1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашето незаборавно пијанство

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Zaljubena111, 23 октомври 2010.

  1. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Моето незаборавно пијанство..никогаш незаборавно..секогаш заборавно.. го заборавам ама каде незнам...заборавив ...Ништо не памтам :lol:

    Се зафркавам..бев на забава а сабајлето требеша нашкола да идам..фино лепо до 6 саат си пиев си се веселев заборавив дека треба нашкола даидам..ми текна 7 ипол ама закасната во 7 и 15 ми почнува час..идам ја цела црвена како влошка..и цела расмеана како дедо мраз поклон ми дадел..седнав на место уребеси..таа професорица многу ме сака и јас почнав на глас да размислувам
    ако мојт да се речи размислување си тресам глупости,смеење,бркање животни..урнебеси..не се секавав дека тој ден сум била нашкола,100 души ми кажуваа како сум поминала а јас незнаев..не ми текнуваше..а и тој докторски ракопис никогаш нема да го заборавам..како имам пишувано алал нека ми е..на матичнана можам да и го дам да ми го преведи..немо=ам повеке да пишувам бидешки не се секавам најозбилно :)
     
  2. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Незаборавно беше последното мое пијанство. :D
    Понезаборавно амин.
    Ептен впечатлива случка е... Аиии. :rofl:

    Да ме праша некој каде сум одела сама сабајлето.... ц ц ц :D
     
  3. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.155
    Допаѓања:
    15.314
    Незаборавно пијанство...
    Не дека многу често се опиваме или пиеме кој знае колку со другарките, ама сепак нема добар помин на излегување посебно на студетска без 2-3 чашки, толку и ни треба, посебно ако немаме јадено,

    Секогаш кога и да сме пиеле кога излегуваме сме си поминувале многу добро.
    Една такава случка... на една студентска толку многу сме се глупирале, значи играње до бесвест, гушкање, бакнување :) што утредента кога отидов на факултет ми беше срам од колегите кои беа таму таа вечер, а тие колеги ме знаат како срамежливо и мирно девојче :$ . Но никогаш не сум пиела до тој степен за да повраќам, ниту пак ми е лошо утредента, само се чувствувам жедно и секогаш утреента си велам: “Веќе не правам такви глупости„ :) но се до наредниот пат :)
     
  4. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    400
    Незаборавно?...
    Се мисли на тоа кога ми го прераскажувале другарките утредента, па од што не сум можела да се соземам од смеење на глупостите за кои прв пат слушам дека сум ги направила, ми останало во длабоко сеќавање?
    Или па на главобољата утредента и the awkward moment кога не се сеќаваш како си успеал воопшто да се довлечкаш во кревет и да облечеш пижами?
    Или на некое не толку пијано пијанство, во смисла се да се сеќаваш, а да си бил пијан?

    Имам палета од сите три, а најнезаборавни и најретки ми се како во првиов случај.

    Во секој случај, најнезаборавно пијанство ми е првото, во меана во Хрватска со црно точено пиво од 0.33 во прва година средно. Потоа се редат и ред други незаборавни..Едно од нив се случи и со Брајт, во Холандија, поздрав до неа ако ми го прочита постов ;)

    Да не заборавам, најинтересното е кога си пијан и кога отрезнуваш некој попијан од тебе, а утредента му фаќаш сеир..Добра страна е што нему нема да му текне дека всушност и ти не си бил поарен :rofl:
     
