1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашето незаборавно пијанство

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Zaljubena111, 23 октомври 2010.

  1. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Многу сум ги имала. Веројатно во минатото имам пишано некоја случка овде, но еве повторно..

    Имам другар со кој..Не знам како да објаснам, но секојпат кога сме заедно пијани/истонирани се губиме. Ама буквално! Не мисловно, туку вистински.
    Мислев дека врвот на нашата губечка авантура на пијано сме ја достигнале кога во викендица во Плачковица покрај заклучена врата успеавме да се изгубиме во шума ама не..
    Да не должам еве најтазе дешавка.

    Пред неколку дена решивме друштво да прославиме вселување на другар во стан.
    Како што е редот се собравме, купивме алкохол и журката почна. Како одминуваше времето, луѓе влегуваа и излегуваа од станот, и сите кој дојде носеше различни видови на алкохол. Мартини, текила, вино, разно - разни коктели..Јас паметна и стрвна налевав од се по малку, чашка по чашка, се до еден момент кога не се затекнав себе сѝ како се чувстувувам лесно како пердув.

    Журката сеуште беше во тек, и не знам колку дојде саат, ваљда нешто после 12 беше, и ете ти го другаров истониран до даска ми се запна да сме оделе да купиме чунга лунга мастики. Јас како и по обичај (сценариово скоро секогаш се повторува) петнаесет минути му објаснував како скоро ништо не работи, и дека е мала веројатноста да најдеме било што, ама изгледа како и по обичај не се разбравме..
    А сфатив дека не сме се разбрале во моментот кога (не знам како) се најдовме надвор на минус во потрага по мастиките. Јас по туѓ жолт капут - два броја поголем од мојот, а он со мојот.
    Идеме ние така, во потрага по...мастики. :|
    Повторувам, во ниедно време, а населбата не ја познававме добро, бар не тој крај каде залутавме. Другари ни вртеле, не барале.. Идеме ние така, оно секаде затворено, ама срца јуначки не се откажуваат. Ќе најдеме дракстор кој работи 24 часа и готово. :muscle:

    Одевме, се до моментот додека одеднаш не погледнав околу себе и сите згради ми станаа идентични, непознати, се почувствував како во лавиринт. Се обидував да отворам google maps, но од некоја пијана причина безуспешно. Погледнувам во мобилниот гледам 45 пропуштени повици и никако не сфаќам дека треба да го кренам ебениот телефон.
    Се сеќавам дека во еден момент застанав, и му реков на истонираниов другар дека веројатно сме изгубени...
    Леле кога почна да плаче, абе да липти. Направи 300 филма дека нема никогаш да го најдеме патот за назад. У факен Скопје, градска населба, двајцата стоки белосветски со по 24 години, одближени само неколку станици од нашите населби и при здрави телефонски батерии. :drunk:
    И небитно, не знам како се деси, меѓувреме да помине еден човек и другаров да утрипа дека сме некаде во странство, па онака со нејасен тон и лоша граматика му се обраќа ,,Ексќуз ми ср, кен ју тел ас вер уи ар?" :drunk:
    А овој дедо од 80 и кусур години, веројатно бездомник судејќи по искинатата облека не мисли странци и не гледа бледо у знак ,,не разбирам".

    Во меѓувреме чув дека ѕвони телефонот и си помислив бре мајката, имало мрежа и тука..Кревам слушалка и ја слушам другарка ми се дере ,,Каде сте вие мори, каде сте?!''
    Погледнувам во мобилен и сфаќам дека поминале три ипол саати..
    Тука малку се освестувам, го читам името на улицата, и следно на што се сеќавам беше звук од полициски автомобил (чичко на другаркава) кој бил на смена тој период а другаркава му се јавила малку да не исплаши и да дојде да не собере. Со другаров како покиснати мисири седнати на задно седиште немо буљаме низ прозор у стил ,,ништо не се десило".
    Другиот ден дознав дека жутиот капут кој го носев уствари бил на некоја роднина од Австралија на другаров кој ја организираше журката. Абе луѓе, брука жива еј.

    Другариве не утепаа од дупење и ни рекоа дека следен пат кога пиеме цело време ќе не држат на око.
     
    На elvittta, edna_malecka, Leviosa2503 и 19 други им се допаѓа ова.
  2. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.593
    Допаѓања:
    18.764
    Пол:
    Машки
    Беше зима, средношколски денови, викенд.

