1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашето незаборавно пијанство

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Zaljubena111, 23 октомври 2010.

  1. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Не сум била пијана.
    Максимумот ми бил 3 чаши, густирани цела вечер.
    Глупаво и невкусно ми е во јавност да ме гледаат во таква состојва, а воедно и немам голема желба за алкохол.
     
    На Billy Idol, nevermet18, SunnyGirl2 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.337
    Пол:
    Женски
    Па не сакам лајк јас |( поготово не од тебе ;) . Ти никогаш ли не си била пијана :^) ? Инаку , не сум дозволувала да сум толку ѓон да не знам што правам . Такви киксови ми се случиле само неколку пати во животов , и сепак сум била колку толку одговорна за своите постапки . Не сум дозволила да се бламирам во јавност до таа мера , да утре ми биде срам да излезам во сопствениот двор :!: . Во твојот свет изгледа се возрасни се , пензионери можеби , па затоа не ти е јасно како се однесуваат деца од 16 години . Да , свесна сум дека не е во ред да се фрлаат шишиња во јавност , и денес не би го сторила тоа . А тоа што ја напишав случката тука , беше за да се насмееме малку , а не за тоа каков ни е менталитетот на нас тука .
    Патем , шишиња фрлав само тогаш . Ни пред тоа , ни по тоа .
     
  3. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.144
    Допаѓања:
    180.345
    Пол:
    Женски
    Од никој не доби лајк, не само од мене. Запрашај се зошто. А за другово, ќе се самоцитирам пак.

     
  4. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.337
    Пол:
    Женски
    Ни не сакам да добијам лајкови . Мене сепак незаборавно ми беше затоа што прв пат ми се случи да не можев да станам од скалите , и да добијам бакнеж на дожд . А тоа со насилници , не ти држи вода . Има луѓе што не пијат а сепак се насилници . Нив ќе ги оправдаме со тоа дека се шизофреничари ? Ако пие и те тепа има институција , ќе пријавиш , ќе го земат и нека оди у 3 лепе п...е м......е ! Барем за тие работи знаеме како одат . Се јавуваш во полиција , доаѓаат го земаат , прво на психијатриско одделение оди , а потоа на рехабилитација во психијатриската клиника во Бардовци . Секако дека ќе излезе еден ден , ама ќе добиеш на време , да се снајдеш , да се тргнеш од него ( ако ете веќе не може додека е тука ) .
     
  5. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.144
    Допаѓања:
    180.345
    Пол:
    Женски
    Оф топик сме, ама летаат флаши, сељак се куроперчи, бла бла, школово да не е твое... Пијана да не го пишуваше постот? Оти тука се гледа менталитетот.
     
  6. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.337
    Пол:
    Женски
    Прво : Никаде не реков дека дечкото е СЕЉАК туку дека ми е СОСЕЛАНЕЦ односно ОД СЕЛО ! А од кога бла бла е нешто што докажува каков е нашиот менталитет ? Бла бла се пишува обично кога сакаш да го скратиш муабетот што се прави а е предолг за пишување :!: ! И да , ШКОЛОТО НЕ Е НЕГОВО , за он така да се однесува со нас ! Дојде од никаде и почна да ми се дере еј !
    Не сакам да должам повеќе , верувај во што сакаш и мисли како сакаш .
     
  7. Dora18

    Dora18 Активен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски
    Како тоа јас толкава пијаница уште да немам пишано на темата :o:o:^)
    Во глобала почнав да трпам алкохол и сум пијана ама не правам глупости поќе.. Последниот така резилен пат беше пред 1месец негде, прв пат требаше да спијам кај дечко ми ама ми дојде и бев максимално разочарана вечерта бевме на забава кај шо испивме околу 7-8 водки па неколку текили, па од таму продолживме вкафана кај шо испивме 2л вино. На бегање сите си ојдоја само јас и тој останавме и пред то дека со другарки зборавме дека сме гладни почнав да плачам дека другарките ги оставам гладни и ојдовме до пекара да купиме јадење за сите па му носевме до дома, бевме со веспа бтв. Сабајлето кога станав незнаев ни кај сум ни зошто сум па кифлата што сум си ка купила премногу гладна не сум ја ни допрела.. исто така дечко ми ми кажа дека негде ми паднал топукот од штиклата, рип.. :x

