1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашето незаборавно пијанство

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Zaljubena111, 23 октомври 2010.

  1. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Ајде уште едно пијанство од младоста...
    И беше роденден на другарка ми и кај неа почнавме да го славиме роденденот со црвено винце и тортичка, малку се загреавме (јас малку повеќе) и викнавме такси, нели ќе одиме во град, влеговме 4 девојки и уште една по пат требаше да ја собереме...во меѓувреме на радиото почна песната ЛОПОВ од Индира и едната другарка почна да се дере...ејјјј чичко, чичко попушти малце и почна да пее...лопов лоповеее, со оглед на тоа дека беше антитАленат за пеење а ние другите појма немавме која е песната прснавме да се смееме сите како нетокму :rofl: ...
    Ја собравме другарката и продолживме накај Беверли...седнавме на сепаре и почнавме да кажуваме смешни случки, јас кажував за точакот на татко ми што му се скрши на улица, една другарка за татко и кој се возел во автобус со отворен чадор пошто му се расипал и не можел да го затвори, друга за мајка и која се карала со некој пред продавница зашто мислел дека и го земал чадорот и др. глупости, ние видно потпивнати се смееме до бесвест, сите гледаат накај нас... |( Доаѓа келнерот и вика девојки што ќе се напиете од дечкине ...и ни фрли по една пијачка, па по уште една и и викам на другарка ми- нема смисла дај и ние нив да ги частиме...Го викам келнерот и прашувам- што пијат дечкине?-а тој- Џек Даниелс...и тука другарка ми се убацува-па што мора и ние да ги частиме (нивна една пијачка поскапа од сите наши..)и тука следеше хистерично смеење..
    Ајт после во кафана... Каде ако не во Деспина, нели роденден славиме, буџетот полека ни се намалува...ни се придружува уште една другарка (славеле баш тој ден некоја годишнина од матура)
    влегува бајаги потпивната и вика-еј како си поминав лудница, ама стварно не знам кај ми се парите..излегов со 50 евра а динар неам..проаѓа келнерот и му вика-дечко ај на сите по една пијачка, ние сите вака :o плус и келнерот ја слушна за парите и си вика :fubar: како ќе плати?- а она брца по џебови, претура ташна, му се врти го погледнува и му вика -донеси ти донеси..се врти накај нас и пак- стварно не знам кај ми се парите..пак накај него-оди бе, донеси што ти реков.. ние до доле, не можеме да се смириме..:rofl:
    Завршивме со Деспина, рано беше за дома и ајде сега во Голема Змија, играње, пеење, пиење, све пи*етана...околу 3ч речивме да си одиме...влагаме во такси, не поминавме ни 50 метри кога запна (другаркава истата што покасно дојде), да се вратиме, па да се вратиме..ај се враќаме..и му вика на таксистот- чичко а да не вратиш у Змија...ама нема да ти платиме :rofl: Добро вика човеков и не врати назад...кога не виде колку сме пијани само сакаше да се ослободи од нас што побрзо..Се вративме за да поседиме уште 5 мин. па конечно да си одиме дома...утредента на патерица кај славеничката и на евоцирање спомени :rofl: :rofl:
     
    На Gosh, Bitter-Sweet, Buttterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  2. bornthisway

