1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашето незаборавно пијанство

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Zaljubena111, 23 октомври 2010.

  1. Passionate23

    Passionate23 Активен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    Беше Нова Година 2011.Во диско слезена со моите другарки.Со картата имаше многу пијачки и башка частеја.Пред 00;00 се направив лом,во диското само две маси мене ме фати јака еуфорија на песната Hej ljubavi stara -zeljko :D и мавнав две вотки на екс ,после уште една,и шанкот ми се гледаше ко да паѓа
     
    На edna_malecka и Lorenn. им се допаѓа ова.
  2. JustBeautiful

    JustBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    Бев на роденден на една братучедка... Обично пијам ама со граница, додека да се опуштам и расположам, ама тогаш ми тргна, многу мешавме, водка, текила, коњак. После роденденот отидов со друштвото во диско. Не паметам ништо само тие што ми раскажуваа... По тоа што ми го кажуваа, би сакала да не се случило ама ако не друго барем супер сум си поминала :D освен што сум повратила во вцто. :x
     
    На edna_malecka и Priroden им се допаѓа ова.
  3. Lorenn.

    Lorenn. Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2016
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Ах тоа пијанство..:D | Прво пијанство за нова година пред пет години со другарками и дечковците одлучивме да славиме во станот кај што престојуваше дечкои(тако звани студент^_^)Почнавме со вотка, пиеме една па две па три, таа продолжува со бело вино а јас со вотката.За во рок од 4часа испив цело шише водка(без неколку чашки,шо ги испи другарка ми), а таа ко се залепи за шољата цела вечер ја гушкаше:lol:. Утредента да си одиме со автобус(бидеќи не сме од скопје)се качивме и тргнавме, а ми коа ме удри едно лошо попат мислам цревата низ нос ми испаднаа.Застана втобусит да прави пауза и одам до ВЦ(таму од под до плафон се беше испосрано:!: коа си рикнав да повраќам ко фонтана без прекин:puke:,само го слушам дечкоми ми ја држи косата и ме прашува дали сум добро:drunk:)Од коа фтасав дома четири дена залак во уста неставив, само чувствував како ми гори желудникот :devil:. || Второ пијанство за стара нова година пред четири години, сите собрани и ќе пиеме вино.Ај уште една па уште една...незнам колку испив само знам дека наеднаш се најдов во ВЦ то со дечкоми како повраќам (повторно ми ја држи косата и прашува дали сум добро),а јас на сите маки го терам да се "рокаме" у веце и тоа мортус пијана.Среќа ме одбил и ме однесе додома, се сеќавам како се исповраќав во кревет и продолжив да спијам|-). Утредента ме разбуди мајка ми со шамар(за доброутро:yawn:), и тоа не затоа што сум била мортус пијана и исповраќана во кревет, туку дека спиејки и повраќајки сум можела да се задавам:D Уште ми зујат ушите :lol: ||| И третото пијанство беше оред две години за новагодина, и јас пак со виното(вечен непријател:^))си се здружив.Имаше пршута на маса и цела вечер де пршута де вино(1:5).При крај излеговме надвор коа ме пресече од ладното, од кафаната до дома едвај издржав.Само се сеќавам ја отварам вратата од колата на (дечко ми) и ѓурнав:puke: Утредента кога станав осетив болка во колената и шо да видам (излупени ко компир|(), му ѕвонам веднап на дечко ми за да го прашам што ми се случило а тој се смее :D и ми вика да знаеш само како падна мислејки дека имаш дупка пред влезна врата (ни дупка ни дупкиште:drunk:).Коа ќе ми текне уште се смеам:lol: Аа и од тогаш наваму со вино(без разлика какво е) и пршута сум скарана апсолутно на секаков начин.(wtf)
     
