1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашето незаборавно пијанство

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Zaljubena111, 23 октомври 2010.

  1. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    181
    Било два три пати и сеа па ќе биде у сабота :D
     
  2. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    не сакам да претерувам со алкохолот.пијам и се загревам но никогаш не сум била даска пијана,а нема ни да бидам.алкохол пијам да се загреам и опуштам,а не да правам глупости откако ке се напијам ...

    глупаво и јадно изгледа пијана девојка во моите очи.незнам можеби затоа што не го сакам многу алкохолот ...
     
  3. AnichkaButterfly

    AnichkaButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    7
    Е да беше само едно незаборавно пијанство...Премногу ги има ама ке кажам две кои ми се многу интересни.
    Првото е.Пред новагодина,кога беа зимските слави отидовме кај другар на слава па кај другарка.Кај другаров сите пиевме бело,а јас јаката помешав со црвено.Веќе летва бев кога тргнавме кај другаркава..Таму зелка салата си мцкав па и дое да си шлокам и ракија...Јас и двајца другари си мававме ракија,така поприлично многу испивме и јас бев кома.Си спиев.татко ми ми вртел на телефон јас сум му рекла еве идам за 15 минути,после пола саат пак вртел сум му рекла де бе што си напор ти реков за 15 минути ке дојдам.И пак истото..И незнам што се случи тргам да излезам од соба за да идам накај дома,другар мој пробува да ме додржи ама тој попијан од мене,и двајцата паднавме..хаха
    КОМА! Татко ми ме земал и дома главата под туш ми ја пикнал и ми ја исушил косата и ме легнал да спијам.Мајка ми у меѓувреме ми се дерела и ми викала,а тато и рекол: Жено дај бе олади малце,глеаш дека е леш оваа неможе да стои.мислиш те слуша што и збориш? Остај ја нека спие...Неколку дена мама ми беше лута. и толку!


    Второто така добро пијанство.Бевме во кафичите на ленинова и јас со другарка и другар си заредивме текили,додека другите не беа на така жестоки пијалоци.Си пиеме ние си пиеме и се напраивме лешови.ПРеку 15 текили испив.Тргнавме накај друго место да идеме незнам каде.Другаров и другаркава на мотор,он возел а она повраќала на страна,А јас со другиве у кола.Пак си спиев кај другаров у кола.Стигнале на тоа х место,ја сум останала у кола да спијам не сум сакала да излезам,па не влегле таму,Отидовме до еснаф во лисиче да купиме за јадење и да идеме во маало.Купиле за јадење нешто и накај маало.Влага другаркава у кола и ни едно ни две право на мене седнува,т.е на глава ми седнува и прашува,абе кај е Ана? и овие ана умре,мртва е и седиш на глава. Девојчево пијано се испаничило,ме тресе јас знаци на живот не давам.Еден другар ми збори за моите Air Max патики ја шамар мумавам,друг другар ми дава бурек да јадам,јас со затворени очи си јадам.Спијам и јадам..после некојси саат ипол се разотидовме накај дома,другар ме остави пред куќа.Ми ги извади штиклите и пред врата ми ги остави,ме зема мене да ме качи по скали,сум се мавнала у железна шипка цела рака лом.Влагам дома у 4 сабајле,ја лупам вратата силно,се мавам во скалите,идам накај мојата соба,ама по грешка влегов кај моиве,видов дека не е тоа моја соба,па си ја побарав собата.Откоа ја најдов,си влегов поштено и ташната што ја носев ја фрлив на земја.Незнам како сум собрала чаши од кафичот на ленинова кај што сме седеле,па се искршиле две.Бруки,ама битно најубаво си поминавме таа вечер!!! Ма не таа вечер туку сите вечери кога излагаме најубаво си поминуваме хахахаха
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    не пијам и никогаш не сум имала така да го наречам незаборавно пијанство-а што незаборавно????
    Да изигравам будала од себе и на околината да им им правам незаборавен провод :!:
     
    На tinka-mace, Stoimenovska и black-angel им се допаѓа ова.
  5. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    687
    Роденден на девојка ми,земавме рум,се намерачивме со другарче,поише од литро испив чист рум,после го мешав со кока кола и не бев свесен колку сум напраен дрво доека не станав. Им кажуев на другарите дека ќе си ја женам девојката,пеев,спиев и повраќав. Едвај ме станаа за дома да идам,стасав дома,изгасив ПЦ-то што инаку беше пуштено,и легнав да спијам. У 8 сабајле се разбудив со страшна главоболка и отидов пак да повраќам,се на се повратив 5 пати и уште го осеќав вкусот на рум во уста. У 19 години тоа ми е единствено пијанство,по обичај пијам од мерак,али таа вечер ме утепа тој мерак х) Бар ќе има по што да си го памти девојка ми 18тиот роденден.
     