    bornthisway Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    30
    Сеуште се смеам кога ќе помислам на тоа мое пијанство. Бевме со мојот дечко и една другарка Претор на свирка, пееше Игор Џамбазов. Седнавме на една маса, атмосферата топ и ајде сите нарачуваат чиста вотка, па ајде и јас :D а немам (немав)блага веза со пијанење. Дечкото ми вели „оваа вечер ќе се испијанам“, а јас демек „нема шанси оваа вечер јас ќе се пијанам, па еднаш и јас да видам како е“. На мајтап, намајтап и оп зедов 7 чисти вотки ги шмркнав како да пиев вода. Неколку пати ми нарачал дечкото, неколку брат му на мојата другарка и мене толку ми требаше.. Седната на столица цела вечер си се забавував, се смеев... преубаво ми беше :) Кога дојде време да бегаме му велам на дечкото да одиме по плажата оти ако одиме од предната страна има цел кафич да ми се смее, а тој не, не, не јас ќе те држам. Ме прегрна и ме носеше се дури не го начекавме Игор Џамбазов и ми вели „почекај ме тука да се сликам“, а јас ОК нема проблем. Го гледам со другарка ми која исто колку мене испи(само што беше поискусна во пиењето) се сликаат со Игор, а јас сум се потпрела на еден мерцедес т.е. се испружив врз него како крап, којзнае што си велев во моментот хахах “ех ова да беше мое“ :) Откако завршија понатаму продолживме да одиме за да стигнеме до кампот, а јас мртва пијана не гледам ни зад мене ни пред мене, кога во еден момент другарка ми се струполува на земја и дечко ми се обидува да ја стане и ми ја испушта раката, кога ме испушти јас се превртив на другата страна и оп - на газ :D :D незнаеше кутриот на која страна да се заврти, тешко него со две пијаници :) Кга стигнавме до кампот морав да одам во тоалет и кога седнав на шолјата да ме отепаш не памтам како станав и како успеав да си ги запетлам фармерките, па почнав да повраќам, да плачам... комедии!!!! Не можеле да ме убедат да ја исправам главата за да ми биде подобро, а јас не, не, не вака ќе ми биде подобро... Едно време на мојот дечко му пукна филмот, па ме крена в раце,ме однесе во собата, ми ги соблече сандалките и ме легна на кревет, а јас како бебе си заспав. Тој кутричкиот се испреплашил и цела вечер не склопил око во случај да не ми притреба нешто или да не ми се слоши.. душичка! Утрото се разбудив, а тој силно ме имаше прегрнато и ми вели „Добро утро пијанице! :):D Епа тоа беше едно од моите потрагични пијанства, а воедно и првото ;)
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MiiLla

    MiiLla Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    53
    Беше тоа многу одмана бев седмо оделение и го славев роденденот, не знам што се не испив испомешав премногу алхохол и цела нок ја поминав во вецто повракајки, на крај завршив на токсикологија со две инфузии, кога и се јавија на мајка ми да дојде на болница на жената душата и се земала кутричката си помислила дека кола ме удрла, кога ме виде во кава состоја сум што да ви кажувам.. :$ :fubar: Го изгубив поверењето максимално не знам колку месеци имав забрана за излез..Од тогаш сум имла уште едно пијанство ако можам да го да наречам и толку.Сега веке со години не ни пијам мн ретко кога ке излезам може чашка две смирнов со тоник( и тоа ми е многу) :lol: и тоа еднаш на неколку месеци, или дома за ручек по една чашка винце или пивце...
     
  4. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Бев средно и беше роденден на мојот најдобар другар и нормално си напраивме приватна забава и се беше океј додека не ми се закачиа другарите бидејќи никогаш не се пијанам, колку и да пијам не ме фаќа ни малку, нити од мешање на различни алкохоли нити од ништо....така цела ноќ пијав све и свашта и не знам ни самата што пијав....И единствено се сеќавам дека кога се разбдив во станот каде што се одржуваше сето тоа цело друштво ми беше над глава и ми честиташе како успеав да не повратам...... После тоа знам дека само ме болеше главата и ништо друго не ми беше
     
  5. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Еххх кога ќе ми текнее :D

    За среќа во соба некаде во Европа со друштво кое не ме остави на пола .... Не знам ни како се начукав бе ? :^) Знам бев ептен нервозна ме имаше типот ставено на игнор не ми се јави замислете :D колку ми згреши :D И така ме трезнеле цела вечер последното нешто на што се сеќавам беше дека паднав :tmi: и се разбудив во нз чива соба од овие што беа со мене да се разбереме :P :lol: и имав ужасна главоболка ..... Утредента испадна дека дечкото спиел хахахах .... Глупости и тоа во боја ама во секој случај незаборавно ... :)
     