  5. woow

    woow Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    88
    Ми се има десено да се поднапијам бааајги, али да се опијанам здраво само еднаш, и фала многу ама никогаш повеќе.Еве како беше (барем се сеќавам на се):
    Беше сабота навечер. Пред да излеземе вград бев со другарка ми кај братучетка ми. И таму си пиевме бело виинце. А јас така напукана нешто во душата, додека тие си ги виткаа косите, јас си се занесов и локав ли локав, ама ништо не ми беше. И продолживме вград. Како и обично, јас си пијам смирноф. Не ке му текне на другарка ми да пиеме текила. Братучетка ми паметна си осети малце не и е како што треба, си нарача кисела вода. А ние две текила за текила, појма немам колку ги акнавме. И другарка ми и штракна нешто во паметот, си замина дома, а ние правец диско. И таму пак смирнофче, ама гужва, топло, мене си ме фати здраво не можев да седам и си излеговме за дома. И слагам јас по скалите, и си се бапнав пред едни деца појма немам кои беа, па дочекав уште да ме стануваат. И некако се довлечкав до такси и братучетка ми со мене ме донесе до дома, а јас уште херкулес се праам и викам оди си па јас си можам сама. И влагам дома, правец вц. Ама ми се слоши бајги, и додека се наведнував го удрив шампонот и тој бам на подот. Ете ти ја мајка ми испаничи и го стана татко ми. Не знам до колку саат им лупав зелени. Срамотилоци. Утредента кога станав, до мене вкревет татко ми, за греота цела вечер ме вардел нешто да не ми биде, а мене ми идеше вземја да пропаднам. И оттогаш стално ме зеза ми вика вотка парти хахахха.
    Ама си ја научив лекцијата, да се пие со мерка, а не да се претерува. Се што е надвор од нормала, не е убаво... позз
     
  6. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    ех...не дека беше нешто посебно и дека сум правела глупости,али онака опуштено да се расположиш и да си поминеш најубаво беше пијанството од саботава.Прв пат пиев после последното мое незаборавно пијанство што го спомнав во некој предходен пост али убаво ми беше,што убаво си спиев после мммм
     
  7. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    342
    Ах.. Ова беше случка.
    Случка исполнета со желба да се бањам во Вардар на минус 700, иако тоа не беше Вардар туку Дунав.
    Надополнета со желба да си одиме пешки дома иако бевме многу далеку од домот.
    Со карање со вратарот зошто ја затвора дискотеката кога има луѓе кои сакаат да играат (на англиски).
    Прифаќање на 6 текили гратис од Београдски шизик.(иако веќе имав испиено МНОГУ)


    И се тоа резултира со помината ноќ во прегратката на непознат.. :x

    А тоа беше новата вц-шоља(на нашки) на братучедите :rofl: :rofl:

    п.с Веќе не пијам, жими мајка.
     
  8. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.612
    Допаѓања:
    8.463
    Пол:
    Женски
    ......
     
    На 2468 и Offspring им се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    81.171
    Пол:
    Женски
    Обично имам мирни пијанства и поминуваат низ дебилско, дегенско смеење, константно неколку часа и се намалуваат правопропорционално со количеството алкохол во мојот процесор. :D
    Е богами, ова ми беше омилено.
    Имено, требаше да излеземе сите седум другарки, место закажано, кафанче, жива музика, а у.
    А кризен период беше - читај - корпа период, период на масовни раскинувања со дечковците, па ајде ќе залиеме малку, ќе им ставиме прав и пепел до коска.
    И пазете сега, 3 откажаа у последен момент, на која тетка и пристигнала, која со љубениот натаму-наваму, а маса во кафана закажана за 10 души (3 резерва - нека има :D )
    Ма си немаме маки ние четирите си отидовме фино лепо си заседнавме, се загреавме со црвено вино (после првомајските празници беше дешавката инаку), и одеднаш - оп, келнерот ни носи две вина, демек поздрав од дечко некојси, некоја маса потаму.
    И ајде, масовно локање од шише, од чаша, кој како милува, а како црешка на шлагот од винаријата што ја испив - си порачав и виски, виски бе, виски! :fubar:
    И нормално, после тоа ни дискотеки се видоа, ни враг - блујаници позади кафаната, па следуваше доза кисела вода со лимон, швепс, спрајт и тука-таму по некоја заостаната блујаница и одење дома нели, демек трезни, а ние жалните не знаеме кај тераме. :emo:
    И тука започнува и мојот прв разговор со дотичниот Лоалович :D - си одеше кутриот накај дома, ме гледаше некое време и почна да ми збори, демек што ми е, што правам, јел сам добро итн, а јас искулирана демек 8) , му истурив и водичка, за полесно да си го најде патот до дома, уствари со лесно да си оди - па убав е, мајке ми, нејќев некоја друга да ми го џапне пред нос. :D
    Кога стигнав дома, ја промашив клучалката едно 5-6 пати и си опцув така тивкичко, нит` се соблеков, нит` шминка извадив, си легнав и адиос амигос. :wasntme:
     
  10. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Незаборавно? Дефинитивно за дочек на нова година, 2009 мислам беше :?: .
    Се направив дрво од сечени вотки.