    а пред овој излеговме со другарки 3 на кафе као сма успат се договоривме за вино, стигнавме таму и јас некако ги разубедвав да пиеме шејкери во кои има 18 шотој и таман ни идеа на 3 другарки оти другата непие.. манавме прво по пола литро бело вино па шејкер, ша уште еден шејкер и уште еден.... на крај испадна сите да имаме по 18 шотој и пола литро вино... само се свртив и до мене до столот повраќав во кафичот, а другарка ми едвај стигнавме пред интернат па стигна да повраќа.. после то као праев пауза ама пред 3/4 дена сама со една другарка почнавме узо ракија па по едно л вино. вечерта бев арна ама другиот ден умрев од болки...:worried:
     
    На Davidmfo му/ѝ се допаѓа ова.
  8. 96kiko96

    96kiko96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2018
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Машки
    Имав пишано мислење, али малце подетално да опишеме, како тежок алкохоличар до пред година дена, имав пијанства секој ден, најјако пијанство на слава кај другар. Цел ден на работа рмбам како црнец, не јаден скоро ништо и на слава две пива, и околу литро смирноф водка, го смачкав шишето, згора на тоа и имав испушено можда три кутии цигари(знаете како иде цигарата кога ќе се поднапие човек)... Живи срамотилоци... Нит да замезам нешто ни бутур, само шишето беше битно... До кај пола шише памтам нешто од нешто, после тоа ништо, само сабајлето ме разбуди комшијата кај него во двор под летниковец сум се соблекол по боксерици и сум заспал на клупа, капак беа сите пораки и глупости, и секако сториња што сум ги ставал на инста, не можев три дена да се опоравам како што треба.
     
  9. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.845
    Допаѓања:
    19.549
    Пол:
    Женски
    Коа имав 16 години , тогаш почнаа од дома да ме пуштаат навечер да излагам и јас како куче пуштено од синџир се договоривме да пиеме до максимум иако не ни знаевме ни А од алкохол и си порачавме пива до максимум и некој од друштвото се нашол некој копиљ и ни турил и пепел (а плус и 4-5 пива испивме) што да ви кажам черевата ги искорнавме пред кафичот од повраќање , и од негде дојде сестрами (она поголема посозреана) нервозна почна да ни се дере и не собра во такси со другарками и право дома ...но хоророт на повраќање продолжи па другаркава дома вц шољата као што повраќаше си ја имаше гушнато и некако како да се здрви , па јас почнав да ја кревам и она со си вц шољата (ја откорна вц шољата :worried:) и некако отидовме да спиеме и другиот ден сите не дознаа што се напраиле и 6 месеци немавме дозвола за излегување ....од тогаш се немам напиено пиво...
    Хорор...:worried:
     
    На Billy Idol, mileystar и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  10. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    2.433
    Пол:
    Женски
    Нема да заборавам кога не го препознав татко ми и му кажав кој си ти?! Имам среќа што човекот е лабав и се зезал,а јас не сум можела собата да си ја погодам сум шантрала...тоа ми било првото пијанство и се надевам последно како такво :lol: Останатиот дел неморам да го раскажувам :puke::rofl:
     
