1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашето незаборавно пијанство

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Zaljubena111, 23 октомври 2010.

  1. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Случката е од пред една година! Се собравме другарките кај мене,се напивме винце малце повеќе и решивме да се докрајчиме пред да заминеме со дечковците (чија беше идејата ич не ми е јасно,ама ај...)
    Кај мене дома пивме што пиевме, се очукавме но барем на нозе се држевме! Излеговме и си седнавме во еден ресторан и одбравме тема за разговор-секс! Леле луѓе, таа вечер си ги имавме кажано сите секс фантазии, совети си делевме една на друга, се споделија искуства од бивши дечковци,се смеевме на глупсти и смешни случки што ни се имаа случено, сите приказни се прераскажаа на висок тон што дури и келнерот се смееше и не предупредуваше дека не мора сите да ни го знаат интимниот живот :$
    На крај излеговме пијани, распеани и со осмици по патот стигнавме до еден кафич! Јас договорена со дечко ми во 12 саатот да ме чека пред дискотеката! Саатот веќе 12 ипол мене ме нема! Воопшто не се ни сетив дека ме чека, пијана си продолжив да си се журкам со другарките! Во кафичот се напивме уште по една, по две а може и уште 5 да беа (кој ќе ти каже) Играње, пеење, лигавење...лудница!
    Кога наеднаш се сетив дека треба да се видам со дечко ми, на телефонот имав 10 пропуштени повици :lol: Ми беше јасно дека се изначекал! Му се јавиви да ме пречека и кога ме виде уште од далеку му беше јасно дека сум пијана! Додека ја минував улицата ќе ме удреше кола....хахахах... Почнав да се смеам а дечко ми од далеку се гледа дека фучи од нервоза! Првиот мубает му беше ,,пијана си па и ме извиси, 2 саати те чекам!,, Уфф ми го расипа расположеието...му реков сега си одам дома оти ме изнервира! Ама наместо дома јас рикверц назад кај другарките у кафичот! Сама влегов у кафичот и ги барам каде се! Ги најдов и се докрајчивме таа вечер!И не се секавам колку испив! Бевме сите другарки многу пијани и едвај си отидовме дома! Поточно требаше да се сминеме по стрмни скали за да стигнеме до такси! Едвај сме слегале, луѓето ни се смееје дека не можеме да се симнеме :$ :$ :$ Многу глупости имаше таа вечер! Утредента глава не можев да кренам од перница,цел ден мамурна!
     
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    хахахахаха еве сега ќе ви го кажам моето :D пред се јас не пијам алкохол така да 4-5 пати сум била пијана до сега.....

    тоа беше со либето бевме во охрид во стан.... а на почеток на врска бевме :!: ! и сега јас такво напалено, ми се сака нешто... ама глупо ми е ....:$ барем малце ми се сака де.... (скокам огромен дел)......... излеговме на кафе, па од кафе завршивме во еден бар, со флашата во рака да наздравиме врска :lol: (врскава ни 2 недели, ние здравица :rofl: се утепавме од идење) следното што го памтам беше ми се вртеше од алкохолот ама онака супер ми беше, си се препоптувам од лепота :drunk: и стигаме поштено во станот, знам дека на раце ме носеше до дома! :lol: и легнуваме ја си се расоблеков по
    танга и прслуче само
    ама не знам од каде таа храброст(во алкохолот е силата изгеда) хахаахах во стилов те палам, ама не ти давам хахахаах! ама моментов е следниов


    .................... легнуваме секој на своја страна, и одеднап ги слушаш комшиите, т.е комшикава!!!! :o такво
    стенкање ни во порничите немало
    ... е мислам дека ова ја подзапали и така запалената ситуација,
    и јас одеднаш си најдов лижавче, и си го лижев додека не стигнав до мастиката
    :D не се вадам со пијанството, ми се сакаше и мене, макар самo и ова, ама пијанството ми даде сила и моќ да се опуштам, а богами комшиите најзаслужни беа господ здравје да им даде, така беа стари едно 60 години имаа, ама ако убаво е да се гледа дека и на тие години се работи на случајот! :lol:
     