    Ко ми викаше дечко ми доста ти е, се опијани, јас цела таква не бре не сум пијана ]:) .
    Седевме што седевме таму и ајде да си одиме. Којзнае како се симнав по скалите.
    И да не си одам така дома ајде ќе идеме кај мојов да се отрезнам.

    Се фрлив на кревет со капут, со штикли со се. Ме молеше да се мрднам да ме намести а јас знам му реков: Aко се свртам ќе повратам. Он вика нема нема ајде. И јас убаво си реков. Се свртев и почна да ми се повраќа. И он немој на земја чекај кеса и јас нормално не дочекав си повратив на тепихот и си легнав.
    Два пати сум повратила и сум задремала. А он сирот ме гледал цело време да не заспијам на грб и да не повратам :tmi: .
    Кога се разбудив ме однесе дома.
    Дома ѕвонам на врата и кога ми отворија им реков: Среќна нова година. Чекајте да влезам не можам да стојам, пијана сум :rofl: .
    И така ми се изнасмејаа и си легнав. Како сум заспала не знам.
    Сабајлето еден мамурлак ме тепа.
    Сите фамилијарно собрани ручаат, а јас не можам да ги гледам. Само повремено искачав да си се олеснам.

    И од тогаш пијанчење? Не благодарам. :D
     
    На Bitter-Sweet и Hipica им се допаѓа ова.
  11. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Охрид-Кадмо плажа, празно жив човек немаше се беше слободно и од дома ние опремени со испиени незнам колку бунари си отидовме фино лепо си седнавме на маса и после првиот шејкер камикази, пристојно се пребацивме на едно сепаре.. И таму паднаа уште неколку големи шејкери, по некоја голта од чивасот на другар... немавме појма колку ке ни дојде сметката а сите комплет изначукани невидено... пошто немаше свирка затвараат и ни ја носат сметката 3500+ беше стварно незнам точно колку... Собравме пари што собравме јас отидов им го сефтосав вецето :!: и тоа два пати и си фативме патот дома... Е пошто неможев да си ги најдам пижамите си се облеков у купаќи и на тераса си продолжив со :puke: :D И ајде грефче да не се разболам ми донесоа маица џони вокер и кебе... Како некој ке спомне алкохол јас нагон на пораќање добивам и после тоа пошто ми бесе сеуште лошо си влегов во купатило полулегната во када другарка ми ме прска со тушот а легенот пред мене стои..
    Нешто ми се уврте у глава да играме карти веќе беше разденето а јас ако ке легнам ми се повраќа и станувам.. И носи карти другарка ми јас кога ја видов и викам што ќе ти се картиве жити се.. И си седна до мене и се снимавме со апаратот мој се смееме нешто збориме... И јас на сред муабет истрчувам во купатио и ја удирам последната тура повраќање се враќам у соба и заспивам..

    Иначе утре дента сите заедно ја склопивме приказнава кој како се секќава на деловите и ете најверојатно вака било се пошто јас низ магла се сеќавам на некои моменти :rofl:
     
  12. mirna0911

    mirna0911 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    18
    Уф... Какво пијанство беше тоа :) Не беше у Ск. Такви чуда не правам тука само по други градови кога одам. Туку сум фина и културна :) На 02Април после маскенбалот заминав за :):::) и со една другарка излеговме , се стациониравме на шанк и почнав , една вотка др вотка... Па сум почнала чаши да кршам , да плукам по мувачот ( скарани бевме тој викенд) , да му пракам пораки со навреди. И наредно што се секавам дека се разбудив у некоја непозната соба , глеам непознат таван , има силна главоболка и глеам лежан до неговиот најбоље другар - со извадена шминка , со шорцеви и маица негова и таква wtf :drunk: и таков прво добро утро ми вика , не се секирај не направивме ништо , те ценам ко сестра , морав да те приберам од кафичот оти ТОЈ ке те утепаше , те грабна за рака и те однесе кај мене да не праиш глупости да ти се смејат сите . Сум повракала низ станот , лом сум направила . А овој па ( мувачот ) ме истуширал да ме освести , ми вадел шминка , ме трезнел , ме преслекол у шорцеви и маица и ме оставил да спијам . Му рекол чувај ми ја :) само се чудам зашто не ме зел кај него у стан ( или поблиску може беше другар му ) али нема везе , која паника беше кога се разбудив . Наредните неколку дена имав главоболка . И што е уште најтрагично сите пари ми беа у ташна , кој платил тоа што сме пиеле , врска немам :)
     