    То време во друштвото, бевме големо друштво од околу 15тина луѓе, викендот баш се погодивме четворица (три машки и едно девојче) што крепат најмногу да излезиме, а другите зафатени. :D

    Земаме 4кг вино, седнавме во парк и ај да пијаме... ама некако досадно ни е со гмечење и лигушење на чаша, почнавме да пиеме на екс, се додека еден не прекине (девојчето не играше само пиеше) и тој што ќе прекини купува следно што сака по негов избор. Земавме 2 кг пиво и тоа го испијавме, па потоа заминавме кај некои познаници во парк, ама нив некако слабо им идеше ракијата (оттогаш се немам напиено ракија). Им рековме што да ви купиме за да ни ја дадете ракијата некако слабо ви оди бла бла, бош муабети.

    Тие мислеа дека ќе пиеме само по едно чаше, па ни рекоа да земиме само сок да ублажниме малку, арно ама им испијавме пола кило ракија.

    Потоа рековме ај да седнеме на пица и потоа да се земи уште нешто за пиење, јадевме што јадевме, станавме и ај на фонтана да пиеме вода. Тогаш додека чекав на фонтана на ред, се запулив во ѕвездите и се потсетив на една песна од Боуви, Starman и почнав да паѓам на грб на плочник, арно ама ме спаси/паднав во рацете на еден постар човек. :D



    Друго нешто онака што ми е како блиц меморија, на Бело дугме (меѓу омилените ми се од балканскава просторија) решив да пијам коњак (омилен пијалок ми е) и да мешам со пиво. Ми се чини издрогиран бев. :D
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Ќе повикам пријател да раскаже ... Толку памтам, само со кого искочив.
     
    На edna_malecka, Emilija97mk, BoaVista и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Никогаш се немам испијането пошо не пијам алкохол ама сепак ме заинтересира и дојдов да ве исчитам. :tmi:
    Само ме интересира како памтите се ако сте многу пијани? :D
     
    На edna_malecka, Animali, Alisa22 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.687
    Допаѓања:
    5.641
    Пол:
    Женски

    Одпосле те маваат филмови у глава како блицови светкаат ( како у бандини сериата , тананааа ) :rofl: За да не се памте треба да си ептеен заминат
     
    На edna_malecka, Leviosa2503, MevikaatDori и 3 други им се допаѓа ова.
  6. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Еднаш ми се има десено да не знам буквално ништо за вечерта која бев излезена, ниту знам како имам стасано дома, сеуште ми е мистерија. Одсабајлето кога се разбудив до локвата повраќаници на тепихот, стоеше крпче и Субрина. Со Субрина да земеш да чистиш еј :D
     
    На edna_malecka, Leviosa2503, Oxymoron и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    9.096
    Пол:
    Женски
    Имам многу ама ќе издвојам само едно најфатално што после тоа ми беше страв и една голтка алкохол да ставам во уста (привремено беше тоа) :lol:
    Бевме собрани друштво за Василица (пред 2 години ова) и имавме изнакупено, а и некој донесено се од алкохол кој што нашол. Седнавме почнавме со црвено вино, потоа пиво, па ракија, водка и на крај се докрајчив со текила ја имаше донесено еден другар и од толку што бев изгубена последно памтам дека неможев да најдам чаша да си ставам бидејќи сите ѓи искршивме и ја дигнав цела флаша си истурав во уста, ми ја зема една другарка и после тоа ништо не памтам, после кога ми кажуваа ми се лошеше од сама себе, сум повраќала, сум паднала на земја и незнам како ме легнале на кревет кога станав бев најизгубениот случај што постој, блузата цела повраќаници. Кога влегов во просторијата кај што седевме имаше што да видам сите комирани само 2ца полусвесни останати, таму како војна да имало срчи на сите страни, пикавци по земја, буквално катастрофа (и катастрофа е благ збор за тоа). После таа ноќ мислам дека 3 дена се трезнев :$:$:$:$:$
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    1.104
    Пол:
    Женски
    Пред две години, во Бугарија на одмор, јас со моите другарки излеговме во еден бар блиску до куќата. Од вечерта памтам дека имаше 1+1 коктел и земавме 10 коктели меѓу себе да ги пиеме. Толку. Се будам сабајле болки на лева страна. Ок. Се вртам на десна -бетер. Главава тарабука. Си мислам што се десило а се гледам уредно облечена во пижамчиња :wasntme: Кога станаа другарките тогаш ми кажаа дека сум паднала у диско, сум повлекла и коњопој, сум се карала со некои странци зошо не сум можела името на земјата да им го изговорам (која ли била таа земја:^) ). Првпат да ми се случи до толку да имам црна дупка и да не се сеќавам на паѓање!

