnicka27 и VladeMila им се допаѓа ова.
  5. krofnicka27

    krofnicka27 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    12.613
    Пол:
    Женски
    Бев излезена вечерта во едно диско..До моето сепаре беше едно девојче со кое никако не се поднесувавме (facepalm) И цела вечер јас ја гледам неа, таа ме гледа мене се стреламе со погледи хахах ама мене пиењето ми тргна, испив 4-5 чаши узо и толку ми требаше :lol: Го гледам и девојчево малку пијано и и одам, ја гушкам и велам "абе зошто да се мразиме кога можеме да се сакаме?"..Цела вечер бевме заедно, игравме, пеевме се глупиравме..И сеа многу си се дружиме :rofl::rofl: Пијана работа..
     
    На edna_malecka, Gosh, Lorenn. и 7 други им се допаѓа ова.
  6. HoneyHoney

    HoneyHoney Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Останавме дома сами за прв пат со сестра ми(23) а јас (17)..а таа поголема од мене ..и што да правиме,си викаме ај ќе земеме се што имаме алкохол дома,и ќе пиеме..а јас сум пиела алкохол,ама со граница. И сега почнавме,и јас кога испомешав се,вотка,коњак,една ракија имаше незнам каква...вино..се...ми се вртеше така многу,си легнав на земјата...а инаку сум плашлива многу од темно пример..и тогаш сама во собата,не можам да мрднам... :D утрето сабајле...готово мислев ќе умрам..од лошо полошо..ехх :tmi:
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.945
    Допаѓања:
    134.498
    Пол:
    Женски
    Прва година на факултет, крај на прва колоквиумска недела, јас прв пат пијам алкохол. Игравме карти на соблекување, за некое чудо победував.Следна слика на гости кај дечкото на цимерката. Исто и они седнати екипа, пијат, слават крај на колоквиумска. Наредна слика пиеме кафе, еден од таа екипа се понуди да ми гледа на кафе, која доза на алкохол ја имаше пак тој земено не знам.
    Одтогаш пијам до степен на опуштање, делови од мемориата више никад не ми фалеле.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    2.946
    Пол:
    Машки
    Третa среднo бев и се пoгoди вo сaбoтa дa сме у шкoлo. Стaнувaм у 12 сaaт се спремaм и oдaм у шкoлo глaден. Изедoв еднo чoкoлaдo нaкaј 3 сaaт и се дoгoвoривме кaј еден шкoлски дa пиеме oдмa пoсле шкoлo.
    Пoчнaвме oд кaј 7 сaaт, јaс глaден и ме седнaa дo шишетo винo. Oвaa шкoлскa сaкaлa стaви и и нaздрaви сo неa, пa другa, пa третa и се зaбoрaив нaкaј 10 сaaт у несвест пaднaв.

    Им се јaвувaaт нa мoите дoмa и тaткo ми им рекoл и тaкa ви е блиску рекaтa пуштете гo пo неa ќе се oтрезни :D
    Зaвршив у бoлницa, утредентa глaвaтa ми пукaше и кaкo кaпaк нa се ме oгoвaрaa пред прoфесoрите, милиoнерoт стaнaл пијaницa, декa бев нa квизoт некoј месец пред тoa.
    Oттoгaш сo oсет си пијaм т.е ептен реткo дaли 5 пaти у гoдинaтa ќе излезaм и ќе пијaм 5-6 чaши .
     
    На edna_malecka, honest girl, kjukli и 6 други им се допаѓа ова.
  9. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477
    После здраво пијанство сум добила коментар дека сум била супер, а ноќта незаборавна.
    Ја не памтам, ама верувам на туѓите зборови. :angel:
     