    На Bitter-Sweet, Grunge и eutixismena им се допаѓа ова.
  13. ginger

    ginger Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2010
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    123
    Дента околу 14 часот ни соопштија дека победивме на фестивал на кој настапуваа 64 групи ,и земавме злато :) И мора да се залие ..Почнав со ракија домашна ... продолжив со 7-8 пива Живјец ,мала пауза па земав текила ,нели на музиката лизгаа како подмачкани :) Па ракија ,текили ,пива ,што ќе дојдеше тоа... Во 23 часот почнуваше званичната журка за победата :) Поканети беа најблиските , Хрвати;Босанци;Срби :) Босанциве донесоа некоја босанска ракија ,имаа и жолта и бела ... ...Ај викам да не мешам бела ,демек дека дотогаш пиев бела .. арно ама кога сакав да наполнам седма чашка ,немаше веќе бела и продолжив со жолтата. Мн јака беше- се ладев со пивото... одвај стоев на нозе ,паѓав ,станував .. и ме извадија надвор ме седнаа на лулашка .. После некое време газдите на вилите сите 100 души ги избркаа надвор зашо било доцна и забавата продолжи надвор ... Мене ми подојде душата на место ..и се силам барам уште ракија .. И си се лулам ..си пијам ,се лулам си пијам , и ,некој дојде ме залула многу ..јас чашава не ја попуштам ..како што летнав со лукашката.. ЦЕЛА РАКИЈА СИ ЈА ИСТУРИВ У ОЧИ . Таква болка у живот не сум видела .Кога фатив да врескам . овие до мене не знаеја шо ми е и зашто пиштам .Толку се немам изнаврескано у животов цел .НЕ гледав ништо добар еден саат .. Ме кренале у раце ме однеле дома .Имам дупка у мозок тогаш шо се дешавало, па сум го отплака и сум кажувала за цел живот у назад у тоа слепило .. и пак ме извадиле надвор на воздух ..СУм побарала вода ..овие до мене бетер попијани ми дале пиво .. Знам дека само првата голтка и го откорнав цел организам од повраќање .. Утредента квачев ко кокошка и неможев да функционирам ич..
     
    На Bitter-Sweet и Domino им се допаѓа ова.
  14. thegirl2

    thegirl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    39
    Па ми се има случено али не до толку..но мојата другарка беше ужасно пијана дома одвај ја довлечкавме и почна да повраќа :puke: низ прозорец и се јави на бившиот дечко му кажуваше дека го сака дека сака да се заедно правеше разни глупости несакаше да спие..одвај се совзеде ...следното утро кога стана прашуваше што и како правела не се сеќаваше на ништо...лудо беше :D :worried:ilent:
     
    На lovegirl196 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.757
    Допаѓања:
    24.965
    Пол:
    Женски
    Моето незаборавно пијанство не е само мое. На цела фамилија е незаборавно.
    Треба да имаш талент за да се опијаниш на свадба на прва братучедка, пред СИТЕ роднини.
    Ај да бев малце пивната па да можеше да се скрие, ама ај ела скриј порано заминување од свадба за да примам инфузија.