    На Bitter-Sweet и dream.queen им се допаѓа ова.
  3. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Хехе темава ме потсети на многу убави спомени. Битно кога ќе се поднапијам, абе како на дугме да сум, неверојатно е колку почнувам бардиња да раздавам. Се собравме цело друштво и пијавме џин. Мене како омилен алкохолен пијалок, заедно со тоник, си ја подпретерав малце, добро малце повеќе и илеговме чаршија. И сите другарки си заминаа освен јас и уште една друга. И одиме по патот кога ни се испречи пред нас еден банкомат. И јас почнав да си замислувам дека тој банкомат телефон е, и почнав да си пишувам "пораки". И заедно со другарка ми цело писмо си напишавме, како сме сами, како никој не не сака. Јас и велам, пиши го моето име и можи ќе излезам одвнатре со сите пари, и на мониторот noob ќе пишува. Така 5-10 минути и ни излезе тој од обезбедувањето. Ко ни се развика, ми се чини никој се нема дерено онака на мене, и другаркава му вика, дај бе срце не се лути, што да правам кога сте најдобрата банка... Врти сучи го запрајвме и него муабети,ни кажа како женската го оставила, како си ја мразел работата(До ден денеска не сум пошла во таа банка), кога ќе го видам човекот бегам од него како од ѓаволот. И на пат случајно поминавме пред куќата на една комшивка, која не озборува кога што ќе стаса. Кога и влеговме во двор сите домати, кромид и цвеќиња и ги откорнавме и и ги фрливме низ двор. И сабајлето станувам со штиклите од 12 сm, толку закопани во кал што не се познаваше штиклата, кромид в прслук и по хулахопки и ужасен мирис на рацете на истиот. Лудо беше, лудо :rock: :rock:
     
    На Bitter-Sweet, Jenniffer, Buttterfly и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Ме изнасмеавте со темава. :rofl:
    Не дека сум за фалење, ама моето прво, а воедно и последно пијанство дур не наполнам минимум 16 години се случи на Пиво Ленд годинава. Тоталка цело друштво бевме пијани. :D Од три чаши - ѓон. :D
    И нема никогаш да го заборавам сочниот удар во огромниот контејнер кој го добив кога сакавме да одиме со другарка ми до WC. :tmi:
    Едвај се симнавме од кале, се` дупло ми се гледаше. Пеш до дома од Центар, Камениот Мост беше затворен. Едвај ги пречекоривме скалите од МОБ, цел пат се смеевме и веќе кога стигнавме до населба почнав да се ококоравувам... почна да ме фаќа срам поради се` што кажав и ја земав црвената ташна и ја ставив на глава. Викав дека ми е многу срам и нели више не пијам и стварно не се напив од тогаш. :D
    Горделиво ја кренав едната рака и почнав да трчам по улица со црвената торба на глава викајќи: „Супермеееен!“ :D Башка што бев во комбинација од црвена и светло сина боја. :rofl:
    Умирав од срам утре дента поради се` што кажав, ама кога ги видов сите ми викаа дека на добри 50% ни они не се сеќаваат. :D Ама знам дека лажат, како што всушност направив и јас по сите глупости што ги истресов. :lol:
    И да, срам ми е многу за ова и се каам. :tmi:
     
    На AnaKlarc, LivingGlam и irenna им се допаѓа ова.
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.854
    Пол:
    Женски
    Еднаш се напивме прилично многу со дечко ми и сме си заспале. Не знам што ми текна, можеби сум сонувала нешто, но го разбудив едно време: Стани стани, наочарите ми ги немат. И така ги баравме двајцата наочарите низ креветот, фаќавме покривка, се’ претресовме, дури и надвор во дворот излеговме да ги бараме наочарите :geek: Не ги најдовме и си легнавме пак ко ништо да не било. После си станавме подотрезнати, јас си ги ставив наочарите (беа таму каде што секогаш ги оставам - на масата), и ме носеше дома со кола. По пат ни текна дека ги баравме наочарите, е многу се смеевме.
     