    На edna_malecka, kjukli, Espadrila и 3 други им се допаѓа ова.
  10. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.862
    Допаѓања:
    25.285
    Пол:
    Женски
    Оф лелее .. Абе јас сум ФИНА не пијам повеке од потребното , си имам еден фин лимит и ретко го надминувам , а кога ке го надминам , све паметам утредента (facepalm) да да сите глупости од а до ш . (facepalm)
    1 . Со другарка ми , двете тазе излезени од врска , ке го славевме св.Трифун . Купивме две вина розе и една кока кола , и грицки и благо . Отидовме на местото на настанот , седнавме и додека трепнеш , едното вино заминало . ОК продолжуваме со второто . Да не не фати ( а веке не фатило ) второто со кока кола ке го пиеме , аха да :nod: уште да бевме навикнати така . По една чаша со кока кола и кока колата на страна за трезнење . Веке летви бевме пред 12 саат . И двете во себе имавме по литро вино и се смеевме на се и сешто . А интересно беше кога требаше да си идеме дома . Како беше од фламингоси песната : један лево , десно два .. Е баш такви бевме . И дома право во кревет и литарот од мене се разбуди некаде околу 3 сабајле , и од што неможев да се помрднам се осекавме како багер да поминал над мене :puke: у кревет (facepalm)
    2 . Со истава другарка , мм и дечко и се договоривме за пијанка . Ги пракаме маживе у дукан по пиење , им велиме густи сок , вотка и едно вино розе , а ние одиме да купиме за грицкање нешто . Се вракаме и имаше што да видиме . Три вотки вино розе и бело не чекаа нас . И летна без осет . Особено вотките . Па после Крејзи неможеше од скалите да стане (facepalm)(facepalm) е не ке може нормално , со минимум 2 ипол литра алкохол (facepalm) најтрагично јас и другаркава поединечно испивме повеке од нив двајца заедно . Погодете како си заминавме од школскиот двор ? Чуварот викна едни соселани полицајци , да не избркаат бидејки неможеше да се справи сам (facepalm):tmi: Утредента разбравме дека цајканиве уствари биле дома и облекле униформа само за да не исплашат :D а ние летви па ела исплаши не :drunk::drunk:
    3 . На мојот 17-ти роденден . Почнавме со водка-џус , а кој со што заврши поим немам , само знам дека јас завршив со ликер од чоколадо , а патем го испив и ликерот на школската на која не и се свигаше вкусот . Не повракав , ама следното утро си помислив јас и алкохол НИКАД ВИШЕ !
    4 . Имавме друштво дојдено од странство , а нешто и нашинци секој дневни си бевме . Е сега требаше да си заминуваат странциве , кој Србија , кој Германија , Шведска , Швајцарија итн . Бидејки нема да се видиме до следното лето решивме една недела да се испракаме со пијанки , а од наредната еден по еден си одат . Човече , прв ден , понеделнички се собираше кај другари да гледаме филм , па куп вина пива , цигари летаат штеки , по некој коњак со мраз , вотка ... Летва бев . Другарка ми неможеше да пие од здравствени причини ,па си остана трезна со пивото и ме донесе дома безбедно (facepalm)(facepalm) вторник , со вчерашниот алкохол у вените , се собравме на кафе , а потоа на пиво парти у школското . Овој пат бев трезна :D . Среда-денот договорен ние нашинците да пиеме гага , странциве да частат . Овој пат успева да ги један дека си ја до стигнав границата и продолжуваме со пиво или сок . Четврток - текила парти у диско-кафичот , за загревање , си направиме водка-парти позади школската сала , и дома си бевме мортус :drunk::drunk: за срека имам лошо пијанство и ништо не заборавам lucky me :D петок и сабора нема што да се коментира . Викенд акција :D Веке кога се одлучив да се одморам од пиење , останав бремена . Алкохол не сум пиела од матурата , ама она без осет пиење веке 3 ипол години . I'm proud of myself !:)
     
    На edna_malecka и Marossa им се допаѓа ова.
  11. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    Беше пред околу 3 месеци можеби и помалку,бевме излезени со друштво меѓу кој и мојот најдобар другар со кого ептен сме погодени за пиење.Бевме во кафич и ајде пиевме што пиевме па отидовме во диско. И таму продолживме со коњаците..па ајде текила па ајде уште една и онака здраво се поднапивме. Отидовме во веце и се смеевм пред огледалото дека сме пијани,а потоа се смеевме за скалите затоа што се многу добар изум..одат и надоле и нагоре,сигурно некој паметен ги измислил. Сите не гледаат, јас и тој гушнати се смееме на изумот СКАЛИ и упорно се качуваме и се симнуваме по скалите дека,нели се многу интересни.