    На Vitaly и tirkenbal им се допаѓа ова.
  4. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.643
    Допаѓања:
    6.469
    Имаше многу, ама ова го памтам најмногу, а и се си мислам дека беше последно. Бев трета средно, бев нешто изнервирана и тажна заради тогашниот дечко, другарка ми само што раскина со нејзиниот - и единствено логично решение ни беше да се направиме лом. :D
    Тогаш бев љубител на жестоко (затоа сега не можам ни да помирисам) и седнавме во еден кафич, испивме по еден рум и после им текна да ни побараат лични и си станавме. Мене уште од тоа ме фати, ама продолживме во друг кафич и јас наеднаш си нарачав два коњаци, за да не ја мачам келнерката на 5 минути нели. :D Другаркава Пелинковац пиеше ми се чини, и ден денес ми се гади од тој вкус... После тоа нарачавме уште една тура по две пијачки, во меѓувреме другаркава почна да се дере како го сака дечко и, ја преврте масата случајно а јас бев само загрижена што ми го изгубила упаљачот од дечко ми, дека тој е посебен и го чувам од првиот пат кога сме се смувале. Келнерката дојде и не замоли да се стишиме, и да и платиме, си мислела дека ќе станеме кутрата :D ама се прибрав јас, ја искарав другарка ми колку што бев во состојба, плативме и си станавме. И ајде.. каде сега, почнавме да пееме и да трчаме на сред улица, сретнавме некои познанички, ги изнагушкавме пустите и овие ај со нас, чај ќе пиеме, ЧАЈ... Јас им велам идам јас со вас, ама уште ќе пијам и тука се разубедувавме пет саати. Седнуваме во кафичот, најдов пиво недопиено на маса, го испив на екс, па уште и друго си нарачав дур се убедував со келнерот дека имам 17. Пивото не го дочекав, зошто истрчав од кафичот и повратив на сред улица, буквално ко од фонтана. После пак влегов внатре, демек се е во ред и на рандом луѓе им ги кажував љубовните проблеми. Пак отидов до вц да повраќам додека некои добри луѓе ми помагаа. Накрај излегов на уличката, се смирив таман и си "прилегнав" на тротоар да се одморам, ми се спиеше страшно.. но другаркава сум ја уплашила, мислела дека ќе умрам и почна да скока врз мене, т.е врз стомакот мој и тука пак следеше повраќање.. Добриве луѓе ми купија вода со лимон да ме отрезнат, а јас го барав дечко ми да дојде, го станав од роденден и ме прашуваше зошто сум го направила тоа, а јас очи не можев да отворам, не па да смислам добар одговор. Другарка ми му се фалеше дека добила 2ка математика, а кога ме праша која ми е адресата да ми викне такси, јас му ја кажав имејл адресата и дека ќе си одам сама пешки, или евентуално со автобус.. не сум сакала таксиња. Му кажував дека многу го сакам, а другарка ми го убедуваше да ме баци во уста и го молеше да не ме остава после ова хахаха. Следниот ден имав ужасен мамурлук, и ептен лошо се осеќав што му направив таков циркуз на дечко ми, и фала богу од тогаш немам вкусено ни рум, ни коњак, едино пивото ми остана драго, тоа имаше најмал удел во кривицата. :D
     
    На edna_malecka, H.VAGA, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.430
    Допаѓања:
    165.345
    Пол:
    Женски
    Јас не пијам, многу ретко некогаш. А се имам опијането само еднаш, не беше нешто вау-бау ама зошто едно ќе го памтам. :lol:
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lovely97

    lovely97 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2016
    Пораки:
    710
    Допаѓања:
    9.088
    Пол:
    Женски
    Кога сега ќе ми текне сама се смеам. Си купивме вино, сок и уште нешто за грицкање и каде ќе одиме, ајде ќе одиме на игралиште да пиеме. Бев јас со 2 другарки и уште 2 машки. И си пиеме ние онака и ни текна да одиме по кифли од пекарна во ниедно време. И ајде јас типка ме фатило виното па и цигара барам и одеднаш неможам да одам, па братучед ми ме земе на раце па одеме по кифли и одеднаш ме пушта да одам и јас паѓам на сред улица они сите се смејат а јас сум се растргнала на улицата. Ајде стигнавме по кифли земав една ама што кога нема место каде да ја ставам и ајде правец дома. Кога стигнав дома си идам до креветот и го гледам како ми шета низ соба хахаххахаха.