    Друга пијана дешавка е што после девојачка не раздени на идење дома, а мене ми стига порака на моб од невестава ''доаѓајте ние сме сите тука има место'' ' ме фати блага паника дека мора уште да пијам а бев препијана, ама дека старосватица морав да ја испоштувам невестава. Среќа поракава била прстена 5саати претходно кога сме менувале дискотеки па така среќна дека нема пиење си отидов дома. Околу 6и нешо ме буди ѕвонење на тел. а ја се глеам заспана на шоља со рака потпрена на лавабо. Среќа сама бев дома :clap:
     
    На edna_malecka и Oxymoron им се допаѓа ова.
  9. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.393
    Допаѓања:
    59.944
    Пол:
    Женски
    Си ги имам и јас неколку :tmi:

    Последно беше пред некое време, бев излезена лабаво на кафе, кога ми звони една другарка и ми вика спремам журка, доаѓај ајде. Јас како многу тешка за убедување, пут под ноге и отидов. Татко и и пратил некој домашен алкохол, оној можеше умрен од гроб да го воскресне, не па да те начука :!:
    Една чаша, уште една чаша, се сетив дека се направив говедо.

    Знам имаше и други луѓе што не ги знам таму, со еден за гуша се фативме за нешто од наука, не памтам што. Drunken Катерина е експерт и во филозофија и во физика и во метафизика. Наводно сме биле прегласни, да се покаже кој има поголем нели. Памтам дека дојде другарката да ме собере, прибери се ми вика, сите во вас гледаат.

    Тргнавме после во кафиќ, по пат сум застанала со дрво да се расправам, да да, actual tree, сум му се дерела на дрвото што ме гледаш чудно.

    Дома како си имам стасано не знам, ама кога сум стигнала сум заспала на кваката од вратата. На кваката еј! Се будам после некој саат, целата прашалници, си легнав памтам и следниот ден се разбудив со ужасна главоболка. До ден денеска мистерија ми е како е можно на квака од врата да заспијам, ама ете 8-|
     
    На edna_malecka, Oxymoron, senjorita-v и 5 други им се допаѓа ова.
  10. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.144
    Допаѓања:
    50.520
    Пол:
    Женски
    Никогаш досега не сум била пијана. Јас од скоро почнав да пијам и највеќе 2 чаши можам да испијам, а не пак да се опијам. :D
     
    На edna_malecka и IM.TMKQ им се допаѓа ова.
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    :rofl:
    Кате ме изнасмеа...:rofl:

    Пред 4 години со другарка бевме апсолвенти и да прославиме божем ајде ќе пиеме. Си купивме 1л вино и една кока кола и седнавме некаде. Чаша две три стигнавме до пола вино и почна драмата.
    Јас тогаш се гледав со еден дечко ама тој беше на пат тогаш, и дошол другарче на другаркава, и јас почнав да се дерам кај си љубави,јако сексаш и си ставав од виното сама си го испив од пола до крај а не бев јадена и можам да замислам како се осеќал типот (facepalm)
    Следно што знам само дека и двајцата ме носеле дома,другарка ми ме качи до врата а ја со цел памет чај си варев оти ме болело стомакот. Чај човече чај.
    :drunk:
    Се разбира се истурив од повраќање.

    Другиот ден ми кажуваше другарка ми дека сум го извикувала името на дечкото, сум се дерела, сум откачила на една песна, и кога дошол другар и сум му викала дека е јак, добро сексаш и дека е убав, сум сакала да го гушнам ми личел на дечко ми.
    (facepalm)

    После тоа едно време не пиев вино, сега водам граница.
     