  6. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    476
    Хах ко да било едно :D
    Ама ако треба да издвојам, дефинитвно ќе биде едно пијанство уште кога студирав. Пред 3 години ќе му дојде.
    Цимерка ми доби виза за Америка, и нели све тоа треба да се прослави :lol:
    Купивме коњак и кока кола, и потоа количинкси не можам да одредам кој колку испи. Добрата страна на целата вечер беше тоа што не бевме толку :drunk: колку што бевме расположени. Од студенски отидовме во центар во Тренд, а таму нормално гужва ко и секогаш.
    Као што бевме голема група, одеднаш јас сама пред врата. И овој обезбедувањето ми вика не може да влезеш многу гужва е доле. А јас од таму му викам: ДЕЧКО ЗНАЕШ ТИ КОЈА СУМ ЈА?? :lol: :lol:
    И дечкото нормално ме гледа и ладнокрвно НЕ! :D
    Во тоа време друкарка ми беше менаџер во Тренд, па сите ја знаеја.
    И да се надоврзам на муабетот: На маја другарка сум алоооо :rofl:
    Леле дечкото почна да се валка од смеа и ме пушти, што ќе прави. Е доле веќе беше фешта, Ѓоко Таневски имаше жива свирка, а ние си продолживме со :d:
    Се на се одлична вечер со многууууу глупирање.
    Ах...студенстски денови, аргатски маки големи! ;)
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  7. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.632
    Допаѓања:
    6.452
    Буквално ги исчитав сите 11 страни, еј што не се изначитав. :D Ама во секој случај сите случки ви биле незаборавни. Туку, вака читајќи ве ми дојде една желба овој петок со другарка ми да одиме во 69ка, да си порачаме 2-3 сечени водки (иако мене сто посто уште од првата ќе ме фати) , малку да се развеселиме, или малку повише :D а после се знае. :lol: :wasntme:
    А и јас и она ко што сме комбинација што убија, што се нема да правиме ќе не избркаат од дискотека жими се. Па ќе си шмекаме машки, ако бидеме среќни може и нешто да се случи ии така. Еве јас одам да и соопштам на другарка ми што си испланирав, и да и кажам дека е 'моја' во петок. Фак јеах! :D :rock:
     
  8. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.632
    Допаѓања:
    6.452
    Ееве, јас да си се пофалам за моето прво пијанство во петокот т.е не дека беше некое пијанство ама малкуцка бев потфатена. :wasntme:
    Еепа, со сплетот на околности ние со другарка ми стигнавме во 69ка негде околу 11 часот место во 9 ипол и уште се шмугнавме без карти, fuck yeah! 8) Ии, јас одма се знае сум се решила вечерта да се напијам и ајде сечена водка а тоа уствари кога гледам ми ја полни чашата скоро до горе со мраз, водка става колку да се рече и скоро цела чаша сок од праска. И ајде лупнав пола пари на сечената пошто немавме флаер и другарка ми не успеа да се сврти, водкава кај мене ја нема. :D А она ја мати, ја мати а јас онаква жедно гледам, баш ваква бев :geek: . И она ми вика јас неможам веќе, ќе ја оставам и јас НЕЕЕЕ, какво оставање, давај ми ја мене. ^_^ И таа на екс ја допив. И после некако топличко ми дојде на вратот, се фаќам за лице - горам, а во стомакот ми се дешаваше нешто чудно. :D Ама ништо особено не ми се случи, само што место да се опуштам јас мене уште толку полошо ми стана (зашто од претходно нешто од дома ме изнервираа) и за пола саат заврши журчево и ај сите домче. И излегувам надвор, ма кога ме пресече ладното, кога фати да ми се врти. Надвор минус пет степени сигурно било а јас онака топло се осеќам, а пред тоа смрзнував. И онака расположениево ми се менуваше од минута во минута, еден момент стојам ко утепана следниов се церекам ко лудача некоја на сред плоштад. И отидовме на паркингот позади 69 и и викам на другаркава еј ај се смееме бе и оваа и кога не е во пијана состојба си е така малку откачена (исто ко мене де :P) и фативме да се кезиме за ништо и дојдоа едни албанци и фатија да ни се дерат као не се смеете, доста ова она и ние уште толку неможеме да се запреме, па фативме да се караме, т.е другарка ми зашто јас ништо не гледав веќе и уморна и поднапиена.. Па после на другарка ми и текна дека и го изгубила болерото на другарка и па се враќавме во 69ка да го бараме а таму мртва душа нема, расчистуваа овие изгледа за сениор па не го најде па плачки после. :D Накрај ми ѕвони татко ми, ми мумља нешто, јави се на брат ти на овој на оној јас само да, да веќе во полусон бев. Па ми ѕвони брат ми, ми вика јас неможам да дојдам кај 69ка ве чекам кај Шу Арт, вие дојдете. И јас и викам на другаркава, ајде побрзо побрзо ја влечам а она ме тегне ама сакаам во Мекдоналдс да одимеее, дома немам што да јадааам! Па на некои рандом луѓе по пат им дофрлуваше нешто и јас и викам леле немој не си ја барај бељата, и јас и викам дојди накај Мекдоналдс, таму е Шу Арт, леле и јас веќе изгубив и ориентација и се. А брат ми пак ми ѕвони ајде вика кај сте, на сред улица стојам кај семафорите! А јас ни знам што ми збори, се чудам кои семафори. И на пола пат ми текна кај сме и ајде рикверц враќај се кај Шу Арт. После цел пат збор не прозборевме, брат ми ме прашува како поминавме а другарка ми дека не пиеше нешто многу вика аа супер супер а јас ко муле, заспана веќе го гледам ама ко да не го гледам. :D Ми вика алоо бе те прашувам нешто и јас ееепа,досадно де. Накрај кога стигнавме дома другарка ми фино лепо си искача, ни фала ни чао да рече . И така, да не влечам после ништо посебно не се случи, и да сабајле не ми беше ништо, само што малку ме пржеше устата. :)
     