  6. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    А ако имаме неколку :$
    Ај едно да одвојам... или две :lol:
    Првото најсаглам пијанство на роденден од другарка ми, на 16 год. испив литро вино, се беше ок и одеднаш се изгубив... незнам како сум се смирив со бившиот, и он ајде да го искористи моментов па демек ќе му признаам дека го сакам, и он мене нешто излив на емоции и ја на него ни едно ни две, па јас го сакам ...... незнам точно кој важно не него, и се понашам ко ништо да не било. Понатаму незнам што се случи со него, се изгубив... Одеднаш се најдов со куп другарки што ги сакам и оние што не ги сакам и почнаа некои хистерии да ме фаќаат и на сите со ред им кажав што мислам за нив (па и не им кажав некои убави зборови)... и освен дека вечерта беше мнооогу долга друго не памтам, знам се најдов дома и сестра ми ме трезнеше :drunk:
    Исто по квалитетно пијанство кај еден другар игравме цугопол („најјака“ игра за пиење - монопол во кул верзија) и ја ко секоаш баксуз не пројдов ни 10 полиња а бев труп и се утепав од повраќање, ама храбра јас се изнаповратив и со цел памет се вратив пак у игра... и уште колку издржав незнам... ама не завршив добро, среќа на спиење требаше да останам кај другарка а не отидов дома, сигурно на инфузија ќе ме носеа. Отогаш цугопол НЕ.

    Имам уште неколку бетер од ова за кажување ама боље да не се сеќавам на нив - не завршиле баш најдобро. :fubar: :fubar: :worried:
     
  7. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    хаха моето последно пијанство,пред некој месец.Од тогаш пијам али со усул.Толку се напив што само се секавам дека и се јавив на другарки ми да ме земи и дека седнав на едни скали во центарот и заспав.Друго ништо не знам,ни дома како ме однесле ни како ме пресоблекле никако.По што се разбудив во пижами. :D :D :D
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ynafets

    ynafets Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    17
    Лелеее погодена ми е темаваа .. секогаш коа зборам за тоа со другарките се прскаме од смеење.. Како и да е тоа беше пред 2 години за нова година.. како неизивеаните девојциња се осекам сеа засо ставарно е тапа да се начукаш на нова година.. значи вака .. нова година беше еуфорија све имасе али имаше и пиењеее хахаха.. и стварно не планирав да се начукам сакав да бидам малце фатена за располозение поголемо .. ииии вистина не ни испив многу -.- ама пошо имав тогас здравствени проблеми пиев хормонални апчиња и алкохол мешање и хаос беше све.. т.е. било незнам јас ми кажуваа .. како и да е памтам дека испив само 3 пијацки и бев кома.. сум стигнала и до тој степен шо јазикот сум го голтала сета срека не ме однеле на токсикологија.. и шо е најстрашно .. одеднаш сум исчезнала од забавата.. со бившиот не снемало .. а тоа ја да сум била у такси накај дома со него хаха каква будала .. како и да е се гордем со тоа шо бев ЃОН пијана .. со бившиот сум отишла дома и не сме праеле .. ништо освен што одма сум заспала ! :)
     
  9. Estelle

    Estelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    155
    Кога на еден висок дечко што фино си стоеше во дискотека, јас му се потпрев со лактот мислејќи дека е столб! :D и си поседов така, а тој сиромав од култура не се тргна :D
    а откако конечно се оттргнав од него, на другарките сум почнала да им зборам на арапски :o (на овој момент не се сеќавав, се просветлив тек наредниот ден кога ми кажаа

     
    На Gosh, Bitter-Sweet, Buttterfly и 4 други им се допаѓа ова.
  10. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    оф боже јака тема :D има многу ама кога ќе ми текне на едно доџеми да вриснем :D
    бев во дискотека со друштво расположена ми залетаја чашите вино го пиев како вода осет немав остај што праев осумки низ цела дискотека и под рака што ме носеа отидов до ве-це си ја заборавив цела чанта каде што носев добра сума на пари другиот ден што требаше да ги уплатам :sweat: и си се вратив на сепаре си денцав пиев пиев и по некое време ми текна на чантата боже како сум трчала до ве-це све изгазив лом напрајв резил среќа пустата јас кога сум излегувала од вецето сум ја затворила вратата па никој после мене не влегол сигурно не поминало многу време или мислеа зафатено е незнам на ништо не се сеќавам пак се вратив и пиев за да незнам како сум излегла од внатре ни како стигнав дома брачедами ме донесе која беше таа веечер посвежа од мене :D а најдобрата ми другарка друг ја однесе која разбрав се качила на шипка да игра во дискотеката боже :tmi: бруки многу бевме пијани ...
     