  11. mileystar

    mileystar Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    2.101
    Пол:
    Женски
    Мислам дека најголемото и најгадното пијанство го имав летото 2017,со моите бевме кај тетка ми која правеше забава по повод новата куќа,а после тоа се договорив со другарките правац во диско.Се облеков јас спремна за забава,тогаш и вежбав,заслабена,баш по моја мерка аутфит.Бидејки никој скоро не познавав таму,досадните тетки не ме интересираа,си кажав ајде јади си и пиј си,поубаво ќе биде.Започнав со бело вино,не беше некое сјајно искрено,се гледаше дека е некое ефтино,ама сепак беше алкохол.Една чаша,две,па некое оро од што ме натераа,и после видов каде го чуваат виното,оп сама си се снабдував.После тоа сфатив дека сум испила две шишиња сама,плус не добро јадена,и така отидов на журка.Другарките веќе беа таму,јас дупло ги гледав,а ми се пиеше уште,пошто стока,нарачав уште вино и тука почнаа моите егзибиции хаха.Ме трчкале низ цело диско,а јас кога сум пијана,обожавам да трчам,ај што ме гледале како ретардирана ,сум ги удирала машките по газот,и тоа асално,другар ми искусил и ми се смее и ден денес.После трчањето сум си легнала на сепарињата,да се одморам,дошол другарот/симпатијата и сум му кажала да ме држи за рака,wtf хаха,и овој седел со мене,how sweet нели хаха.После тоа ме најделе и овој се понудил да не носи дома,и цел пат сум кажувала колку ми е потребен тој и сум го барала ,а тој возел.На крај ,се исповратив прв пат од алкохол,до толку сум била,и моите кутри другарки ме однеле кај нив дома и ме бањале и ме отрезнувале.И нивната не е лесна.Од тогаш стварно пазам како пијам,пошто секогаш се брукам хаха
     
    На Billy Idol, edna_malecka, Snowflake97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.788
    Пол:
    Женски
    Леле, катастофа.
    Воглавно си ги знам границите, и до сега само три пати сум била премногу интоксифицирана до ниво на повраќање.
    Нај eventful пијанство ми беше вака некако:
    Прво бев на роденден кај другарка, и земавме тие што стоевме заедно една флаша вино, кое го испивме во 5 минути пошто јас ги терав да пиеме на екс, пошто требаше да си идам порано дека имав дејт после тоа. Ок.
    Fast forward саат време отприлика, ми ѕвони овој до кај сум да види, а ја уште нетргната. И брзо брзо се поздравив со сите и најбрзо што можев тргнав накај плоштад.
    Се најдовме, се поздравивме, и тргнавме накај Парк. И ја успат си земав пиво и чипс, ама организмот не ми поднесува повеќе од 1 вид на алкохол. Тоа го открив таа вечер.
    И ок седиме на клупа, јас во скут му бев и наеднаш, му викам ми се повраќа. Кога го слушна тоа, одма ми рече бегај немој да си ми повратила на дуксерот. :(
    И повратив на тревата, и му викам океј ај да станеме, и дур идевме накај Гоце јас си го отворив чипсот, па сретнавме едни негови другари, ме запозна со нив и јас од ќесето со чипсот вадев по еден и на сите им дадов во рака. :tmi: Бруки.
    Па видов и еден што учеше со мене во основно до петто одделение, а од тогаш буквално немавме прозборено и му викам Еееј Павел како си, може дим од цигарата? Ме погледна на косо, и ми вика може еве земи. :^)
    Се тргаме од таму, и му викам ај да идеме кај тебе дома дури да ми дојде автобус. Идеме, а он дели соба со брат му, и имаат кревети на спрат, и ја се качив на горе и сум задремала малце, и после ми кажа дека сум хрчела малце.
    Б р у к и.
     
    На elvittta, Billy Idol, edna_malecka и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.889
    Пол:
    Женски
    Вака кога се навраќам не сум скромна со пијанства.:tmi:
    Добро, месециве капка алкохол се немам напиено, зашто нели ми згасна социјалниот живот во затворов ;(.
    Мислам дека најпијана сум била кога бев на одмор со другарки прехлани.Бевме во диско и мислам дека бев на раб да се онесвестам, и секако тоа е единственото нешто што го памтев од вечерта.
    Исто една многу глупа слика беше со другарки лани, се враќавме од журка и бевме мртви пијани, ама битно идевме пешки по партизанска.Леле, која срамота, се смеевме и зборевме на прилично висок тон, да не речам викавме, кој знае колку лошо сме личеле на рандом луѓе од страна, зашто на тоа се сеќавам, дека не беа скроз празни улиците.Буквално бевме како пијаници кои сум ги сретнувала како мала на улица и ми било страв.