    И ја знам да сум тапа понекогаш..
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  16. malaa.1

    malaa.1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    8
    hahaaha nezaboravno pijanstvo... slavenje tret den od matura.. so drugarka mi demek ke go slavime a bas se pogodi sabota... i sto bese najtragicno bevme kaj vujko mi na gosti.. izlegovme vo 12 vo kafic tamu se sretnavme so drustvo da ne recam so decko mi ama drugarka mi ne znaese deka so nego sum poso ona se imase predhodno muvano so nego ednas pa nemav sobrano hrabrost da i kazam.. i taka cela vecer konjak za konjak cisti.. moze imavme po 15 ispieno ama dupliot na kraj bese tapa... kaficov se isprazni i imase ostanato uste mnogu malce ljuge.. pamtam deka sednavme na shankerki od koga se isprazni i poso si bev malce pojke pivnata pocnav da mu se pustam na decko mi ne mozev poveke da izdrzam.. toj pa sirotiot znae deka ako drugite ne primetat ke izpadne loso i samo se trgase nz kako izdrzal on togas. :) drugarka mi me molese da ideme do wc no poso ja predhodno bev sama i se protivev i ne zaminav so nea... taa pa po pat do wc si ja zaboravila baletankata na skalite pa se vracala ahahaa komedii.. jas izlegov so decko mi za da me isprati do doma i po pat mi tekna deka ne sum sama i deka ja zaboraviv drugarka mi :worried:.. toj mi kaza deka ke ja donesat negovite drugari i ok trgnavme nakaj doma.. i sega sedime i cekame da dojdat site za on da si ide doma a jas so drugarka mi kaj vujko mi poso bese 4 saat i ako ne primetea tesko nas... padna 15 minuti molenje za drugarka mi da izleze od kola site maski izlezeni nadvor i ne gledaat im se odi doma utredenta koj na rabota ova ona.. ja pak kao demek "potrezna" vlegov vo kola da ja molam da izleze i po 15 minuti uspeav hahaa... sreca sto so nas imase eden moj dratucet tuka do nas zivee pa on mi pomogna nekako so drugarka mi.. pametam deka ja i velev da sedneme 5 min na klupa za da dojde malce pri sebe no taa zapnala ajde ideme doma i gotovo.. i nemase drugo reshenie ja fativ za kosa i i se razvikav i odednas se najdov na zemja hahaha i sega mi se smee koj ke mi tekne komedii... i trgnavme nakaj doma no primetiv deka ide kola nakaj nas a toa da ti se vratile maskive za da vidat dali nie sme zaminale doma ne mislele grevcinja poso oni ne ba pijani hahaaahah jas se svrtev da praam so niv muabet koj mi se razvikaa site kaj ti e drugarka ti a nea odednas ja snema :/ ... me fati panika si trgnav nakaj doma ko gledam se potprela na zidot i sedi.. sednav do nea pocnav da i zboram zaedno so braticed mi.. stanuvame da vlezeme doma ovaa ne stanuva hahaahha ne saka pak doma da ode i bratuced mi ja fati i ja digna i pred vrata mi ja donese a ja pojma nemam kako otkluciv i koj pocnavme da se dereme site 3 pred vrata leleee koj ke mi tekne sega da stanese vujko mi imase da bide of leleee... i sega ideme da legneme i drugarka mi sakase da ide do wc vikam ajde odi sama ja ke oblecam pizami.. cekam 5-10 min nea ja nema idam vo wc i koj zedov da ja otvoram vratata mi padna freknot i koj lupna na parketot hahaaa i ko za zal vo wc nea ja nema... koj se vracam gledam legnala do bratucetka mi, a ona ima 9 godini sreca ne se razbudi... ja stanav i oblekov pizami edvaj i legnav.. koga pocna mene da mi bide tesko lele pocna da mi se vrti toa sekako i predhodno mi se vrtese no koj si legnat pojke :/ lelee si velam samo da ne povratam a da stanam da idem do wc nema da izdrzam po pat ke povratam pa posle dodeka ocistam :worried: a nemav sila hahah... a nemam navika koga sum pijana da povrakam i taka si zaspav ne povrativ.. sabajleto se vrtam ja gledam drugarka mi.. mi veli ajde sega kazi mi kako dojdovme doma i pocna da place hahaahaha i gi gledame slikite na digitalnata i ne fati strav... mi bese tesko da ne ne osetile koa se vrativme pa na dorucek da se osramime.. ne ni jadevme sobravme alistata i si pobegnavme doma..posle toa se sretkav vecerta so decko mi za da mi kaze sto sme pravele zatoa tolku znam inace pojma si nemav lele samo kolku mi bese gadno koj mi kazuvase jas sto sum pravela :worried:... abe komedii hahaah ima uste mn deshavki ali ova bese vrvot...
     