    На Bitter-Sweet и Ema.Sk им се допаѓа ова.
  6. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Хехе и мене првото пијанство такво ми беше, и устата ми се здрви ненормално многу одвај зборував. А да и еднаш си појдов дома исто така ѓон и станувам другиот ден со чашата до мене, сум си ја зела дома изгледа. Арно мојте што не ја виделе, инаку интересно ќе беше :rofl: :rofl:
     
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Јас не сум напишала овде :$

    Лани септември месец. Не ми се спиеше цела ноќ и решив да правам маратон во не-спиење, т.е. да поврзам два дена во еден :) Седев така на интернет, чепкав нешто по сајтови и гледам другарка ми се уклучи на месинџер некаде кај 6 наутро. Ја поканив да дојде и кај 7 часот се нацрта кај мене. Така дремевме цел ден испивме 57654783 кафиња за да останеме будни и се договоривме вечерта да пиеме кај неа! Значи не бевме спиени воопшто.
    Отидов кај неа во 8 часот вечерта имаше вино и сок, а јас немав одамна пиено па брзо ме фати. Договорот беше од кај неа да одиме во дискотека. Јас и уште две другарки, еден школски и за најголемата брука - еден мој комшија со кој не сум којзнае колку блиска. :tmi:
    Испив 5 чаши вино со сок мешано и ме фати ненормално. Сакав да станам и да отидам до WC да повратам, ама немав сила. Тоа што не бев спиена ме столчи уште толку. Само се навалив и врз креветот го истурив цело вино што го испив :worried: Се исправив и мислев дека веќе сум способна да отидам во WC, ама во истиот момент го доцедив виното од мене. Си дојде и мајка и од работа, среќа што ме скри и не ме кажа на никој. ПА така они сите отидоа во дискотека, а јас останав да спијам кај неа. Кога се разбудив во 5 наутро, гледам не сум дома :o Само станав, се уклучив на месинџер, пошто немав кредит и на еден пријател му досаѓав да ми викне такси, пошто бев облечена како за излегување, а другаркава живее на спротивната страна на градот. Леле кој резил :tmi: Ми беше срам да одам кај неа пак некое време од кога се случи тоа.

    Имам и друго (не)заборавно пијанство кога примив гликоза во болница и кога се разбудив ја видов мајка ми разочарана како ми виси над креветот во болницата и ме прашува зошто :tmi:
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128
    за мене II година средно беше најболната :P :D
    - беше последната вечер од Пивофест во Прилеп а следниот ден почнувавме на училиште. Јас излезена со моја најдобра другарка и си рековме дај да испиеме едно пивце атер за Пивофестов. Ни беше срам да купуваме сами па најдовме еден другар и го натеравме него. Крцнавме по една лименка и другарка ми почна да се смее(никогаш немаше пиено, а јас трошка поискусна). Шетавме така и после се сретнавме со моето друштво, во тоа време огромно и весело(околу 20 души) и продолживме. Јас си купив 2л пиво и шишенце вотка. Стварно незнам како толку мала сум можела сето тоа да го испијам, но ете :P . После сите бевме чочки се разбира, та и машки та и женски, па љубовно тешење, па смеа, песни, паѓање, повраќање :puke: и на крај..никој не се сеќава што се случило, кој кого испратил и како стасавме на училиште другиот ден. Мислам дека навистина за сите таа вечер беше...топ :)
     
  9. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Беше на факултет, се собравме кај нас у соба и ќе пиеме црвено вино. Јас обично поднесувам пиење, ама тогаш не знам што ми стана, абе се утепав од :puke: . Инаку во животот може сум се опила и повеќе од 20 пати :$
     
  10. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    4.776
    Их нема едно...
    Кај другарка ми спиев 10 дена зошто нејзините беа на одмор.
    И јас веќе незнаев што да правам и викам дај ми ракија.
    А тоа стара некоја којзнае колку години.
    Тој ден ништо немав јадено,а три чашки на екс си ги мавнав 8)
    Почнав да и зборам неповрзани работи,
    јазикот неможев да си го најдам во усната празнина. Многу немирен бре!
    Почнав да си мавам шамари со голем замав, дури и си ги броев
    25 на еден образ , 25 на друг. :$
    Другарка ми почна да ми кажува : Eма немој ако ме сакаш ..
    - Тебе те боли ??? :devil:
    Неееее :o Ќути тогаш!!