    Си седиме со едни пријателчиња и ајде ќе пиеме. Земавме пиво и седнавме во една градинка. И одеднаш нешто свете оно полиција да ти било, и така ние у трчање да бегаме и еден другар паѓа му пивото и вика чекај да го земам, се наведнува он го зима и оп полицаецот пред него свете и он добро вечер и шпринт да го нема.
     
    На edna_malecka и Crna Dama им се допаѓа ова.
  7. EminemsGirl

    EminemsGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2016
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    2011 кога го запознав моето Мангупче... толку бев пијана што не знаев ниту како се викам но ангел чувар ме гушнал ме покријал и до мене заспал <3
    кога ме засака пијана ке ме сака секогаш ,иако сега не сме заедно...
     
    На edna_malecka и ***nekoja*** им се допаѓа ова.
  8. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Машки
    Пијам у град веќе неколку саати... беше одамна... бев пуштен на викенд од војска...
    Нешто ми вика ајде, земи кола и назад у касарна со колата.Ја "крадам" седнува пријател со мене и у касарна, по пат лименки пиво до касарната.Стигаме накај 22 часот, влагаме со пријателов, пиеме со останатите војници, ни доаѓа да идеме на певалка некаде, у униформа со колата и пат Струмица... лименки пиво по пат... Стигаме и почнуваме со јадење мезиња, певалка на маса, женско друштво ни се придружува...
    Се пие до 5 сабајле... Седнуваме у кола и назад касарна... по пат до касарна лименки пиво... Ги оставам војничките другари и со пријателов возимке назад... 10 сабајле во едно село ни снемува гориво... пеш низ селото по гориво... лименки пиво додека пешачиме... Јадење и гориво во една куќа... Седнуваме у кола и се враќаме назад у град... го оставам пријателов дома... враќам колата, се облакам и седнувам у автобус назад у касарна. :)
     
    На edna_malecka и Winter Lady им се допаѓа ова.
  9. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.643
    Допаѓања:
    6.469
    Aaa, ми текна на уште едно. :D Распустот втора за трета средно, имав една огромна платонска љубов од Србија, дечкото беше две години поголем од мене и беше другар на девојката на брат ми. Контактиравме пред тоа некој период на фб, и јас отидов во Србија ама нешто не можевме да се видиме ли тогаш, ич не памтам. Брат ми и девојка му заминаа негде, и јас останав со сестрата на девојката што ја гледав дали трет пат во живот. Нема врска, девојчево се фино со мене, ме однесе во некоја кафана ли, бар ли, со другарки нејзини, и јас пустата во тешки депресии, нарачав прво едно пиво и го мавнав на екс. Пошто ич немав толеранција за алкохол, одма ме фати, ама си нарачав уште едно. И тоа на екс... и замислувате тука што се случи. Наеднаш ми се слоши, ми се крена цело пиво и ми стигна до грклан, имав време само да изустам дека ми е лошо, истрчав и повратив внатре на сред, меѓу куп луѓе. :doh:
    Излегувам јас од кафанава, иде девојчево по мене, мене веќе супер, исповратив се, и ми вика каде одиш, се смири ли, ако не ти е веќе лошо да се вратиме внатре. Јас и се вртам, и викам не, јас сега ќе одам да го барам дотичниот. Ама како ќе го бараш, па не знаеш ни каде е, и јас и промумлав нешто во стилот, е што бе каде е, големиот град две улици, кај може да биде, ќе пројдам се и ќе го најдам. Леле брукиии. (facepalm) :$
    Се влечкав по улици, дојдовме до една река, и и' зборев како многу сакам мостови и дека сакам да си се потпрам на тој мост, после и зборев како ништо не ми оди во животот, дека не ми е битно дали ќе умрам или ќе живеам и дека сакам да се убијам. Јас жими се не знам како не зема да ме убие таа уште кога излеговме од кафана, а не па цел пат да ме слуша. :D
    После, го викна брат ми да ме земе, брат ми кога дојде нервозен, ми се дере, урла, јас не знам кај се наоѓам, и му искоментирав, не знам јас ти кој си, ама многу си лош. :D
    Тоа беше во глобала... ама и до ден денес ме бие срам кога ќе се сетам на таа случка.
     