  17. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Несмеам да пијам алкохол али за роденденот морав да направам исклучок затоа што бев со него.... планот ми беше да бидам со него до кај 12часот и во 12 ипол другарките да ми дојдат дома седнавме јас и тој во 10 пиевме бело вино и јас една чаша, па уште една и уште една и до незнам колку почнав да плачам па се смеев ко луда па пеев :tmi: се секавам дека си отидов (ме однесе тој) дома у 5 сабајле гледам на масата се поставено пиеле, јаделе торта и подароците на креветот... дошле на роденден а славеничката никаде ја нема :tmi: :tmi: утредента гледам во телефонот 15 пропуштени повици од мајка ми и уште 10 - 15 од дргарките гледам пораки од типот "каде си?" "ајде ние сме кај тебе" и видов и пораките што сум ги праѓала "еве ме за 5 мин" "еве идам" "за 2 мин сум дома" појма неам како сум успеала да ги пратам :D абе бруки зе заколнав веке алкохол во уста нема никогаш да ставам а инаки пред него се немам појавено од тогаш не затоа што не сакам да го видам туку од срам :$ :tmi:
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Во средно...3-та година мислам беше, пред часови 2-ра смена, се собравме 12 женски од клас и ајде на пијанка, ама тогаш беше што се вика оправдано...Св.Трифун беше :lol: Измешав тогаш, вино, коњак, па за отрезнување кисела вода, лимон, абе циркуси, такви се нишавме кога одевме до школот, а јас викав на по дечкото кој ми беше тогаш симпатија, другарка ми која не пиеше тој ден ми ја затнуваше устата, ми рече да ќутам пошо цело школо ќе дознае дека сум пијана :lol: 1 час математика имавме, кај професорката која никој не ја сакаше :D Мене за малку ќе ме исфрлеше од час пошо ние пијаниците се смеевме, а машките ни пукаа сеир :D Како мрдната седев до 6 час, исполегната на клупа, и како за беља повратив во школо во ве-це и после тоа дома се истурив од повраќање не знам колку пати, дури ми се лошеше кога ќе видев на слика вино :puke: :lol: Абе големо браво :clap: за мене :)
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ivah

    Ivah Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    198
    имам 4 до сега во моето Животно досие :D али ке го раскаЖам само последното и ке се испокарам сама себеси бруки невидена знаЧи срам да ми е али тоа е сепак дел од Животот нели