  11. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    мое незаборавно пијанство беше неодамна јас искочена со еден мој другар а и двајцата ќор пијани.. бевме прво на едно место па послем идеме во дискотека не се ни сеќавам како сме влегле без да платиме.. а беше отварање на нова дискотека јас ништо не памтам само се сеќавам на скалите дека се држев за зид за да се качам и симнам.. послем паднав на газ сред дискотека сите се нудат да ме кренат а башка бев во сукња.. :$ па типов ми вика ај прибери се срамота е вака да правиш јас му одговарам да ми го јадеш курот :D ц ц ц послем искочив надвор ми падна ташната и не ни приметив овој од обезбедување трча ми ја дава и ми вика ништо се случува.. јас му викам па јебига иначе фала :rofl: идеме дома другар ми повраќа јас плачам вртам по телефони кажувам таму на луѓето дека на другар ми не му е добро... а утредента кога станав видов дека на сите сум им напишала пораки дека ги сакам :lol: :lol: :lol:
     
    На Gosh, Bitter-Sweet, blueeparadise и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Ова последново ќе биде за сва времена. :D Го обележив распустов.
    Скршив една чаша со глава што скршив (брат ми упорно ми вика дека биде 2, ама лаже бе тој, пијан беше ѓон ]:) ), ми се врткаше главата на сите страни и не знам како ја пернав и овој ме накодошил на мајка ми. :rofl: Ми доаѓа мама и ми вика: „Вајлд, не се глупирај зошто кршиш чашки?“ И јас мртва озбилна: „Мамо, не бев јас, она прво ме бутна, прашај ги и другите нека ти кажат“...
    Женава само ме погледна и веќе и беше јасно зошто сум толку весела цела вечер. :(
    Па уште ми викаат де бунар напуни ми. Не можам да ви опишам колку смешно ја утињав чашката. :rofl:
    Сум се мавала од ѕид во ѕид дур дојдам до WC, цела рака ми е модра. :D
     
    На Buttterfly, lolyta777, baguf4e и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    На мој 18 роденден се напив ко нетачна и бев со дечко ми и друштво славев.
    Имаше еден дечко ми намигна ;) (барем мислам дека) и ја мртва ладна- кај шо имаш дефект на едното...сакаш срцкава до мене да то го стаи во дефект и другото око бе а ?
    Среќа дечко ми пееше, играше не слушна! :)
     
    На Buttterfly, MacaLove и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  14. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    На роденденот во саботата, заврши забавата и одиме на диско. Отидоа другите останавме ние 6 девојки. Гледаме такси и се качуваме сите поднапиени. Кога почнавме како во камион сите 6 се изнакачивме. Назад 5 може да замислите една врз друга. Овој коа виде лошо му стана вика симнете се има полиција. Арно млад беше се знаеме со детето се дружиме инаку ќе ни ја удреше клоцата.

    Ма не убедува ние не мрдаме и ај се реши до диско да не однесе. Пушта балада и другарка ми му вика ти зар толку си тажен, ај развесели се. Ај детето смени песна. После едно време доаѓа време да се симнеме му викаат изврти ушти еден круг да заврши песната. Си продолжи овој а му се темне конечно застана пред диското. Иде ред за плаќање и другарките бројат 250 поделено со 7 а ние 6 :lol: Праша едната другарка зошто на 7 делиш, а оваа другава вика ми зар шоферот не го рачунаш :tmi: И така фино стварно она дели со 7, па излезе и шоферот гревче да плаќа а ние поднапиени се смееме како да го погледнат утре :D

    После едно време влегуваме во дискотеката и имаше едни двајца со долга коса се бакнуваа. Другарка ми ненормалната се издра, кои се овие лезбејки на јавно место. Коа почна да се дере тој дечкото, лом ја направи таму пред сите а оваа во фаца му вика ти имаш женски хормони :o :D И така врв беше на крајот што едната другарка ја изгубила штиклата појма немам како, а утредента ја нашле заглавена во тие коцкичките на улицата пред врата :D
     
    На Gosh, Bitter-Sweet, Buttterfly и 5 други им се допаѓа ова.
  15. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    хахаха estelle ме изнасмеа,да си жива и здрава :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Estelle му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Тоа беше брука над бруките! Кога бев трета година средно, за Прочка , се собравме цело друштво во тогаш најпопуларниот кафич кај нас и речивме да ги испиеме сите пари што сме ги собрале дента .И ајде , лека - полека , дај келнер една дупла вотка , дај уште една и така со ред шест се сторија ! И тоа првите три на екс , една по друга ! Ама сум се направила ѓон,мортус ,чутук , сачма ,трска и не знам уште како да се наречам ! Памтам дека излегов надвор за да земам воздух , јас наместо да земам - сум го испуштила и пупунец на земја ! Па ајде некој совесен граѓанин ми викнал Брза помош ,арно ама таа дури дојде јас се освестив и станувам сета таква никаква и уште со потсмев прашувам кој се офлекал до толку за да му викаат Брза помош :rofl: :swear: Ај сеа да те видам? Иронија де Бангладеш! :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: Оттогаш ми се одмили и вотка и вода !
     