    На edna_malecka и krofnicka27 им се допаѓа ова.
  10. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    Кај дечко ми дома, испив литар вино и покрај тоа што сум алергична на грозје. Ама, си викам ај еднаш се живее. А, инаку сега сум алергична на етанол (главна состојка во алкохолот). Така да, дефинитивно нема да го заборавам. Сабајлето беше хаос. Прв мамурлак у живот... Ја и така ретко пиев.. Нејсе го поминав со легенот до кревет, уште па и кај него...Срамотилаци...
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.732
    Допаѓања:
    172.761
    Пол:
    Женски
    Како ли може да биде незаборавно, кога едвај човек се сеќава што правел вечерта(facepalm)
    Многу одамна беше, почнавме кај другарка со вино..
    Продолживме кај другар на роденден во едно скопско село џенем..се сеќавам дека измешав вино, сок од боровница и после узо..(facepalm)
    Од таму се довлечкавме до Центар..
    И тука веќе не ми текнува многу:D
    Памтам дека продолжив со пиење, веќе кој знае што немав измешано..
    Јас кога сум пијана само нека ме гушне човек и може да ме носи кај сака, толку ми треба:D
    Исто памтам дека излеговме надвор со другар на цигара, јас едвај стоев.. и следно што на кое ми текнува е дека пак ме гушна и ме однесе кај другар што седеше под кирија во ск..
    Сабајлето се разбудив на тросед:rofl: жива бев..
    Другарот (постар) тогаш ми даде еден паметен совет.. Кога излегуваш со полунепознато друштво, никогаш немој да пиеш како синоќа.. Јас сум ти другар, другите не.


    Како ги памтите пијанствата не знам..
     
    На edna_malecka, Bozica1980, Nigredo Odor и 3 други им се допаѓа ова.
  12. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.337
    Пол:
    Женски
    Годинава во Лешок за празникот Богородица :D
    Значи никогаш не ми се случило да се испијанам од ПИВО ..
    Епа вака : Обично можам многу да испијам и ништо да не ми е , ама овој пат изгледа до диетата ќе да беше :D требаше да спиеме во шатор во Лешок и сега цел ден со спремање натаму наваму , и се што успеав да внесам тој ден беше 4 кафиња и мусли со јогурт во 9 наутро . И околу 10 часот вечерта одиме таму , шаторот спремен не чека , друштво на лице место .. Ми вика мм што сакаш за јадење , викам ако има нешто со стек др не ми купувај . За беља со се имаше само со стек не :| и вика дај др ќе ти земам јас не или стек или ништо :) а за пиење ? ПИВО ! До душе , ме предупреди човекот дека немам јадено и постои можност да се испијанам , ама кој го слуша :drunk: запнав пиво и ај ми исполни желба :D пиво и тоа најголемо што нашол , го испив целото во рок од 1 час ( можеби и помалку ) . И сега слегуваме по колата ( се расчисти околу 1 часот и веќе пуштаа нагоре со кола ) , ај шо ме фати , ама си имав мака со патиките , многу се лизгаа на камења |( бидејќи има мала удолнина , имаше камчиња на патот и оп .. Крејзи клекна на колена :o Брукоо брукосана :@ пола народ ме виде и ми се изнасмеа , а дупката на коленото стана небитна :| да да , носев фаемерки искинати на колената кои се доискинаа , а во коленото имав дупка и еден поголем камен :| ај шо ми се смееше пола народ , па и јас се изнасмеав ко недозреана :D среќа имавме прва помош па немораше да одам во болница :D лузната сеуште ја имам , а заздравувањето траше речиси 2 месеци :D
    Патешествието на Крејзи заврши со многу крв и по некое камче во ногата :drunk:
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. irenadaniel