    Друго пијанство ова па кај мене, моите беа во Битола на гости.
    Јас и другарка ми водка сме купиле, пакет сокови,цигари 4 кутии,и чипс од пиперки :$
    Почнавме уште во 6 саат да пиеме, бевме дрвца уште во 11 саат.
    Другарка ми нонстоп ме прашуваше дали е 3 саат :?:
    ( ден денес не е разрешено зошто ме прашувала )
    Јас како „потрезна„ ќе и правам кафе да ја освестам , и кажав да биде мирна ќе отидам до кујна.
    Се вртам да видам што прави главата на тепих, нозете ги качила на двосед и си спие така :o
    Отидов ја наместив и направив кафе со лимон , цел и исцедив.
    и ми вика остај ме сеа ќе спијам иди ти у соба биди пред пц.
    И јас си отидов,се појавува на врата
    - Ема јас ќе повраќам.
    Се затрчав јас се сопнав на тотал џимот справата,малото прсте ми отиде :(
    Битно :!: отидов да ја држам за чело, си се дружеше со шољата она.
    Одвреме навреме и пуштам вода :$
     
    На Bitter-Sweet и TheCandy880 им се допаѓа ова.
  11. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    394
    Се сетив на една случка од пред 5-6 години.Бевме излезени со дечко ми,се собравме друштво,супер се расположивме со по некоја чашка повеќе,ама јас претерав.Почна да ми се врти,да ми се повраќа...дечко ми ме изведе надвор пола вечер ме трезни,оти како дома ќе се појавам мортус пијана,не смеам на тоа ни да помислам.И некако се освежив малку,тој ме испрати до пред врата и јас влегов дома.По неколку минути почна да ми ѕвони мобилниот,а јас така уште под дејство на алкохолот се јавувам,го слушам гласот на дечко ми,тој ме прашува како ми е,да не ме слушнале моите а јас во тој момент сосема се збркав нешто почнав да викам абе чекај,чекај да си го најдам мобилниот па ќе ти кажам, а тој збунет од таа страна ми вика па ти збореш на телефонот :D Јас не се сеќавам баш најјасно на овој дел тој ми расјасни како било и ме зезаше долого после тоа кога ќе се јавеше,ми велеше го најде телефонот :D
     
    На Bitter-Sweet и Marge им се допаѓа ова.
  12. trendy

    trendy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2010
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    172
    на мојот роденден ко сум се начукала од пијанје абе.. неможам веќе да пишувам потполно вакви бевме со другарка ми [​IMG]
    офф леле :tmi:
     
  13. Lacrymosa

    Lacrymosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    90
    темава ме расположи... Сум имала три пијанства... лажам... сум имала три ПИЈАНСТВА

    полани за Нова Година, првата Нова Година со дечко ми во кафана. Јас не сум кафански тип за по маси и столици и културно цела вечер си конзумирав џин со прелив и ми беше супер се додека не тргнавме да си одиме дома. Надвор ладно камен и алкохолот почна да удира.. Одненадеж се најдов кај дечко ми во соба со легенче под фаца и уште пијачов голем се праи фраер: што ти е тебе, не повраќам јас, тргни ми го ова од пред фаца. и само што го тргна отиде да направи кафе. после тоа го имавме најубавиот секс во живот и таман си се спремив да си одам ми дојде нагоре. дур дојде дечко ми сегенчето јас си се испразнив во раце ( дејче домаќинче не ми личи да се лигавам) и сета содржина ја испразнив на тепихот кој немаше една недела како беше купен. неколку секунди подоцна јас веќе го ббакнував дечко ми со рацете кај него на лице. Дома мајка ми ме начека, а таа е од типот на луѓе што не е по праење глупости и коса му се крена. Си ме соблече си ме легна и јас после два саата бев како нова

