1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашето незаборавно пијанство

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Zaljubena111, 23 октомври 2010.

  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Бевме во Бугарија со другарка ми,... преку некоја фондација, имаше деца од мкд и од србија... стварно беа многу фини, веднаш си се зближивме... арно ама, тие да ти биле мераклии на чашка, и тоа бааги големи :D иначе, јас и Х ( другарка ми ) немаме навика да пиеме многу... чаша две, ама никогаш да се заборавиме...

    И така, фино лепо стасавме, се сместивме... и вечерта некој ни тропа на врата... отвораме, кога... сарпрајс.... изнакупиле за пиење, од пиво до мартини.. како си седнавме, 5 дена, 5 вечери... секоја вечер се попијана и попијана си легнував.... рипав на креветот, сакав да правам стој на раци, да ја носам на кркач другарка ми... се возевме во лифтот и ни беше фора да се заглавиме меѓу спрат, па рипавме да не пушти до спратот... еден ќе испадне, ние пак до горе, и рипај до спратот.... :tmi:

    Врв беше последната вечер, кога дента си ја повредив ногата... да спомнам тука, дека уште од почетокот имаше некои симпатии од сите страни, фрчеа љубавни искри на сите страни :lol: и таа вечер, нормално поднапиена... и му одам на типот шо го бендисував... му викам, сакам ТИ да ми ја масираш ногата, ме боли... овој ми вика, не се секирај,... доктор ЈАС ќе те среди.... :geek: и другарка ми ми го прати во соба, ја као во болови не можам да се помрднам нели... :rofl: и стасува ,,докторов,, поднапиен... и почнува да ми ја масира, па ми ја преврзува.... фала богу оти бев лакирана, тоа ќе речам само... хахаах

    Како што мирољубиво си седев, наеднаш срипав, и му викам... ја морам да се мијам раци,... |( чекај ме тука... и со сиот памет одам во купатилото,... и ми текна па зш да се мијам со ладна вода, пушти си топла од тушот.... одам си го пуштам тушот... ииииииии ВРРРРРРРРРРРРРРР цела можна вода од цел проклет хотел на мене истече... :swear: и влетуе типов во купатилото... оти јас спискав... а јас онака цела водена :emo: и ми ја прави, шо напраи бе, нели раци ќе се миеше.... и викам, аха аха, оди ти ја ќе дојдам.... и ауф да ме нема од собата,... овој виде не виде, си испадна по 10 минути... јас си се исушив и си легнав... сабајлето кога ме разбудија некој ме покрил, ама појма немам кој :lol:
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.060
    Допаѓања:
    66.787
    Пол:
    Женски
    Бев на неколку дена кај една колешка од факултет во друг град. Втората вечер излеговме и мене така убаво почна да ми лизга, па се зашмекав со келнерот и цела вечер само ми ја полнеше чашата, а си пиев коњаче. Позади мене имаше еден дечко што ми го фати окото, иако не можам со сигурност да тврдам колку беше убав, мене тогаш нели згоден ми се виде :lol: И се заигравме, натаму наваму, јас за тоа време така убаво се кленосав и тука имам една дупка, не знам баш што се случувало.
    Следната сцена на која ми текнува е јас кај него дома, гола нагоре, он надоле и се спремаме за секс. Ама онака ко у филм, се освестувам во еден момент, се чудам кај сум и само му реков ау па не сум јас за секс. И он ме погледна онака зачудено и ми вика Па зошто дојде? И знам нешто почнавме да се караме, држ не дај работава, ја облеков маичката и истрчав од станот. Се симнувам доле и... Не знам кај сум :lol: Зима беше, јас камен, само на маичка, се чудам кај сум... И немав друго, се качив пак горе, ама не ми текнува кој стан беше. Го погодив од трет пат и ми отвара типов и ми вика Се премисли? Ајде! Не, не му викам не знам кај сум. А тој шупак, не да ми даде нешто да нагрнам, ме остави така полугола на студот :^)
    И ме врати таму кај што бевме, колешкава, со друштвото мислеле во полиција да ме пријавуваат, тоа 5 сабајле станало, а ме снемало негде накај полноќ, како што ме известија. Среќа кога ме виде толку и олесна, па не беше нешто многу лута :rofl:
     