    епа вака отидовме со братуЧетките и со другарките да ја славеме 2011 години во еден кафиЧ, си реков доста славев се по кафани сега ке одам во диско и така бидна отидовме шо отидовме и ајде музика до даскаа :rock: имав 10 пијаЧки и братуЧетками вели ајде џин тоник ајде јас баш ми беше куул на времето и ајде една Чаша втора Чаша поЧнав дури и од братуЧетками да ги пијам таа ја оставаше Чашата и потоа се Чудеше кој и ја зима така неосетно и ништо испив едно 5 Чаши и деЧкоми ми се јави да одам да го посетам беше 10 ипол накај 11 и јас ојдов што ојдов и тој ме забелеЖа али ајде јас за располоЖение и си напраивме муабет шо си напраивме и викам ајде сега опет назад како ги подобруваа песните јас така рипав и пиев од мојата па од на братуЧетками леле ко ке ги видам сликите ајјјјј и ден денес и дошло 00 00 јас ни абер немав ми поЧна онаа песната оне од хоусе мафиа или како се викаше си се спуштам јас опа иха и братуЧетками виде дека не излавам од кафиЧот и ми вика ајде и накрај фана ме потегли и отидовме за плоштад на тој дел не се секавам,потоа ме однесе кај деЧкоми а јас имав од оние ласкавите некој ми го имаше ставено на глава умотано на Чело :fubar: и влагам а тогаш врската ни беше во тајност забранета и влагам поЧнав да го :* и тој ми каЖува сега ке дојде братуЧет ти ке те види алоо осветисе јас ништо се загубив 100 на 100 му паднав в раце и оф тој момент ми стана мн лошо ме изведе надвор и ми вика ко исус си со тоа :fubar: и јас се разбудив бидејки не дозволував на никој да ми го земе тоа ласкавото од главата :angel: и поЧнав да се карам тој ми го извади и ми го фрли врз една кафана :devil: се карав се расправав за ласкавото 1 саат и повторно паднав, ме однесоа на едно место никој да не ме види ми даваа се и сешто а јас дури немоЖев ни да одам потоа деЧкоми виде небива со братуЧетками ме однеселе кај него дома и јас цело време :puke: и накарај поЧнав да ја мавам да си оди тој виде што невиде ме однесе во када под ладен туш и јас поЧнав да се освестувам и му викам ајде оди ти јас малку ке поспијам во када :fubar: и тој ама како ке поспиеш ке настиниш алоо излагај одовдека се налути многу ајде водов небива и излегов тој беше уште во купатило а јас отидов целата мокра целиот фустан мокар се буквално и и викам на братЧатками ајде факај си ја работата магла од тука :fubar: ццц знаЧи срамота од мене и ја избркав... и потоа дојде деЧкоми бидна што бидна работата ни јас не се секавам што сум му све направила и тој каЧи темепература пошо седеше цело време необлеЧен надвор да ме трезни се осетив крива мн и си отидов дома ми реЧе оди ке се видиме утреојдов дома цела мокраа ајј срека што никој не ме виде и си легнав .. спав мн малку пошо ми беше мн лошо .... и си ја науЧив лекцијата.. а втората веЧер ја прославивме кај него дома и се изкубав колку толку за срамот и лељата што ги направив
    и така знаЧи срам да ми е , не сум пила повеке од една Чаша се до ден денес..
     
  20. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    По пијаните ноќи заклучив дека љубам да се соблекувам и да ме соблекуваат кога имам алхохол во себе. :lol:

    Така кога бев излезена во едно кафуле со уште две другарки, бев преморена и очјано ми требаше алхохол, преку цела недела само учев и дремев дома и се собира тоа... :lol: Лом се направив од неколку чаши узо. Едната другарка отиде со дечкото, па сега останавме само две. И таа срцката што беше со мене, делуваше малку пијано. И цела вечер се шалевме, јас сум камен, а ти си каменче. Во кафулето немаше многу народ, а јас се мавам како мува без глава.... како кокошка без глава. Бев облечена во кратко фустанче и носев хулахопки. Седам на сепарето и гледам хулохопките скинати... Па не знам што ме удри во главата, почнав пред сите да си ги соблекувам хулахопките... бруки... а носев црвена танга, љубов ми беше таа. Лелееее сите ме видеа, потоа еден месец не се појавив таму.

    Еднаш толку се опив што мислев дека ќе умрам. Коњак сеуште не можам да помирисам. Така си лежам и мислам дека тонам, многу ми беше мачно.... И на една другарка и пукна филмо и ме однесе во вецето, ме соблече, само на гаќи останав и убаво ме истушира со ладна вода. Како во филмовите. А јас како мало дете сум трчкала по кадата, така ми кажуваа тие...

    А и мн. сум перверзна и безобразна кога сум пијана и делувам како некој стар маж со моите коментари... Некогаш делувам и секси бре :P

    А една моја другарка, таа каменчето има најмногу глупости направено. Друг пат ќе ви напишам за нејзините глупости, многу се смешни. Ќе цитирам само една другарка што била со неа кога оваа била пијана : Ја оставив на шолјата да седе, додека јас да си ја наместам косата. А вецето гадно, гадно... кој на подот мочал, кој по ѕидовите... И додека си ја правам косата, слушам нешто шлап,шлап... Кога се вртам има што да видам - Оваа ...... ги соблекла штиклите и со стапалата си шлапка во мочката... :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Gosh, Bitter-Sweet, Elena69221 и 6 други им се допаѓа ова.