    ПС. заборавив да напоменам, после неколку месеци дознав дека спалната од мајка му и татко му на дечко ми биле уствари одмна над неговата соба, а јас не сакам да знам колку сум крештела и смеела и кикотела, а за другите звуци нејќам ни да праам муабет
     
  14. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Е кај се другите две ??? :rofl: :rofl:
     
  15. Lacrymosa

    Lacrymosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    90
    едното остана на една фасада кај една краветина во охрид.. аххх црвено вино на бела фасада- неодолива комбинација
    а тоа третото е уствари прво те прва консумација на алкохол... Јас во средно претежно бев бубаличе во поглед на цигари, алкохол и секс и слични ствари. Често правевме женски журки во зависност која од школските е сама дома... и правиме кај мене вотка-боровница парти. ја од алкохол само имав помирисано и тоа од облоги.. у друштвото имавме две другарки што беа пијачи те алкохоличари и јас и уште една што алкохол не стававме у уста, другите беа умерени. јас прв пат ќе пијам алкхол те боровница со две капки вотка. кој ми го направи кљакерот да му се деси истото што и мене. си испив јас чашата и одеднаш телефонот почна да ми паѓа од раце, па одеднаш се најдов во кујна како двете алкохоличарки на сите останати ни ставаат сендвичи во уста и варат кафиња. Ко му ја креснав да плачам, да плачам, да цмиздрам за во моментот бивш дечко. ко крава. подоцна ми кажаа дека сум зборела: тој свиња една, педер, којзнае кај се курва, ја не сум будала... уфф којзнае кој филм ме тепал. у меѓувреме стигнало и кафето. На кафето се сеќавам ептен добро пошто беше незовриено и УЖАС ГОРКО, напраено на брза рака. е после кафето почна да се крева нагоре ама што дека. смотано дејче бев, незнаев да повраќам али па ко за среќа имав другарки со дебело искуство во такви активности и во блажена состојба ја исповратив кадата... тоа беше прекрасна глетка.. кадата од бела имаше добиено таква убава и нежна темна розева што уште појќе ми се стемни пош немав идеја како тоа би се исчистило.. се исповратив јас, ме легнаа, ме заклучија и алкосите продолжија да ги носат другите по дома па да си продолжат в диско. В кревет легната јас, кој филм ме тепал незнам, ми се врти в памет дека и мене ми се оди в диско. Културно поштено си станав си се облеков и отидов очи в очи да си се испокарам со бившиот. Тоа све беше убаво ама кога ја заклучував вратата ми падна клучот од рака, се развртев еднаш два пати и не го најдов ама нема везе, тоа не ме спречи да не излезам. излегов, се искарав, се изжуркав и си се вратив ама без клуч.. во 5 сатот немав намера да барам клуч, а немав ниту некоја друга опција. све живо затворено со спуштени ролетни. дома, во кујната, имаме едно прозорче да речам 1x1 ќе излажам... кујнско прозорче знаете како изгледа, може да е негде пола метар на пола метар и се наоѓа на отприлика два метри од земја. На цело мое пијанство, уште не знаев кај сум, без скала без ништо јас успеав да влезам дома. си станав од 7 сатот, си отидов по леб и млеко, успут си го најдов клучот оти тој ми паднал пред нозе само јас не сум го ни побарала. после си ја истрзав кадата и среќно и весело ги чекав мама и тато да се вратат од пат :x
     