    На Gosh, Bitter-Sweet, SV1911 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Првата моминска вечер во моето друштво. Се собравме едвај 5 другарки прво кај мене на загревање, шмукнавме околу 5-6 литра бело винце и си викнавме такси. И кај ќе одиме, и ајде правец во кафеана на 70км од нас :D . За по пат си земавме едно литро вино што ни остана и си го испразнивме за 10 минути. Пред да стигнеме на местото на злосторот, не сопре полиција (не нас, таксистот де). Ни побараа лични карти, а ние внатре 5+шоферот-претовар. Арно ама тој не виде така све жени внатре и не пуштија.
    Стигнавме во кафеаната, и почнавме со порачките. Оп едно бунарче, оп второ, оп од тука се најде моево либе (кое тогаш ми беше забрането,а јас ненамерно му испратив порака дека сум во негова близина) и јас ни две ни три се најдов кај него на маса. По десетина минути, пак се вратив на масата кај другарките, но со моево љубено и зет му. Во истата кафеана имаше и ергенска вечер, пеачки со минич до пич...
    Песните се погодија, ние не знаевме веќе колку бунарчиња испивме. Почнавме на столови да се качуваме, една другарка проба и на маса да се качи, ама моравме да ја симнеме оти имаше шанси да се скрши масата :lol: . По долго лудување, две другарки заспаа, се потпреа со главите една на друга и заспаа во сред кафеана. Ги разбудивме и ги изнесовме надвор малку воздух да ги фати. Едната (која е многу мирна инаку) почна да се пушта на сите машки што минеа, а еден дури и подари цвет (уствари цветот беше барска трска).
    Ај се прибравме некако пак внатре во кафаната, и си продолживме со пиење. Јас знам дека се отепав сликајќи се со моето сакано, го гушкав, бакнував на образ... Едно време и во ВЦ го следев (тој дел ќе го прескокнам :$ ).
    Решивме да си одиме. Му се јавивме на таксистот и ајде правец назад 70 км возење. Е сега проблем имам што цел пат ми е дупка во мозокот, се сеќавам само кога тргнавме и кога стигнавме, а измеѓу ништо не знам. Ми велат другарките дека две спиеле, ние другите три сме пееле цел пат.
    Се прибрав дома во 6.30 со најпијаната после мене другарка која правеше моминска вечер (која беше и бремена 5ти месец), си пиевме кафе, па некако ја пратив дома неа со такси.

    Утре дента кога станав, бев претворена во едно огромно смајли :D
     
  4. thatsmysecret

    thatsmysecret Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    215
    Леле девојки се изнасмеав на вашите искуства :rofl: :rofl: :rofl:

    Јас во принцип сум тешка пијандура и кафанџика, обожавам алкохол, секако во умерени количини. :angel:
    За последново и не знам баш..
    Па еве мое искуство пред 4-5 месеци.
    Јас и 4 другарки, што сме си познати весељаџики одлучивме да имаме луда вечер.
    Прво, за загревање се собравме кај мене, бунарче, водка, швепс, џус, што дал Господ, што беше при рука.
    Ѕврцни една, ѕврцни друга, не можев да ги добројам чашите. Се загреа атмосфера, па сите најдоа замерка дека немаме музиче малце, уште саат време да се позабављаме и да идеме во Хард Рок. Јас дрвце направена, не знам каде ми се цедињата, компјутерот, се ми беше смешно и решив да одам кај комшијата од четврти, он е исто ко мене кафанџија, има јаки песни. СО ЦЕЛ ПАМЕТ, се симнав доле со уште една другарка, по пат се такмичевме која повеќе скали ќе рипне, се испоубивме, и стигаме кај Манце на врата. Му ѕвонам јас гордо, со топлинки на нозете, отвара он и јас почнав да мешам зборови, реченица проста не можев да составам, па почнав да му пеам и другарка ми вика сум почнала да му се пуштам, тука имам голема дупка. Само знам дека горе кај мене во стан, стигнав како-така, повуци-потегни.
    Се деси што се деси, сите бапнати на штикли, која од која, ќе фаќаме такси, како госпоѓи, да не одиме пешки. Такси ко за беља немаше, или не приметивме. Се влечкавме по Партизанска цели радосни, сме го ослободиле Скопје. Нели, дестинација ни беше Хард Рок, епааа завршивме на улица Македонија, во 12 саат, само ние и птичките на дрвјата. Чат-пат ќе помине некој пијан... Си седнав јас на клупа и почнав да плачам за мојата љубов. Дека веќе не ме сакал, готово било, го пцуев... Другарка ми па ме снимала, ден денес кога се гледам не можам да верувам која будала сум јас, се газам од смеење.
    Што се дешавало таа вечер друго не знам, ми кажаа дека сум цмиздрела дека сум разочарана од самата себе, дека вакво нешто никогаш нема да повторам и сум тргнала накај дома. Сабајлето видов дека сум легнала пред веце, пред врата на ќилимчето, а од штиклите што ги носев ни Ш. Сум ги оставила негде по пат, ништо чудно...
    И од цела оваа случка има една не решена мистерија, како сум влегла дома кога со мене немав ни ташна ни клуч.. :D
     