    Воглавно не сакам да се доведувам до состојба на апла пијано зашто секој пат ме фаќа некоја паника.А за чудо никогаш не сум повраќала, тоа ми е за пофалба. :D
     
    На Billy Idol и edna_malecka им се допаѓа ова.
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Последниве месеци за Божиќ. Дамла (facepalm)
    Колку ми беше мака после тој ден. А да не зборам за повраќање. :rofl:
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    Немам желба за алкохол, но ајде една чаша нормално да. Не сум имала нешто вакво никогаш и мислам дека не ни ќе имам со оглед на тоа што не пијам многу.
    И друго уште поважно не сакам да ме гледаат во таква ситуација, сосем некултурно, да не знам што правам и другиот ден лошо и да не се сеќавам на ништо :puke:
     
    На Billy Idol, edna_malecka, Veta и 2 други им се допаѓа ова.
  16. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.337
    Пол:
    Женски
    Сум била пијана , иако имам поставено граница до колку чашки ми е доста , сепак , зависи и од пијалокот . Највеќе ме " фаќа " од било какво вино . Коњакот не ми делува , можам 5 да испијам . Ама вино .. :drunk: . Се сеќавам прв пат кога пиев , дома , со татко ми . Тој ракија , јас вино . Значи ужас . После втората чаша , ми рече да стојам на една нога ( веројатно примети дека јазикот ми се врза :rofl: ) за да проверел колку сум пијана :nod: . И паднав во кофа со едната нога (facepalm) . А упорно тврдев дека НЕ СУМ пијана :!: . Реакцијата на татко ми : " Аха , не си , не си . Толку од пиењето за Крејзи :lol: " .

    Во суштина , тогаш сфатив дека јас не се сложувам со виното баш :?: . Ама сепак , неколку години подоцна , сепак пиев вино (facepalm) . Резултатот е неколку расправии , малку осмици на пат до дома , и едно повраќање (facepalm) . И јаки главоболки следното утро (facepalm) .
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. GDE DA IDEM

    GDE DA IDEM Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2018
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    955
    Пол:
    Машки
    Паметно делам мислење со тебе!
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Puffy2019

    Puffy2019 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    733
    Пол:
    Женски
    Три пати имам претерано.
    Првиот пат за Св. Трифун ме откачи тој со кој "се гледав" , бев сама дома и рикав. Па се напив чашка ракија, по неа уште една, веќе почна се да ми игра, легнав на под и плачев. На крај со третата се "средив" и повратив.
    Вториот пат ме фати од коњак кај другар на матура, па не сакав да си одам дома, се убедував со другарка ми да останеме. Кога стигнав дома се криев од моите да не ме забележат.
    Третиот и последен пат бевме излезени со сегашниот ми маж за негов роденден, бев љубоморна и се изнервирав, испив три коњака во брзо време, секако слабо јадена и тргнавме на кај автобуска таму да фатиме такси. Стигнувајќи кон автобуската се зденав во билборд. По пат повратив во кеса во таксито. Од тогаш коњак во уста не ставив.
    Маж ми и ден денес ме зафркава дека коњак ми бил омилен пијалок кога некој ќе ме праша дали пијам алкохол.
     