    На Bitter-Sweet, Buttterfly, TheCandy880 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.422
    Допаѓања:
    91.478
    Пол:
    Женски
    Обично не пијам, не дека поминувам без ништо, но до 2 чаши џин-тоник. Имам три пијанства се на се и тоа ќе ми се смеете од колку сум се опила.
    1. Бев излезена со другар и со другарка и ај на кафе прво, ама ние пиевме коњак. Јас испив еден тие по 4 и ај рано да си одиме дома, продолживме во друг кафич и таму испив 2 текили, а тие по 5 текили и 2 коњака и ај излегуваме да си одиме, јас не можам по скали да се симнам, кај заматена па и штикла 12ка. И така другар ми ја донесе колата пред скалите па едвај се симнавме со другарка ми. Ме донесе дома, до врата и си влегов, си легнав така облечена, само штиклите ги соблеков.
    2. Со другарка се договоривме да одиме на коктел , арно ама јас претходно се договорив да одам на варено вино. Отидовме прво на варено вино , испивме по една чаша и ги оставивме другите отидовме на коктел. Испивме по 2 коктела и пошто рано отидовме во Пингвин паб. Таму сретнавме другари и ајде по еден џин-тоник, па уште по еден и испивме 3. Е сега ај накај дома. Двете со штикли, едвај до такси сме отишле. И доаѓам дома , пробувам да ги соблечам панталоните не можам, едвај ми текна дека доле имаат патент.
    3. Се собравме друштво кај другарка ќе пиеме. Одиме натака со тогашниот дечко и ми вика јас не планирам да пијам, но ти ако сакаш пиј, после не мора во дискотека да одиме. И отидовме , мавнавме 2 шишиња водка, јас 4 чашки сечена и ај накај дискотека. И дечко ми ми вика-Ќе одиме и јас не, сакам сами да сме. И така дојдовме накај мене и застанува на улица и јас -ај кај мене. Не , пијана си , не сакам да те искористам. Бре што машко ќе да беше. Станувам јас од кола и тој-чекај до врата ќе те однесам. Јас се налутив, му ја треснав вратата и му викам не сум пијана, сама ќе одам. Ме зезаше осмици сум правела, ама не правев. Стигнав дома и мајка ми-рано се врати. После излегување обично одам кај неа во соба, ама сега се пикнав кај мене. И ај сега да се соблечам, не ми се верува дека сукња не можав да соблечам. Ја соблеков некако и се бапнав во кревет.
     
    На crimson и TheCandy880 им се допаѓа ова.
  17. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    ААААА еднаш во интернатот како се опивме од црвено винооо.. Бевме викани на роденден во една соба на машки спрат.. Со една момичка од друга соба се натпреварувавме која повеќе ќе испие.... И двете се опивме ... Таа си легна.. Ама јас мене легнувањето ми е многу тешко :worried: ... Отидов во една соба и одеднаш излегов на тарасата и :puke: :puke: :puke: ... Многу ми беше тешко ... Наредниот ден бев на школо главата не да ме болешеее :| ... Важно беше убаво си поминав :D а и многу ме прашаа наредниот ден дали сум трезна веќе :$ :$
     
  18. Anggie

    Anggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    36
    Бев на роденден кај братучедками, дојде живата свирка си светнав пола кило коњак... Милионерче.. Чочеци... Зелене очи ... изгубив контрола и паднав од столот врз маса т.е сум паднала не памтам мн. :D И цел роденден го пропуштив и торта и шампањ у п.м ... се симнав кај 8 сабајле шо ке видам уште терат роденден си продолжив со ракија се начукав пак ама сеа немаше маси се беше надвор ... и така веке 2 недели главна тема за муабет сум у друштвото.... т.е не само јас имаше многу пациенти..пола екипа :D .... малку се нервирав у депредија паднав за тоа. Сепак млади сме ми се нема само мене десено :D
     
  19. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    ^ е ова е вистинска пријателска љубов :lol: :)
     
  20. co.li.bri

    co.li.bri Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    0
    Допаѓања:
    1
    Во почетокот на врската, со дечкото решивме да отидеме во клубот каде што и стално си одиме...ИИИ јас не ко по навика, ама пак нешто слично се опив повеке од тоа што некогаш сум била пијана :/ пошто и двајцата сме пушачи решивме да излеземе надвор и да запалиме цигар...е тука баш на таа смрдена врата (измегу) ми се заглави штиклата :$ и не само тоа па и си тргнав без неа :$ и морав да се вракам и да го заглавам речиси цел сообракај за да м0жам да ја извадам ..не можете да замислите колку ми се смееја, ама срека што се познавав со сите тие..па и на крајот не беше толку страшно..:D