    На Bitter-Sweet и De-lovely им се допаѓа ова.
  5. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Вечерта пред излегување отидов кај најдобрата другарка да ја соберам и заедно да одиме, арно ама јас кога стигнав кај неа само што се избањала, и да не се нервирам зашто знаеше дека мразам да ја чекам додека се спрама, решивме да пивнеме домашно црвено винце и мезе сиренце. Потоа не се придружија уште две другарки и наместо во 21ч излеговме во 23ч, ни се соарни винцето. Конечно излеговме веќе добро и видно загреани :d: :lol: , поминавме низ неколку ноќни клубови набрзинка, секој од нив го залеавме со црвено винце, од таму правец дискотека, за во 3ч наутро да завршиме во кафана...Можам да кажам дека супер си поминавме...Јас сум прилично економична-една ми е малку, две ми се многу...а вечерта не знам колку беа :$ Арно ама клучот од дома сум заборавила да го земам. Имав полициски час, најкасно до 3.30ч да сум дома. Знаејќи дека каснам и плус дека сум пијана, решив наместо да и ѕвонам на сестра ми на моб. да ми отклучи да одам позади кај што беше нашата соба и да и тропнам на ролетна...Пошто не можев со рака да тропнам (далеку ми беше, не можев да докачам), под терасата земав еден колец за патлиџани и сум се растропала ти се чини пола комшилук треба да стане-пијана работа - ако ѕвонам ќе ги разбудам сите дома, а вака со тропање никој нема да чуе :fubar: ...Општо познато е дека кога си пијан намален ти е слухот, јас си мислам малку сум тропнала...И одам на врата, ја чекам сестра ми а пред мене татко ми :$ :wasntme: И ми вика браво ќерко, колку е саат, а ја мртва ладна-4 и 15...ете ти ја и мајка ми ...што е, што се случило, а татко ми и вика -ништо, легни си ќерка ти е пијана. Се сеќавам дека се поднасмевна, а потоа строго ми рече-мрш у кревет утре ќе збориме..ко попче одма избегав во соба, за малку ќе се искршев по скалите..Утредента лесно поминав, само ме казни со еден викенд неискачење... :angel: Ама оттогаш секогаш си носев клуч. Уште посмешно или потрагично е тоа што сестра ми не ни мрдна..се успала, спие ли спие, топ не ја буди |-)
     