    Друго пијанство кое сигурно нема да го заборавам е од пред некој месец.:tmi: Бевме пак излезени и ајде пак пиење..една по една и не фати.Тргнавме да си одиме ме носи таксито до дома, а мене на сред булевар ми текнува на песнта Boulevard of broken drams и сакав да излезам да го сликам булеварот од снепчет, да го пишам насловот од песната и да го пуштам на бившиот, зошто таа ми беше омилена песна. Ама таксито не сакаше да застане затоа што другарките му кажале да ме остави до дома па откако ме остави јас фино лепо со штиклите си излегов и отидов да го сликам булеварот за снепчет!! Среќа живеам блиску до булеварот па не требаше многу да пешачам. Потоа ме видоа едни другари па ме однесоа до дома инаку навистина не знам како ќе се вратев дома со тие штикли плус пијана.:x
     
    На edna_malecka, MevikaatDori, Bitter-Sweet и 4 други им се допаѓа ова.
  12. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.862
    Допаѓања:
    25.285
    Пол:
    Женски
    Lele se izvinuvam za nerazbirliviot post , nemam mk poddrska , pa moram so srpska kirilica da pisuvam , se popraviv , no morav da citiram bidejki mi pominalo vremeto za redaktiranje . Se IZVINUVAM za off topik .
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ицолгудбејбе

    Ицолгудбејбе Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2015
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    1.145
    Пол:
    Женски
    Ke se.obidam da bidam kratka...Leto..Ispiv dve 2L vino (cisto )seto toa prosledeno so hasis (neznam koj gjavol me natera da probam ). Bese so bese..Vo 5sabajle povikav taksi da se priberam..Sum mu rekla na taksistot nosime pred pekara. XXXXXx. ..Otkako me odnel sum cekala pred pekarata (vo taksito 10min)ne sum znaele.oti cekame pred pekarata (odposle se osvestiv i mu rekov nosime doma ) .Bev oblecena vo minic i bluzs ama vo toj moment samo na gradnik sum bila (bluzata mi otisla vo drug pravec ) Suma sumarum: Sum imala sreka so taksistot ne me siluval..Otogas tolku pienje NE..BRUKI..SRAMOTA.

    Sum imala i drugi teski pianstva ama voa bese DNO..

    Madost ludost. :@
     
    Последна измена: 27 март 2016
    На edna_malecka, Gosh, Bitter-Sweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Ах, една убава пролетна вечер беше, викенд, сабота... Јас решена бев дека нема да излегувам тој викенд, ама ајде некако другарките ме разубедија, демек завршивме веќе со школо, крај, матурантрки, ајде да се пие - да се слави. :d:

    Од толку големо друштво, останавме на две, јас и уште една другарка. А таа другарка ми е drink buddy, само со неа ми оде алколохот. Си купивме едно шише црвено вино и седнавме кај неа, јас бев задолжена за музиката и ја пуштив „Розо моја“, таа наполни чашите во меѓувреме и ајдее на пиење.
    Буквално на секој стих од песната наздравувавме, нели многу не погоди, ние и двете така „среќно“ незаљубени, осамени, па удри само со чашите, среќа не ги искршивме од толку чукање.
    Битно знам дека цело шише вино беше празно за околу 20минути, а јас нејадена, па реков ајде едно чоколадо да апнам, нели пред да се оди до диското, да ме држи нешто.. :rofl:

    Стигнуваме ние во диско, малце со размачкана шминка ама битно осмех од 6 до 6, веќе видно поднапијани застануваме на масата, ги пречекуваме и другите другарки и нарачуваме џин-тоник, ја многу љубам џин тоник ама со виното лоша комбинација да ти биле.. втора, трета чаша, не знам колку се створија, битно се сеќавам дека продолживме со наздравување и дигање чаши, овој пат со цело друштво. После почнаа добрите песни, па за малку миничот на стомакот ќе ми се качеше мислам, почнаа да се лепат некои машки, нели кога видат пијана девојка одма зелено светло за нив, ми зборуваат нешто а јас ништо не разбирам, само се смеам и наздравувам и со нив.. Тука имам дупка во сеќавање, не знам како се десило тоа, ама седам во диско на едно како масичка (нешто пониска од оние обичните) и една другарка до мене ме гушка ме гуши дури, ја пробувам да се извлечам оваа упорно, изгледа пијана беше. |( Е не знам како успеав толку јако да се обрнам и јас и другарката назад, буквално нозете во вис, среќа у несреќа немаше народ околу нас, тука таму по некој поминуваше. Нас у тај момент не зафаќа некој момент на смех, па од смеење почнуваме и да плачеме, дали од болка, дали од срам, дали од што бевме пијани, битно се исплачавме добро, се смиривме после некое време и решивме да се вратиме на маса, нели да загрееме атмосферата. Уште од врата започнување со денсање, другарката промашува неколку скали, ме завлечува и мене со неа ама среќа јас се задржав а таа летна надоле, од кога се уверив дека е жива ја дигнав и ја однесов на масата и порачав уште неколку текили, демек веќе не бевме доволно пијани.. На масата наздравуваме пак, не гледаат другарките како акнати, им памтам изразите, којзнае какви сме биле ние. (facepalm)
    После со трчење излегувам надвор, од толку што ми беше лошо и мислам у секој момент ќе се исповраќав, среќа кога ме фати воздухот малку се свестив кај сум и што правам па решив да си одам дома, ама тука доаѓа тешкото, како ќе се вратам пак во диското сама, ќе искршам нози некаде... Тука доаѓа еден другар, пијан беше, бетер од мене, ама битно под мишка двајцата влеговме во диското, си го собрав другарките една по една, едвај, и си викнавме такси. Во таксито се сеќавам дека дремев, а не и дека сум заспала и едвај ме разбудиле дома да си влезам, некако сум стигнала и дома, тука пак имам дупка во сеќавањето, ама откога ме удри еден ладен бран сфатив дека уствари надвор седам пред врата со клучот пред мене, некако отклучив, влегов внатре и легнав дирекно со фустанот во кревет.
    Утредента ми беше толку лошо што ги проколнував сите, и алкохолот, и другарките, и школото, и бившиот, и мачката...
    :drunk:
     
    На edna_malecka, Bitter-Sweet, DiFlove и 3 други им се допаѓа ова.
  15. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум се испијанила.
    Скоро и да не конзумирам алкохол.
     
    На edna_malecka, Priroden, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Tiffany17

    Tiffany17 Нов член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Пред 3 год. со сестра ми прв пат останавме сами дома,И ајде што ќе правиме,извадивме се што имавме дома алкохол,од ракија,па вотка некоја имаше,коњак..И таа само ме провоцира демек не можам да испијам многу,и јас фраерка од се измешав во една чаша голема и на екс. И кога ми стана едно топло,и после 15-20 мин почна да ми се врти,се ми беше смешно.Дури и некој ми беше пишал,и јас само сум отворила пораката..И сабајлето кога станав,не можев да дишам од што ми беше лошо. :puke::puke::puke::puke:
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. macka5