    На Billy Idol, edna_malecka, poi и 2 други им се допаѓа ова.
  19. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    Воопшто не поддржувам претерано конзумирање на алкохол и до сега сум немала ваква ситуација. Едноставно не ми изгледа воопшто убаво и културно од страна, не е дамски. Ама на секој може да му се случи, тоа е. Обично пијам една-две чаши и тука прекинувам бидејќи знам дека не сум навикната на алкохол и дека ако продолжам тоа нема да води на добро. :D Ама затоа ќе ви го раскажам пијанството на една моја другарка на кое сведок бев јас.:worried:
    Беше некаде 16-17 часот, недела, јас бев испадната и кога ми ѕвони другаркава и ми почнува со класични муабети: кај си, дојди земи ме, гушни ме, многу те сакам јас ти си ми најдобра другарка, неможам без тебе.8-| Ја познав дека е пијана и не сакав да ја оставам во таква состојба сама, ми кажа каде е и отидов. Поминаа 15-20 минути сигурно додека најдов место за паркинг и влегувам во ресторанов, сите фамилијарно смирено си ручаат си седат и наеднаш слушам во позадина Пајдушко :o игра оро,леле кога ја видов веднаш се стрчав и го гледам келнерот се смее му викам зошто сте и ја пуштиле песнава, ми вика па многу голем промет ни направи и газдата дозволи.:tmi: Ок, запраа музиката, луѓево околу мене се погледнуваат, се смешкаат ама ништо не викаат. Доаѓа моментов за плаќање. Леле луѓе сметкава беше долга 1м ама буквално, Другаркава испила од сите видови на шотови што ги имале и плус частела околу и плус џин, вино,виски. Кредитната со 38 денари ми остана. Помина плаќањето, ја облеков палто, ташната и ја земав и ајде да си одиме. Еее тука почнува интересното:D таман направивме два чекори, му се фрли на еден тип во скут што си седеше на маса со 15тина души, сите родители со деца возрасни славеа нешто најверојатно. И почна да му се обраќа со името на нејзината тогашна симпатија и да му вика ама јас те сакам, ај да се смуваме и тргна да го баци. Дечково се тргна и се насмеа и и рече премногу си пијана, верувај дека да си трезна не би ти бил симпатичен 100 посто, а и мене не ме привлекуваат пијани девојки, опуштен тип скроз беше и со многу добар физички изглед 8-|. Другаркава виде не виде стана и му ја зема вилушката и похованата даска од маса и си седна на маса до нив почна да си буцка и да си јаде :o(facepalm):rofl:. Луѓево се насмеаа и ми викаат мене не е проблем слободно нека јаде девојчево, јас им реков дека ќе ја платиме, стварно ми беше многу непријатно ама не дозволија да платам. И така седевме на маса до нив и ја чекав другарка ми да ја изеде даската:tmi: во меѓувреме срам ме изеде за сите пари и викав ако беше гладна требаше да ми кажеш ќе порачавме ние нешто, не да им зимаш од масите на луѓето. Нормално, беше камен пијана и не ме ни разбираше што и зборував. Кога станавме уште еднаш им се заблагодарив и извинив на луѓево. Додека се довлечкавме до кола, и тие станале и идат на паркингов и другаркава пак се затрчува во дечково:drunk:. Испаднаа фини скроз и родителите и ми рекоа да не ми треба помош, ама најлошото нешто е да си трезен до тој што е пијан. Ја однесов веднаш после тоа дома и таму беше пискот :D мајка и лом ја направи од карање.
    That's it! :D
     
    На Billy Idol, edna_malecka, Regina.Phalange и 7 други им се допаѓа ова.
  20. poi

    poi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски
    Сум се опијанала само еднаш - на визитата од дечко ми. Немаше пијано одамна, и зеде виното чаша по чаша го пиеше. Се вцрвена и јас се исплашив малку. А ја наполнеше чашата јас скришум на екс ја пиев и така едно по едно, а тој не примеќаше. Пред то пиев пиво, а после па на екс и некое си виски ли не знам што беше. Прво почна ужасно да ми се мати пред очи и потоа веќе ништо не памтам. Сум тресела глупости, сум паднала неколку пати (дури и по скали, другиот ден имав синица на ногата). Среќа спиеа дома... Другиот ден осеќав огромен срам, пошто и мајка му беше таму и ме носеше дома. (facepalm)(facepalm) Нешто слично ми се случи и за роденденот, само не до толку. Се сеќавам се', бев свесна само си зборвев што ми лежеше на душа и за тоа ма ич не се каев без разлика на глупостите.
     
    На Billy Idol, edna_malecka и Puffy2019 им се допаѓа ова.