    На nice-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    255
    пред 2 години со другарките на одмор во охрид 7 другарки жени еден куп бевме сместени во населба после градот охрид и оти ни беше далеку а и скапо секоја вечер да одиме вака си одевме до околните кафици и така фино лепо си организиравме превоз си се дотеравме и стасавме во дисково и почнаа да се порачуваат текили вотки пива подморници јас испив некаде 6-7 текили + уште нешто и малце си бев зашеметена ама едно убаво чувство некои од другарките ќе се фрлаа во езерото да се бањаат во 2ипол-3 саатот па едно време пред да си тргаме застанавме пред дисково со неколку од другарките и почнаа да ни шшкаат машки коа им се стилив да ги тепам арно ме разубедија.за назад пеење ли имало што ли уште не е веќе коа се прибравме си продолживме на тераса со винце некои од другарките си продолжива под ладен туш со повраќаници и јас ни абер од тоа до душа се ни беше смешно па имаше моменти и на лигавење ама тоа траеше едно 5 мин па окезени до уши и сабајлето нормално сите |(
    а и еден друг случај се собраме кај неме 3 другарки другите неможеле кој учел кој нагости итн си направивме бунарче и стално пред пиење си викам сеа одам до 10 чаша (божем некоја голема пијаница сум а нема благе везе) и така пијам пијам и стасав до 8 чаша и почна да ми се врти и видоа другаркиве ме кутнаа на спиење :D :D :D сепак тоа беа убави времиња и посакувам да се вратат ама јебига сите си се разбегавме на посебни страни :)
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.060
    Допаѓања:
    66.787
    Пол:
    Женски
    Еднаш излелеговме цело друштво, меѓу кои и мојот сегашен дечко, а тогаш бивши мувач, меѓутоа бевме во фаза на другарство. Јас пред тоа решив дека нема да пијам, да не се изглупирам нешто како и секогаш. При пристигнувањето во диското земав веднаш еден коњак, малку да се размрдам. И решив на тоа да останам. Додека одев накај вцто, поминав од кај барот, сретнав едни познаници и тука на нога испив три коњака, па отидов до вц, па на враќање дрмнав уште два, со некои што прв пат ги гледав, ама љубезни момците, ме почастија, и така се вратив кај друштвото. Тука веќе добро загреана почнав да си ги покажувам денсачките способности, успат пиејќи по некое коњаче.
    На следното одење во вц, ме грабна некој дечко, троа да поиграме, па ми се виде симпатичен, па се разлапавме малку, па си продужив до вц. На враќање, добив уште една тура лапање. Арно ама приметив дека он(дечко ми, мувачот, другарот)ме гледа. Требаше тогаш малку да се свестам. Ама алкохолот си го прави своето. Како за инат на него се смував со еден друг колега, тука пред негови очи. Мислам дека побесне тогаш. Излезе како виор низ вратата, а јас знам дека се свртев во еден момент и го немаше. Истрчав надвор, го стигнав на скалите и почнав да му се фрлам и да го бацувам. Абе пијана работа у пм. Знам нешто он ми се дереше како сум можела, па јас почнав да му викам дека само него го сакам, тоа од инат дека го правам. Он ме остави на паркингот и си отиде(што е сосема разбирливо), јас се вратив внатре и продолжив со другиот. На крај заглавивме негде во некои темници, на некои скали, не се ни сеќавам дома како сум дошла, ни кога сум дошла... Знам само дека се разбудив со ужасни мачнини, облечена сосе чевли, ама битно бев во својот кревет :lol:
    И мислите дека ова ме опамети? Е за жал имав многу вакви епизоди, некои и многу полоши, ама во друга прилика :)
     
    На Gosh, Bitter-Sweet, Buttterfly и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Бевме повеќе другарки излезени и на крај во дискотека,а таа вечер пиев по принцип тоа што пие тој до мене-пр.ако другарката пие шток,пијам и јас,бидејќи немав идеја што да пијам.На крај бевме во дискотека,а јас во добар дел имав испомешано „што пиеш ти,тоа и јас„ па тргнав сама во тоалет,па гледам почна да ми се врти,го спуштив капакот на шолја и си мислам да почекам јас овде,да ми помине,после пеш ќе си одам дома,другиве ќе ме бараат ќе си речат сум си отишла,па ќе си одат и тие.Пијана работа-на крај и си поверував во сценариово.Ама ме најдоа,па викање пред врата-„излези„,јас „не излегувам,одете си,добро ми е,што ми досадувате?!„На крај еден другар ја турна вратата и сега ќе си одиме.
    Излегуваме и јас застанувам пред една сребрена „вектра„ каква што имаше другарот со кој дојдовме и им велам „ајде,сега што чекате,нели си одиме?„ „не е таа „вектра„ моја„-вели другарчево,јас се карам „вие луди ли сте,па не сум јас до толку пијана да не се сеќавам?!„ на крај,ми текна каде се паркираше другаров,ја гледам таму лево подалеку неговата „вектра„,па одам натаму и им велам „дечки,па јас цело време ве зезам,ајде да си одиме конечно,а?!Вие мене ме мислевте толку пијана што не би препознала ништо пред себе,хехехе„ и ден-денес не знаат дека јас навистина згрешив на почеток,мислат дека само сум се зезала :D ...
     
  9. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    700
    После 3 месеци пауза толку се начукав на една свирка на АКВАРИУС,и кога заврши журкава,другарка ми оди кон Иван (па и мене ме влече нели по неа пошо јас неможам да расудувам :D ).И оваа знаете го испофали,ко крена у облаци (а јас не сакам онака коа толку ги фалат луѓето и после да ми се прчи со носот он :D ),па морав да се замешам у муабетут и ни две ни три : Извини дечко ја не те познавам тебе,може да се запознаеме?
    Овој ме глеаше ко тазе стрижена овца 3,56 мин. и после му текна: Иван,мило ми е.Па добро е викам ти текна како се викаш,Елена мило ми е :D :* .И си влегов у кола :)
     