    irenadaniel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    887
    Допаѓања:
    1.329
    Пол:
    Женски
    Интересна тема,имав 15год и со тогашниот дечко испивме премногу ,незнам што се случи но не застана полиција знам само дека ме прашаа како се викам јас му реков незнам8-|колку години имаш?незнам ,ништо не знаев :D:emo:
     
    На edna_malecka, Harper и Dust им се допаѓа ова.
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Втора вечер на Нова Година.За три саати испив литро алкохол пиев се и сешто..2 дена се освестував..никад више
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Поρано не ми било едно ама незабоρавно пијанство беше κога за Нова година два дена по ρед пиевме κаκо стоκи бевме оκолу 30 дρугаρи/κи пиење до κома со добρо дρуштво нема κρај тρгнав наκај дома κаκо сум стигнал незнам κога се ρазбудив легнат бев во ходниκот утρедента κога ме нашле моите дома паниκа дигнаа мислеле нешто ми се случило ме дигаа κаκо тρуп сρам уште ми до ден денес а κога κе седнам да пијам со неκој ми теκнува на тој ден κога бев тρуп пијан и несаκам да пρетеρам со пиење :clap: :rofl::rofl: соκ си е соκ 8):D
     
    На edna_malecka и CrazyGirl15 им се допаѓа ова.
  16. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Летово како ни тргна, се најдовме едно друштво пијаници кој од кој.
    Секој 2 ден пиевме по нешто, вино бело ми се има згадено цел живот од тогаш, ама социјалка што да правиш.Само некои глупости правевме, се чудам кај ни текнувале, имавме едни летниковци тука во маало таму беше главно место на злосторот, се бесевме на тие стубовите што ги држат мислевме шипки се:rofl:па другарка тргна да моча падна во дупка арно не искрши нешто, еднаш кај другар дома бевме а тој има базен дома па кога му се бапнав сосе алишта, пијана работа што ќе правиш, се имавме накрцано 8 души во една кола за во манастир да идеме а тоа патот ни осветлен ни ништо па длабоки муабети за господ и филозофии за животот (како ќе ти се погоди пијанството е битен фактор).
    Еден ден тргнавме со другарка на кафе кај друга другарка па кога извади една вишњовача, цела флаша отиде и вечерта не прекинуваме идеме со вино и тоа кај една црква, па испивме и тоа тргна другар еден да земе вино оставено кај црквава почнав да се карам со него му викав дека господ ќе го казни :rofl:
    Последно баш пијанство ми беше одкога ми заврши испитна, а не пиев многу 1 чаша вино и 3 коктели ама кој ти знае што ми стана и раце и нозе ми се фатија, се исповратив некако со 300 маки, и едвај си дојдов дома.
    Одтогаш не ми иде ич пиењето, 3 пијачки и не можам веќе, таман сум фатена и не ни ми се пие веќе, подобро вака ем економично ем седам мирна не правам глупости.:D
     
    На edna_malecka и CrazyGirl15 им се допаѓа ова.
  17. Ciel

    Ciel Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2019
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    2.129
    Пол:
    Женски
    532E61CD-A09C-444C-BEEC-17ADB219F9DD.jpeg
     
    На edna_malecka, CrazyGirl15, Harper и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Bonbonçe31