    macka5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2014
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    307
    Во петокот, ја сама дома ии ја викам другаркава на спиење и фала богу ќе земеме да пиеме и земавме бело вино и пиво ии ко демек ајде да се загрееме со пиво ии ја си го испив моето во првите 5 мин другаркава нема абер, ии ми вика допи го неќам ја ајде и тоа го дрмнав ии сеа редот е на виното. Не бев јадена цел ден ии во рок од 20 минути бевме стигнати до 5та чаша бев пијана ама ништо посебно и пред тоа сум била толку и идам јас на гарнитурата си легнувам и ги гушкам перниците пеам абе што не ии ајде некако стигнавме до 7мата чаша од тука ни вода не можев да се напијам од што ми се гадеше. Немаше ни 11 саат вие веќе гипс бевме направени абе ми се врти не можам да стојам. Не ни знам како стигнав до веце едно пола саат се трезнев се миев што уште не. Се враќам во дневна другаркава заспала ќутук и одам во детска ја да легнам демек подобро да ми биде абе уживај таванот мислам ќе ми падне ии ми достуди едно време знам и станав да си земам ќебе како што станав се истурив од повраќање на паркетот. Тука веќе малце подобро ми беше и одам да земам да исчистам ии како што ја цедам крпата ви веце така си повраќам пак одам бришам пак повраќам па после се напив малце вода да се средам ии таа ја повратив ужас еј ии легнав после заспав се. Сабајлето типкава у 9 стана будалата тука веќе бев средена ама ми треба сон фала богу и јас станав нема сама да ја оставам и така беше моето прво пијанство со повраќање. После ова не ми треба второ доста е
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.547
    Допаѓања:
    78.739
    Пол:
    Женски
    Дента требаше дечко ми (сега бивши) да ме тетовира. Ја донесе опремата и купивме пиво, не се сеќавам на количината и откако се начукав почнав да цепам на скопски дијалект и акцент. Абе не можев да се вратам во нормала, зборувам јас како навиена на скопски и просто како да си го заборавив мојот дијалект. Тој ми се изнасмеа ама рече Слатка си кога си пијана. :D
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.192
    Допаѓања:
    106.160
    Пол:
    Женски
    На мојот 22 роденден, излегов со сестра ми и мм(тогаш дечко) во познатиот клуб па се собра друштвото, мартини, в52, вотки, џин тоник... само се носеше, се играше и пееше... Се сеќавам ко низ магла на се, останавме до само затворање Никогаш нема да го заборавам ова пијанство, знам дека ги молев да ме носат на лекар, толку ми беше лошо :drunk: Помагајте, умирам :rofl: Се сеќавам дека им велев
     
    На edna_malecka и Ицолгудбејбе им се допаѓа ова.
  20. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.236
    Пол:
    Женски
    Кога бев на екскурзија оваа година во Мај :$
    Класната ме прати да ги проверам сите деца дали се по соби дека она имаше доверба во мене,и јас влегов во една соба кај што беа собрани повеќе машки и неколку девојчиња ,ги пребројав и ми рекоа да останам со нив во соба и дека ќе си седиме.Се смеевме,зборевме гласно и еден од другиот клас што е малце онака хулиган што би се рекло :rofl: извади 4 лименки пива и едно малце поголемо шише не ми текнува што беше стварно ама знам дека беше алкохол и земаа сите пластични чаши и сипаат у тоа чашите а ја се чудам ко од марс падната :^)
    И ми вика тој ај бе земи и ја сеа викам не,не пијам јас не е убаво и он ми вика Па ако не пробаш од кај ќе знаеш какво е? И ми стави у чашата прво пиво,и го испив (facepalm):rofl: после ми стави уште една мала чашка пиво и тоа го испив :rofl: и го отворија тоа шишето водка беше изгледа и од тоа ми ставаше и испив пола чашка :rofl:
    Добра бев јас,успевав некако да си се контролирам,а другиве испопаѓаа на земја ко крушки па јас и еден другар ги кревавме од земја, ама се осеќав малце зашеметено реално..многу испија другите ептен.
    Овие испозаспаа машки-женски во една соба а ја и другар ми си отидовме по соби..и да заборавив да отидам докај класната дека ме прати да ги бројам:lol:
    3-4 саатот беше и јас одма си легнав кога дојдов у соба.И сабајлето јесте малку глава ме болеше али ми помина :rofl:

    Ова никад не го заборавам:D
    И да.. се носеше и алкохол и цигари.. ама секако цигари не пробав ew.
    Абе деца :D
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.