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Едно незаборавно пијанство беше некој празник во малото градче.
    Ние, 20 и кусур души оптегнати на маса, како некоја свадбарска трпеза, а јас весела, расположена, бунарче и се' ми е полно-рамно.
    Одеднаш станувам од столче и се оптегнувам преку масата да му покажам на мојот најдобар другар какво прслуче носам и дали некој момак ќе ме бендиса, демек на шала.
    Секси требаше да биде.
    Така се тегнам, деколте-изволте на маса, а келнерот да ти дошол позади мене и ми го помрднал столчето за да си направи малку место и да послужи.
    Келнеров си заминува и јас демек да седнам... и седнав, НА ЗЕМЈА!
    :D
    Не знаев дали да почнам да се смеам или да плачам, сите зјапнале во мене, а мене што од срам, што од болка во газот, одвај станав и триумфално седнав на столчето.
    Мислеа ќе си заминам дома, аха, пази немој!
    :muscle:

    Во една друга прилика со мојот најдобар другар страшно се начукавме и исто во нашето градче на плоштадот добивме брилијантна идеја - да скокаме во елките.
    Значи , не беа нешто многу високи, онака, елкички за мерак, и ние со цел памет дотерани, излегуваме од дискотеката и одиме - да рипаме во елките :^)
    Ги испокршивме, кутрите...
    Боцки имав во косата, на облеката, дури и мала гребаница на лицето.
    Деца |(
     
    На Bitter-Sweet, Buttterfly, AlicaInWonderland и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    2.964
    Ах,да беше само едно...повеќето се незаборавни...ама ке издвојам едно најпосебно...
    Петок вечер се собравме со другарките кај мене,на времето кога смедеревката беше 51 денар(ах...) и која имала вишок пари во неа купила вино,имавме 9 флаши вино,а бевме 6 девојчиња...направивме бунар и си се запивме онака лагано,немавме план да ги испиеме сите 9 флаши...ама ни тргна пиењето,муабетот...две од другарките отидоа порано во дискотека и ни рекоа дека ке не чекаат таму,останавме само ние пијаниците,мора да допиеме,да не оди зијан виното...пиевме шо пиевме,испивме се и решивме да одиме и ние...стоиме на врата кај мене,не ни текнува ни еден број од такси...ај некако почнавме да размислуваме сите заедно и ни текна еден број...се јави една од другарките и не и беше јасно што треба да направи,почна да се смее на телефон и ни спуштија,нормално...после 3-4 неуспешни обиди успеавме да си викнеме такси и на излегување една од другарките ми вика-стави ги цигарите кај мене во ташна и стварно не ми е јасно како буквално сум го сфатила тоа,само знам дека ја отворив кутијата и и ги истурив цигарите внатре...после 2 мин и текна на другарка ми што направив(јас уште не бев свесна) и ми вика-држи ја кутијата да ги вратам цигарите,ја ја држам кутијата и кога погледнувам,во кутијата-моливче за очи,моливче за уста и кармин :D ...ај го средивме тоа некако,излеговме некако од кај мене,влеговме во такси,на таксистот му кажавме скрос погрешна улица,буквално не сврте низ цело Скопје,и плативме еден куп пари...конечно стигнавме во дискотеката...ги најдовме другите,влеговме,прва глупост што ја направив беше што не го препознав дечко ми :$ ,после тоа имам една голема дупка во меморијата,следно што се секавам беше тоа што од непознати причини го имав гушнато стубот во дискотеката и за ништо на светов несакав да се мрднам од таму...ај некако овие потрезниве не прибраа,најдоа слободно сепаре и не седнаа таму...седевме што седевме такви мртви(и сеуште пиевме,нормално) и наеднаш на другарка ми и текна дека сака да игра,стана девојчево(седеше до мене) и ми вика-абе види нешто ми тежи на гзот,незнам што е,кога гледам што да видам-ташната и се закачила на гајката на фармерките,леле луге колку беше тоа смешно,значи огромана ташна и висеше позади на гз,кој знае колку време ја мкнела,ај некако и ја откачив...па ај игравме што игравме,решивме да си идеме,кога-ми ги нема крзната од јакната,па ги баравме,па ги станувавме лугето,па ги врегавме...пијана работа-срамота...некако влеговме во такси,отидовме пак кај мене,земавме пак за пиење и такви пијани игравме макао...па излеговме на тераса и ја слушавме на моб погрешан број од цеца,во 5 саат сабајле,па ни излезе комшивката,па сакаше полиција да вика...на крај некако си отидоа,до ден денес никоја не се секава како си отишле...
     