    Bonbonçe31 Активен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2018
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Има многу пијанства со оглед дека работам во кафана 5 години.
    Првото најтазе 2018 год 5 месец се сеќавам со датум бидејки заврши со полиција и извештај медицински. Се истепавме со тогашниот дечко, само тој неможеше да ме пријави, срам му беше како ке пријави девојка ми ме истепа..
    Друго пијанство се секавам испив две пива и два штока мешани за подобар ефект на пијанството. Исто завршив на болница да ме шијат кршев стакла со боксови.
    И на ова пијанство не се секавам ми кажувале колешките на работа, сум ги задржала до 6 ипол сабајле на работа, а почнав да пијам уште пред да почниме со работа. Се направив дрво. Ккако ме носеле дома на 5 спрат без лифт си знаат само газдата и газдарицата со оглед дека имав 87 кг и многу сум тешка. Додека сум била на работа сум зборувала албански сите ми биле брака и сестри. Не сум се качила на маса фала богу. Ама сум си поминала топ по кажвење на колешките..аа да и плус сум исповратила во кола кај газдата додека ме носеле дома.
    Кога станав имав слика пред и потоа и ден денес ги чувам..да не ми текне да пијам толку.
     
    На edna_malecka, buba4e89 и CrazyGirl15 им се допаѓа ова.
  19. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Многу пати се десило да ме фати, да повраќам и да ми е гадно.
    Ама пред 2 години на Нова Година (значи дочек на 2017) се направив ЛЕШ.
    Тоа тогаш и никогаш веќе.Испив скоро литро водка сама, пиев и вино и виски малку.Како што не бев јадена и не ми држеше се стиквив..
    Моите дома ме носеа.И тоа не беше на 31ви вечерта туку на први бидејќи две вечери славевме.Трагикомедија сум.
    После тоа фала богу се начукував и се трезнев одма ама никогаш нема да си дозволам пак да сум во таква состојба.
    Се убив од повраќање, а што друго правев не сакам да кажувам срамота е.

    * и да имам повраќано повеќе пати пред многу луѓе
    *на кревет, на под, на улица, во лавабо..
    *се имам и онесвестено на сред журка и до WC непознати ме влечеа, прст пред око не гледав додека не го исповратив цел алкохол бидејќи не бев јадена цел ден
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.337
    Пол:
    Женски
    Какви пијанства прочитав поназад , среќна сум што си ги паметам своите , и што не сум правела киксови :D .
    Тврда ви душа на вас со тешки пијанства .

    Он : Ми текна на уште едно мое пијанство . Овој пат сеуште немажена , во тој период тазе раскинато имав со дечкото ( сегашен сопруг ) , и " разочарана " се фрлив на пиење со најдобрата ми другарка , и друштвото од странство . Се собиравме во школскиот двор , оттука правац во нашиот селски кафиќ , каде стегнувавме по 2 пијачки минимум . Потоа , се упатувавме во дуќаните и си купувавме алкохол за до 4 наутро да имаме . По 7 литра пиво , 3 литра вино , сокови , водка , грицки и благо . Половина дуќан го купувавме . И така пиеме , пиеме .. Ми текнува едно време , фрлам кожна јакна на циментото , легнувам врз неа и ставам слушалки во уши . Го рокам Еминем , а овие околу мене замуабетени , не приметија дека сум легнала ( патем паметам дека плачев кога ја слушав песната од Еминем , не знам зошто ) и едно време се вртам и ги гледам сите како " блејат " во мене . Вадам слушалки и ги прашувам :
    " - Што ? "
    Другарка ми : - " Што , те снема одеднаш "
    Јас : - " Па сите бевте меѓусебно замуабетени , па се осетив ко вишок едноставно , затоа и си легнав така со слушалки во уши " .
    Секако , по ова продолживме со пиење , и веќе околу 3 требаше да си одиме дома , значи такви осмици во живот немам правено . Патот до дома ми изгледаше дупло подолг од што навистина е . Не правев некои глупости , смеење имаше секако , но другарка ми ме носеше до врата од страв да не се лупнам некаде .
    Другиот ден не пиев од страв да не се отрујам од толку алкохол . Пиевме 7 ноќи по ред . Осмиот ни беше ден за трезнење .
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.