1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашето незаборавно пијанство

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Zaljubena111, 23 октомври 2010.

  1. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Брзо ме фаќа, 2-3 чаши максимум, после тоа сум за никаде.
    Си го знам лимитот, тука престанувам и затоа сум немала некои големи испади, а и онака ретко консумирам алкохол.
    Сум вртела на бивши, сум плачела неутешно, сум зборувала како никој не ме сака, за во следниот момент да почнам да ги гушкам сите околу мене, покажував љубов на тој начин. :lol:
    Сум се враќала дома во ниедно време со објаснувања за моите зошто ми се ,,плетка'' јазикот додека зборувам. :lol: Колку повеќе објаснував, толку појасно стануваше дека сум испила малку повеќе... затоа сега ако претерам, а не сакам некој да ме забележи, само си молчам и си легнувам.
     
    На Justicija, H.VAGA и KateKane им се допаѓа ова.
  2. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    Ај пишувајте да се смеам :D
     
    На CrazyGirl15 и Spit им се допаѓа ова.
  3. Spit

    Spit Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2020
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    253
    Пол:
    Машки
    Бев на роденден кај школски другар , ама и екипата таму беше цела откачена.
    Испивме секаков алкохол измешавме (бадел , вотка , пиво и ракија), потоа јас продолжив на питијадата со друго друштво и таму земавме 2 црвени вина и ги испивме. По 20-30 минути готов бев почнав да трескам глупости на другарите за на крај да заспијам на клупа среде концерт на питијадата и да викам да ме разбудат за први мај. Од таму па се до утредента не се сеќавам што како било , но како што ми кажуваа другарите сум се обидувал да правам селфиња со заклучен телефон, сум повраќал и сум трчал некаде. Ме освестувале со кисела вода јас ни се сеќавам ни ништо.
    Имало и други пијанства но тоа ми било најтешко и најблам :D
     
    На Snowflake97, Puffy2019, Ugly Duckling и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.155
    Допаѓања:
    39.700
    Пол:
    Машки
    Какви бруки сте изнапишале да се зачуди човек дали ви ставиле дрога во пијалокот, или пијалок во дрогата. :?:

    Јас и кога сум се олешувал од алкохол, сум знаел каде сум и со кој сум. Стварно имам фино пијанство без повраќања, јавни брукања или насилни дешавки. Мислам дека ми е најголем резил таму некаде на 13-4 години кога се напив и пред мајка ми кажував мрсни вицови. 3 дена не можев жената да ја погледнам после тоа. :|
     
    На Ouravanture, Cosmic Girl, harizmaticnana и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Spit

    Spit Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2020
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    253
    Пол:
    Машки
    Што да се прави и тоа е дел од животот на некои луѓе. После тоа ми беше малце срам ама сега кога ќе се сетам ми е интересено и смешено.
     
  6. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    Хахахахахахахахаааа :rofl::rofl:
    Фала ти :rofl:
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Последна дешавка.
    Плаза де торос роденден.

    Другари собрани, гужва, не се дише.
    Најдобар другар на скрос друга страна од ресторан, пошто друштво не дозволува заедно да седиме пијани, бидејќи излагаме се шетаме и губиме.

    Една чаша вотка, ок. Две чаши, ок. Три чаши, ок.

    Четврта веќе осеќам ме удара на дремка и почнувам да се клатам напред назад и превртувам очи ко лепрозна наркоманка.

    Меѓувреме луѓе пеат и се журкаат.

    Доаѓа другаров, седнува до мене, промрмувам три бавни пијани збора и заспивам на маса. Се разбудив дома.

    Од прошлата година веќе не пијам во големи друштва. Само до три чаши макс.
     
    Последна измена: 30 декември 2020
    На buba4e89, Justicija, Ugly Duckling и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Телетабиска

    Телетабиска Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2022
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    45
    Правам глупости штом пијам секогаш и сегде.
     
  9. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.394
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум била пијана. Мразам алкохол и со години не пијам ни капка.

    Еднаш сакав да се опијам (полнолетна бев), чисто од љубопитност да видам како е. Бев на журка кај братучедка и брат ми возеше, така да смислив дека сум во контролирана средина и дека е безбедно да пробам. Испив доста ама не ме фати ич, не знам зошто, навистина. Дури и измешав на крајот пијалоци.
    А еднаш бев излезена со маж ми, се напив една водка, дури не ја ни допив, кога станав од столчето малку ми се сврте во првиот момент. Не знам зошто така изреагирав, знам дека пиев на празен стомак и бев доста изморена таа вечер...Тоа беше најблиску до пијанство што сум осетила. :D
     
    На buba4e89 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  10. manga_

    manga_ Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2022
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    првото ми беше незаборавно на 16 год. затоа што моите сакаа да се откажат у весник од мене.
     
  11. Nena Jovanova

    Nena Jovanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    1.306
    Пол:
    Женски
    незаборавно на мои некаде 18години,бев кај тетками на мајками сестра во друг град живее таа,не во мојот,а толку бев пијана што неколку пати вртев низ улици додека ја погодам куќата во која живеат,а инаку по цели лета идев седев кај нив на гости зашто имам братучед моја генерација и друштво добро си најдов таму,али ова не го заборавам,кружев бааѓи долго додека сватам каде треба и во која точно ќуќа да влезам (facepalm)брука невидена
     
  12. Bezobrazna01

    Bezobrazna01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2020
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    3.093
    Пол:
    Женски
    Јас колку и да пијам пак се секавам на се. Не сум имала такви пијанства кај шо сум повраќала:D
    Бев на роденден кај најдобра другарка срејка па бевме најблиските немаше некој одстрана
    Испив малце повеке лименки скопско па 2 чаши шампањ
    И мислам дека доволно беше за да се брукам и јас и другаркиве
    После рпденденот излеговме во градот пијани шетавме (одстрана изгледавме како дрогирани пошто се смеевме како да сме испушиле 5 џоинта:rofl:)
    Па случајно налетавме на еден полицаец(facepalm)
    Човекот не прашува колку години сме, како се викаме и од кај сме. Срејка па бевме при свест па му одговоривме (нормално со лажни податоци:D)
    Ама ова со полицаецот ми е најјако зошто и пред него се бламиравме, вака убаво му се изнасмеавме у фаца
    Срејка не завршивме у станица^_^
    Инаку не знам кај ке ни беше крајот:rofl:
    А тогаш јас имав 16ипол годино а другаркиве полни 17:smirk:а случкава се деси пред 2 години
     
  13. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Со партнерот бевме на роденден кај моја братучетка. Супер забава беше, музика, еден куп луѓе, добра храна и се разбира мнооогу пиење. Чаша по чаша, у таква атмосфера не си ни свесен дека веќе премногу си испил. Дојде време да си одиме, мене ми се врти, едвај одам. Се поздравивме некако и правец дома на спиење. Интересно е што таа вечер не ни осетив колку сум претерала. Ама затоа утредента посакав да ме снема. Цревата ги истурив. За да биде трагедијата уште поголема требаше со партнерот и уште еден негов другар да одиме во друг град да завршиме некоја работа. Повраќав по бензински а во еден момент кога немаше услови мораше и во природа. :D:D:D Нормално, пред другарот не признаваме што е проблемот па у еден момент типот ме праша да не сум бремена.:D:D:D Бруки живи. Со денови после тоа ми се гадеше и при самата помисла на алкохол. Навистина е грдо да се претера.