    На Gosh, Bitter-Sweet, SV1911 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    едно ама вредно...пред точно една година толку сум била пијана што не се секавам кога ме донеле другарките дома и како мајка ми ме пресоблечила за да спијам...нормално повеке сум била во вц него во кревет жалната бес сон сум ја оставила ама срека нема да се повтори никогаш повеке дури и немам алкохол ставено во уста од тогаш
     
  13. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Па има неколку ова ми е од вчера колку да ви признаам на вас.Дојде другарка ми во 18ч на кафе ај сестро по една ракија направи салата таа зеде јајца,сирење мезе како некој мажја една по една подбуткаме со вода муабет се си изнакажаме.Сами одамна не си беме седнале да си се исповедеме а и добро се начукаме чудам се како и неплакаме оти јас со ракија две почнам и да плачам.Камен се направи во 21ч30м ојде си другарками јас кома со тренерки,шминка моментално сум заспала будам се 3саат глава ке ми прсне лицето црно од шминки, фризурата приказна за себе,желуднико ме копа за јадење јадеми се па ми се лаее.Јаде,лежа ама никако да заспијам а и шо ке спијам отспана окорена и сега од ниедно време сум будна ке издржувам на работа.Не е некое пијанство и немам интересно ништо ама јас се здроби и тоа во домашна атмосфера. :clap: :clap: :clap:
     
  14. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Единствено пијанство. Ок лажам, две се.
    Другарка правеше роденден...направив 3000 сметка, парите=непребол (инсистирав сама да платам :!: не сакав да бидам апла сељанка што ќе се начука на сметка на друг). На празен стомак, спиена 2-3 часа, отидов после работа таму. Впрочем не само што славев нејзин роденден туку и фактот дека прекинав да работам, бев горда на себе. :D 12тина текили, мартини, камикази...Си го отворив фино шејкерот и на екс тоа, и вино на крај. Додека седев ништо не ми беше, викај по келнерот, ама откако станав. Леле мајко. Фатив такси, и од ЈБТ до малку после железничка сменив три пати такси. Само што влегов во едното, му фрлив парите и искочив да повраќам. Одвај дојдов дома, легнав да спијам, ама не се може бре. Се ми се врти. Саат време стоев како ненормална и на крај ја викнав мајка ми да ме успие. Вториот пат ништо посебно, сама си нарачав Александрија голема, другите не сакаа да пијат скапо вино, со парите за тоа ќе купеле две Смедеревки, па ќе се начукале...и како жална врба сама ја испив во неколку замави. После се клатев. Брука. И сегашниот дечко беше таму тогаш со мене, тој период како уште си се свиѓавме срамежливо. :D Срамотилоци во какво издание ме виде. И да, не паметам многу од таа вечер, освен дека беше Стара нова година и дека кога дојдов дома заспав во кревет, а се разбудив во тоалет, легната на када. Да земе човек да ме слика и на мотика да ме стави. :D
     
  15. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Има неколку... не пијам често, ама кога ќе се напијам обавезно глупости правам.
    Прв пат се начукав на Нова Година, лани. Во дискотеката во која славевме беше и мојата непреболена љубов, бев мнооооооогу "заљубена" во него, ама никогаш не сум правела сцени пред други луѓе.
    Арно ама, викам ај Нова Година, ќе се напијам некоја пијачка, и на тепка викам "една сечена водка", и убава ми се виде, како сокче. Ја испив во рок од 2-3 минути, и уште една си земав. Ја средив и таа, и почна да ми се врти, ама си викам нема врска. После третата неможев да стојам(се ова се случуваше во 15-20 минути). Почнав да шавам лево-десно, дремнав на едно сепаре, па станав, играв, се дерев и :!: го видов бившиот мој како игра со некоја си таму. Е тука почна интересното. Почнав да плачам, не, почнав да рикам. Застанав на сред дискотека, ги гледав и си плачев. Другариве и другаркиве ме трезнат, ми маваат шамари, јас плачам ли плачам, и само викав "Ама јас го сакам, го сакам, не знаете вие колку го сакам, се ќе направам, се, се!!!". Го натераа идиотот да дојде демек да ми зборел нешто, и кога дојде јас почнав да му се бесам, да го тегнам, му викав ТЕ САКААААААААМ РАЗБЕРИ и буквално го напнав, му липав на рамо. Овој на крај се тргна и само рече "неможам да се расправам со пијани луѓе."Тоа уште повеќе ме докрајчи. Уште некој саат ипол плачев, кај сите одев и им плачев. Пијанство кое ме избрука доживотно и дефинитивно сакам да го заборавам. Не беше интересно, воопшто.