    На edna_malecka, Oxymoron, KateKane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.339
    Пол:
    Женски
    Ич не поштуем женско пијано. Ама ич ич ич. Тоа не значи дека се немам избламирано(facepalm) кај мене заебаното е што многу сакам да пијам а да не ме фаќа :D ај еве ќе одвојам неколку 'дешавки' од кои радо ми иде да легнам да си умрам.
    Имено, имав една другарка која сакаше сите да ги лапа коа ќе испие 2 пијачки. 3тата и беше врвот. :| излезени така ја едвај полнолетна таа 25. Јас 5_6 текили и пиво за свежнување таа вотка. Не знам што ни текна да станеме од шанк и да одиме на едно место каде е поотмено и луѓе седат јадат. Таму свртевме на друг алкохол. Оваа почна да лапа некои нердчиња кои женска уста не осетиле никад а јас у некој денсерски фазон латина играм ко да нема утре дур луѓево си мезат така лабаво седнати уз тивка музика (facepalm) нареден ден другарката ишиша шишки а јас не стапнав веќе во тој локал.
    Решив пијам со мерка. Но пак се случи. Само малку поинаку.. Од тогаш решив откако ќе се начукам мукла ќе сум па за НГ како бев стуб направена седев ко намќор и чекав да ми пројде. 3 саати чекав.
    Ок добро е значи можам да се контролирам.
    Но тоа не е се!!!! На 20 и некоја јас и мојот дечко од срансво излезени. Праење ќумбиња и двајцата. Јас качуење на шанк овој будалава купување цела корпа ружи од некоја жена што продава и ми фрла од доле :rofl: народ 50 луѓе собрани лили игра ко никад у живот да не била интроверт(facepalm) али за ова не се жалам јер на крај цех од 100 еу газдата го скина рече на куќа е заради журката што ја напрајв (facepalm)
    Непосредно по тоа ми беше роденден. Истата журка ја направив на истото место и така малтер сторени со 7 другарки ќе одиме у клуб кој само на име го знаев (на плоштад тој што е) идеме гунгула шта да ви причам. Нормално лили кога е стуб толку многу е најсигурна на светот што мисли дека е мис универзум па така фино му даде треп треп на вратар што човеков одма не викна и не пушти 8-| ќумреа миниќите кои чекаа пред нас :rofl: внатре не кажувам хпл се дешаваше. Еден запна да ме жени ја запнав женска имам :rofl:
    Е од тогаш е сосема друго. Сега кога ќе се поднапијам маш вика дека по културна сум била пијана него онака:rofl: нормално од што пазам. :rofl:
     
    На edna_malecka, Alisa22, Oxymoron и 3 други им се допаѓа ова.
  13. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.337
    Пол:
    Женски
    Оф : Кај мене тоа е феномен :D . Се памтам . Што сум правела , што сум пиела .. дури и како сум си дошла дома . Не знам ете . Такво ми е пијанството .

    Он : Последното пијанство , на кое се сеќавам , е кога се испијанив ради дечкото ( сега маж ) . Може сум пишувала за ова , но не се сеќавам .
    Имено , јас и другарка ми требаше да пиеме , али овој ко по навика ми се јавува у заден момент дека тргнува накај мене , и сеа му кажувам дека имам закажано пијанка со другаркава ( инаку и тие се познаваат од предходно ) . Нему му одговараше да пие со нас , на мене секако не ми сметаше , на другаркава исто . Се чекавме на Центар , успат купивме пиење ( т.е дечково купи , ние му велиме 1 вино црно и 1 кока кола , грицки и благо , он 2 вина црни и 1 кока кола , и мноогу благо (facepalm) ) . И ајде бидна , купил шо купил , го прифативме фактот , отидовме у школско . Кога заседнавме , ја и другаркава се направивме ѓонови . Чаша за чаша . Дечко ми испи со сила 1 чаша , останатото вино јас и другаркава . Ајде сеа ќе се трезниме . Последната чаша пола вино пола кока кола (facepalm) . После се префрливме на пиво :rofl: . И така музика ечи , летаат флаши .. Доаѓа еден од село нешто се куроперчеше тука , како не сме смееле да фрламе флаши во дворот , па ќе не пријавел , бла бла .. и дечко ми ( сега маж ми ) му вика : " абе школово твое да не беше , па се грижиш вака за него :devil: " . И се искараа малку , си замина тој со друштвото , ама не пријавил на чуварите ( на таа галама , овие изгледа спиеле па не не приметиле ) . Кратко време откако си замина тој , ете ги чуварите со џипчето , со батериска ламба ни викаат : " Што барате вие овде ма ?" - " Еве береме круши :rofl: " . - "Да не ве видам веќе овде ". - "Ок ."
    Капак на се , не фати невреме додека се довлечкавме дома . Се истури од дожд врнење :drunk: . До дома можам да стигнам од 5 различни страни , ја одбрав најлошата (facepalm) . Ем пијана , ем на главна улица каде возат ко да ги брка ФБИ (facepalm) . Си одам јас на сред улица , другаркава ме влече , па им побегнав од другата страна , па дечкото дојде ме гушна и веќе не ме пуштаа сама да се шетам наоколу . Знам и дека ме мавна некој филм , па почнав да плачам , веројатно се осеќав ко Сиело од Ангели :rofl:(facepalm) . Ај стигнавме скоро до дома , другарка ми си отиде дома а јас останав со дечкото пред врата . Па тука следуваше убедување дека можам да си влезам дома безбедно , дека ќе ја погодам вратата и нема потреба да ме носи до пред врата . Се поздравуваме нормално ( или јас мислев дека ќе е ) со краток бакнеж на уста и секој по свој пат , кога овој ме излапа може едно пола саат на дождот . Накиснавме ко глувци :emo: . Патешествие за една ноќ :rofl: . Најјако беше со чуварите - " Еве береме круши :rofl: " .
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.144
    Допаѓања:
    180.345
    Пол:
    Женски
    И во кратки црти - нашиот македонски менталитет :clap: :bow:
     