    На Elena69221, Buttterfly, crazylady и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Мене ми текна лани една случка од одмор :D

    Бевме кај едни другари во Охрид, во убава куќа со многу убав двор. Се напивме сите убаво, знаевме дека никаде нема да одиме после тоа, решивме ќе спиеме кај другариве. Така една моја другарка и таа поднапиена замина да се види со дечкото, рече дека ќе се врати за 2-3 часа. Ние за тоа време го испивме остатокот и веќе бевме петарди сите направени :D

    Си седиме така во дворот кога иди другаркава целата изгубена и вика давајте пари јас немам ги потрошив сите и немам со што да му платам на возачот. Колку е цената прашуваме, ни вели 500 денари. И сите ние станавме, како тоа 500 денари за такси. Во меѓувреме таа вреска го оставив часовникот барајте го. Кој да го бара, ајде јас. Кај ќорава, кај напиена сум го барала во тревникот пуст часовник, барам но никаде го нема. Заминаа со уште две другарки со неа да видат со таксистот што е работата, зошто толку скапо. Јас во меѓувреме сеуште барам. Јас не знам како сум барала, потоа бев извалкана со земја од глава до петици :D Инаку во бело бев облечена целата :D Кога отишле другаркиве тој рекол па другарката ваша не знаеше да ми кажи точно каде ми кажа само кај споменикот (да не кажувам сега кој споменик), 2 пати вртам од тука, 2 пати ми вика не е тука уште врти, а таксиметарот си броеше. Потоа ми го даде часовникот и ми рече држи го дури да се вратам со пари.

    И добро расчистиле се враќаат и ми викаат што правиш мори на земја станувај одма. Јас ги прашувам што направивите,ми викаат средивме, јас рипање од тревата, целата валкана и се дерам на цел глас како тоа се снајдовте, како не му е срам тој ќе ве кради вас... И со трчање спрема излезот, другарките по мене, чекај не оди, средивме, човекот заминат е. Јас не слушам, сеуште трчам небаре Супермен сум да го стасам таксисот кој веќе одамна заминат. Јас трчам, другиве по мене, ми викаат врати се бре кај одиш ќе те изгази некоја кола... Па ме стигнаа некако и дури таму ми кажаа што била работата.

    Кога се разбудив другиот ден, кога се видов во огледало на што личам, се уплашив... :D
    Битно почнав да барам во мрак, се извалкав и дури бев спремна да трчам за да истерам правда!!! :!:
    Кога ќе ми текни сега, паѓам од смеење :D
    Другаркава другиот ден ја умреа од зафркавање како тоа не и текна да ни каже дека му го дала часовниот нему, таму да го бараме, да ме поштедеше барем да не барам на празно.

    А како сум изгледала дури сум го барала часовникот, не сакам ни да знам :rofl:
     