    Вториот пат беше поинтересен. Беше некоја недела-две после првото пијанство. Се собравме неколку другарки, имавме вино и водка. Јас идиотот, од две-три чашки бев камен, стуб, толку ми треба. Другаркиве-исто, сите пијаничишта. Поседовме некое време, и ни се здосади, немавме што да правиме. Секоја од нас несреќно заљубена, и ни дојде идеа да одиме таму кај што беа вечерта нашите љубови. Се качивме во такси, и рековме ајде ќе идеме прво кај мојот на врата, да го видам, па ќе идеме на друго место. Стигнавме кај него пред куќа, таксистот не чекаше, ние сите четири излеговме да му ѕвониме на врата. И, што да видиме таму... неговите патики, и до нив, патиките на една негова тогашна муваторка. Јас се изнервирав, му ги земав патиките и му ги фрлив во контињер.

    Третиот пат, бев излезена во дискотека, целата дотерана во штикли, се скаменив од некоја водка. Како и кога сум дошла дома не се сеќавам. Сабајлето кога се разбудив, видов дека сум легнала со штиклите, капутот, и ташната црвсто фатена во раце. Цела ноќ така сум спиела :x

    Ете, толку од мене, си се расприкажав. Имало уште некое пијанство, ама биле понормални од овие :D
     
  16. emma-chan

    emma-chan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    10
    Бев 4 одд ми се чини, на свадба и се изнапив бело вино, ама после почна да ми се повраќа, ама ми помина тоа, и после почнав да пеам народни песни кои во животот ги немам слушнато xD

    Иначе веќе не пијам,
    јас + алкохол = празно множество
     
  17. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    :o 4то одделение??? машала, машала. Мене во 4то уште не ми дозолуваа газирано да пијам :D
     
    На Bitter-Sweet, crazylady и MacaLove им се допаѓа ова.
  18. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    381
    Ех младост лудост!ж
    Незаборавни ги имам неколклу ( повеќе се ) ама ја најинтересните ќе ги напишам...

    Моето впрочем и прво пијанство плус незаборавно чинам дека беше при крај на 2 год средно на другарка роденден. Се собравме 6 другарки и 6 литра бамбус...Првин ај помалку поспоро првите две чаши, е кога не зашамутија тие првите 2 чаши почна озбилно со наздравување, ја и една другарка нон стоп наздравувавме за дечковците, една друга па трета чаша веќе не ни броевме, мислам дека од втората чашка веќе бевме камен ама нема врска...имаше и плачки, па он не ме сака :D па палчевме што не не сакаа дечковците па една друга само што не скрши глава од прозорец, падна додека играше :lol: Другарка ми со која наздравуваме и плачевме носеше нешто бело се посипа цела ај нема врска, плашевме и зашто се посипа а у бело облечена ( среќа живееше блиску ) :rofl: Е после плачки и тепачки (да на една и лепвме и шамари она сама сакаше за да се освести и сите реднка по два шамара )и наздравување....Решивме да идеме во диско а знаете сите како вика виното "иди ти ја ќе те стигнам" и кога не удри чист воздух толку ни требаше.Влегуваме внатре баш на песната It's my life-Bon Jovi лелее уште одврата сите 6 у вис, скокавме на песната ( а иначе у кафиќот кај што идевме секогаш не знае како мирни ) :$ Се изнаскокавме сите на песната и ајде што ќе пиеме сечена вотка...уште тоа ни фалеше...и нормално тука беше и мојот бивши кој уште го сакав :$ ја молев другарка ми да иде да му каже дека го сакам , на неа толку и фалеше трк кај него му кажала и се враќа и ми вика дека знае сега, и ја па зашто како си можела а она ти ми кажа ја појма немам и они сите ме заебаваат немаш срце да идеш да го зала**паш, а мене толку ми треба е ај ќе се кладиме се кладевме и ја трк кај него пред сите го залапав и на другарките и им викам ај сега а јаден дечкото ме гледа што и е :^) Па после се карав со него, абе циркуси...среќа што не спиев дома него кај другарка!