    На Animali, crimson, Alisa22 и 13 други им се допаѓа ова.
  15. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Ах... се имав еднаш опиено, не до толку hard core aма ме фати од две чаши пластични за една употреба црвено вино.
    Имав 17 години и тогаш имав симпатија со која за жал никогаш не бевме заедно. Се случи да се погодиме на исто место на излегување, и кога го видов така убав, а јас под дејство на малку алкохол почнав да плачам пред другарките и да им кажувам колку тој ми се допаѓа. Потоа се придружи дечкото на другарка ми и го отерав во курац.
    Утре дента не се сеќавав на ништо но кога ми кажа дечкото на другарката по некој ден посакав земја да ме голтне.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.337
    Пол:
    Женски
    Иронично е тоа што дечкото што ни се дереше нам , го правеше истото само недела дена предходно . И не само тој , туку сите од моето село го прават тоа во дворот на училиштето . Да бевме само јас и другарка ми , ќе речев дека сме виновни , ама сведок сум била на многу друштва .кои го правеле истото . Зошто баш нам ни дојде овој и ни се дереше ? Единствени ли сме што кршевме таму ? Не ! И му го реков тоа нему . Патем , тогаш имав само 16 години .

    П . С . Со овој памет денес , после 7 години , секако дека не би го повторила тоа .
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.144
    Допаѓања:
    180.345
    Пол:
    Женски
    На 16 години треба да е развиена свеста дека не се фрлаат шишиња во јавност, уште помалку во школски двор. Што правел другиот, е исто неоправдана причина за вашето однесување. Патем, ако си свесна за ова дека не било во ред тогаш, воопшто не би го напишала постот, едноставно не заслужува никаков лајк.
     
    На Alisa22 и RoseRain им се допаѓа ова.
  18. Beatrice10

    Beatrice10 Активен член

    Се зачлени на:
    4 август 2018
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Каква свест бараш од пијани деца?

    Тажно е тоа што повеќето тоа го прават на трезно. Тоа е македонски менталитет.
    Пијанството во секоја држава е исто. Нема руско македонско или шпанско пијанство.

    Како што прочитав погоре, која заспала на квака, која чистела повраќаници со Субрина.... ваљда не се они малоумни така?

    Крај краева темава си има наслов, а пијан човек ако сака и нека е 70 години пак свеста ќе му биде како на мало дете.
    Не практикувам многу да коментирам на теми, тука сум за да уживам и да се расположам, ама како што видов во неколку теми што се од чисто забавен карактер се наоѓа некој што ќе мудрува и ќе шири некој морал.. ХЕЛОУ!
    Читајте ги дешавките и смејте се, за тоа е темава.

    Имајте убав понеделник и малку повеќе морал во реалниот живот, на форуми и не е важно до толку да се воздигнуваме над другите позади друго име.

    Поздрав
     
    На Emilija97mk, Leviosa2503, Snowflake97 и 6 други им се допаѓа ова.
  19. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.144
    Допаѓања:
    180.345
    Пол:
    Женски
    Не знам, во мојот свет децата немаат 16 год.

    Така си се оправдуваат и оние шо си ги тепаат фамилиите. Дека пијат, па затоа стануваат насилни. А не е до алкохолот. Како што си кажа и ти погоре, до главата е, до менталитетот е.

    Патем, сум имала и јас пијанства. Ама ете, никогаш не сум зела да уништувам јавен посед. Повраќање, смеење, гласно зборење, смешни ситуации со познати и непознати, бламирање во јавност... Да, тоа е тој тинејџерски период. Сѐ останато е изговор.
     
    На Alisa22, Annath и IM.TMKQ им се допаѓа ова.
  20. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.593
    Допаѓања:
    18.764
    Пол:
    Машки
    Памтам скоро се ама во забавена и матна слика и секако се надополнуваме со друштвото. :D
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.