    На Gosh, Bitter-Sweet, Buttterfly и 5 други им се допаѓа ова.
  18. blonde.92

    blonde.92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    34
    тоа беше моето прво пијанство. :D еххх хахахаха.
    со друштвото бевме договорени вкафана и јас како и обично каснев цел саат па кога стасав сите еее ќе стануваме сеа за малце. јас јаката пијаница 4 чаши чисти и оп ми тргна. ееј мајката убо било винцево си пијам си пијам и за пола сат салата се направив. :$ излегувам за на цигара капак тука надвор -20 степени ајде по тие бркања се убедивме да си одиме незнам како закочив и како останав сама но знам дека си виикнав такси, (непотребно бидејќи кафичот е на 20 метри од кафаната.) свати таксистот колку е сатот па кутриот си го однесе зошто тука ме оставил а не од задниот влез. ма тоа е пијана работа. го гледам сатот 1 45 леле ќе ме убијат си викам. си тргнав некако ајде и бившиот стаса да ме испраќа хахаха (го избркав "знаев" сама да си отидам со осумки по патот :D ). толку многу се мачев да ја отклучам врата шо се помирив со фактот дека неможам да го погодам дупчето и си седнав да спијам пред врата. незнам што ми текна пак да пробам и оп магија влегов. е баш во тој момент сестра ми се одлучила да си легни па ме следела како се качувам. ни два ни три слегла долу кај моите: шо и е на сестра ми бам во едно цвеќе бам во другото сите ги истурка!! татко ми загрижен се качува по скали: хухни ми ! јас одам го бакнувам goodnight тато си легнувам ми се спија!! хахаха. :worried: од кога подотрезнив ме јадеше јанза па зедов да чистам во 5 сабајле. кога стана татко ми ох ќерко од сега мавај си секој ден по пола винце ако тоа било лекот за да чистиш..... потоа дознав дека сум си пошла во 11 и пол не во 1 и пол :|

    али битно на секој празник сестра ми ги потсетува сите роднини на моето пијанство со баам во едното цвеќе баам во другото ... -.-
     
    На Emma89 и macence85 им се допаѓа ова.
  19. Freak.of.nature

    Freak.of.nature Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    30
    Епаа сеа ...хаха ,па првото пијанство всушност ова ми беше....на роденден кај другарка бев..со еден другар...тој го криеше виното од мене,неми даваше да продолжам за да не се опијам,а ја по него као некоја ретардирана трчам да ја најдам чашата.....леле,а најлошо шо требаше да му се јавам на дечко ми вечерта,а јас завршив во вц со бившиот.....ах,нема да си го простам ова никад.сепак,интересно доживување.. :P :P
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  20. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    оххх :D
    бевме на роденден кај моја другарка заедно со дечко ми (учеа во ист клас) и така пред да идеме ја и он ја каснам секако ајде уште ова ајде уште тоа и ајде важно отидовме, коа влегов имаше што да видам аца лукас и компанија убиваат со песните ајде дур се поздравиш со сите едно друго и му викам на дечко ми аа ја да ти кажам сеа ќе се начукам и овој ми вика е добро де, аа така ли добро деее ..
    и ја бап седнувам и си почнувам си пијам си пијам, овој јаден почна едно време и чаши да ми полни, и си пијам си пеам абе прекрасно ми беше значи аааоо каков филинг пијан сум имала :D :D

    и ајде другарка ми ме вика да и помогнам торта да сечиме идам со неа у кујна, и ајде она само првото парче го пресече и ајде ја да досечам,земам тоа ножот и бапп го забивам у торта ама тоа парчињата ко за стока сум ги направила нема везе..

    идам до вц али едвај некако сум стигнала значи седнувам на тоа шољата и ме маваат бедови абе патење у тоа вц што да ви кажувам нема врска ми помина ајде се враќам пијам пак :D

    али пустото цигарче немаше цигари :D се испушив уз вино идат грдите цигари
    и ајде дечко ми виде не виде ајде отиде да бара од негде цигари да ми купи,која продавница ти работи во 1 по полноќ, и го немаше едно добри 30 мин,он да ти отиде со другар со најблиското тобако и сеа случкава

    се враќа милиот али јас камен невиден, ми дава цигари,станувам со земам за рака и му викам доаѓај со мене, надвор кај другарка ми пред врата, ти му викам цела вечер ќе те нема ја ќе те чекам овде..ама упорно се распаравам ко будала, и оп наеднаш почнувам да плачам ко некој да умрел (бог да чува) али такво плачење незнам се олеснав скрос :drunk:
    и ајде што да се прави ќе си одиме некај дома,он да ме однесе, неее бее коа му напнав не си идеме, добро цигарче пијана си неможеш кај ќе идеме,али јас јадна од тоа виното де на плачење де на љубов,го бакнувам 2мин, 10 мин плачам,почнувам да го соблечувам, неее пак плачам јас и толку од овде не се сеќавам..
    утредента бев обавестена дека од коа пак сум плачела сум си заспала така фино лепо у кола и детето греови ајде некако ме разбудил за да си влезам дома :tmi:
    бруки невидени

    има уште неколку интересни али ќе ви ги пишам друг пат ;)