    Е 2то е летото иста год тазе пијаници ние другарки идеме првапта на одмор сами во Охрид...И во еден кафиќ ( заборавив како се викаше ) имаше happy hour ( 3 пијачки по цена за 1 ) и плус шутери..и се знае нормално мора ние да пробаме, прво една тура ја плаќам текила, друга тура друга другарка пак текила, третата исто....ни здосади текила ајде друго да пробаме за еден сат веќе бевме дрва. И ајде идеме у дискотека Скај мислам се викаше, пееме по улици, и стигнавме влегуваме внатре кога гледам дечко ми ) оној истиот од претходната пијанка, во меѓувреме се помиривме ) стои со една глупача ( мнмогу го сакаше а мене ме мрзеше ) Кога ме виде побегна, се карав со дечко ми он ме гледа ме смирува ја урлам му викам е сега ќе види она и со вие другарки две отидовме да ја бараме, он ме влече немој срамота ја не чекај ме ти тука ќе ти дојде ред и на тебе....И така со другаркиве овие две низ гужва некако ја најдовме и почнавме да ја гураме намерно да играме до неа, ја поливме со чаша, за коса...среќа не не виде обезбедување ќе не намаваше кој блам цццц :x Дечко ми сето тоа го гледал и од срам си отишол и се враќам ја задоволна као демек јака ствар сум направила, ги прашувам кај е дечко ми они не знаат као демек, леле уште толку се изнервирав идам да го барам по дискотека го нема нигде, случајно налетувам на еден негов другар што беше со него кога се видовме и му викам кај е бе дечко ми? и он не знам тука као беше....ја нервозна никој не ми кажува ќе го тепам овој,го фаќам за рака и му викам кажувај????? и он абе изгледа дома си отиде....и ајде авантурата продолжува трк кај нив во куќа кај што беа сместени ( среќа блиску беше со другаркиве две се договарам и уште еден негов другар на дечко ми како да му се извинам брука хахахха....и они начин ќе му пееме серенада и решение најдовме готово серенада под прозорец леле....и стигнавме и кога се распеавме ( т.е. раскрекавме пошто ниедна немаше глас ) цел комшилук у 3 сабајле излезе...и дечко ми од срам влегувај ма внатре и ми вика Ти ставрно не си тачна сс памет хахаххахах....Се покаравме малце и си се смиривме и сите сречни и весели си тргнавме накај нашиот стан и ко бајче спиевме....

    Третата е исто неколку месеци подоцна зима беше исто на другарка роденден купивме вотка и сок и ја и уте една другарка камен пак наздравуваме, паѓавме не ни даваа да пиеме забе на пола не се ни сеќавам како беше сами испивме 1 литар вотка сечена...веќе кога беше при крај не ни ја даваа флашата се тепавме се вќечевме со другарка ни...во кујна ме одвлече и на колена ме молеше да не пијам више и обеќав као демек....после со оваа другата крадевме од флаша надизавме кога никој не не гледаше...абе деца...И се спремивме за у диско ја ја нашминкав другарка ми и она мене кога не видоа едно око плава сенка друго око зелена сенка хахахха абе се згазија а ја уште им викам што има врска мала нијанса е не се познаваа....се пренашминкавме и трк у дискотека....и ја викам на другарка ми пред да тргнеме немој случајно да правиш осмици нема да ни дадат да пиеме, дај преправај се а она на мене Што ти е ма ? Па осмица е број осам хахаххаха Влегуваме у кафиќот и дечко и на другарка ми тамо и не смее да ја види пијана он не виде а ние бегаме меѓу луѓе ја ниска а она висока и се наведнува за да не ја примети а и ја не знам со кој поамет и ја се наведнувам...хахахха Излетевме од кафиќот и имаше едно сокаче сесокривме таму позади едни степеници без јакна без бишто смрзнавме а он цело време да бил позади нас хахаххаа ние не сме ни приметиле од што бевме уфилмани и кога не виде како се криеме и ни Што правите? Одма да станете ! и ние мирно застанвме и се церекаме хахахха ај мрш пред мене хахха нетачни...

    Имам многу вакви дешавки незаборавни ама може у друга прилика ќе раскажам за други! :drunk: :drunk: :drunk:
     
    На Bitter-Sweet, Buttterfly и baguf4e им се допаѓа ова.
  19. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    хахаха има многу не можам да издвојам некоја посебно сите пијанства ми се посебни ќе ми треба многу време ако почнам да пишувам :D :D
     
  20. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    хахахха и мене исто :D