  9. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.529
    Допаѓања:
    8.202
    Пол:
    Женски
    .....
     
    На Wild-GirL, crazylady, FortuneTeller.xD и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Самата помисла на главоболки и мачнини е доволна да се контролирам околу количината што ке ја испијам. Доволни ми се 1-2 вотки или 2 чаши вино со мезе за да ми се одврзе јазичето и тука се стопирам :D Во животот сум имала 2 пијанки кои ги паметам до денеска.

    Дипломска на другар, летно време во кафич на отворено. Отидов дома од работа после 12 часовна смена колку да се истуширам. Немав време за јадење туку изглегов брзински да купиме подарок и после право во локалот. На масите поставени неколку канапеа а се појавија доста луѓе. Јас гладна. Пиво, текила, пиво, текила, сите пијат ајде и јас, неколку пати така и почна да ми се лоши, нормално. Му реков на сопругот (тогаш не бевме земени) да ме носи дома. И тој загреан, па повикавме такси. Во таксито ептен ми се слоши па полуприсебна да не му повратам на човекот во колата, спуштам прозорец и бљујам у вожња по булеварот :D Стигнавме кај мене дома и го замолив ММ да ме качи директно на кат, од другиот влез за да не ме види мајка. Ме смести во кревет така облечена и си замина.

    Друга пијнака беше со другарка. Излеговме порано околу 20ч само на кафе во четврток навечер. Немаше место за седење па застанавме покрај масичка блиску до влезот. Испивме кафе па ај по една пијачка. Ни се придружија едни познаници, частеа една тура. Си заминаа тие, дојдоа други, и со нив една тура. Дојдоа трети, и со нив една тура. Како домакини бевме, кој како влезе, пречек, лаф муабет, пијачка па така до 4 часот наутро. Го затворивме кафичот буквално, т.е. пандури го затворија, имаше рација. После тоа се сеќавам дека се смеевме како луди по улиците, баравме отворена сендвичара да јадеме и пак дома се шверцав од другиот влез да не ме видат така фино намачкана :D
     
  11. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Немојте да ми се смеете ако речам дека никогаш не сум била пијана, несакам една чаша ми е повеќе од доволна.
     
    На L-enna, Wytney и LittleDevil им се допаѓа ова.
  12. bubemconia

    bubemconia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    338
    Немам незаборавно пијанство оти кога сум пијана после ништо не памтам
     
    На anngelique му/ѝ се допаѓа ова.
  13. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Не бев многу пијана, онака расположена мислењево го пишував во сексуално вознемирување ама гледам таман да го испратам заклучена темата па ајде овде ќе го ставам со оглед на тоа што сепак бев чепната таа вечер.

    Пред неколку викенди пиевме со друштвто па отидовме на диско. Би рекла дека таа вечер сексуално вознемирив еден тип у диско, а не беше намерно чесен збор :wasntme: Имав на рака една алка, онака со триста тракаташки на неа, ептен сложена структура .Кога поминував низ гужвата во диското одејќи накај шанкот за да си земам пијачка не знам како пустата алка се закачи за гајката на фармерките на еден дечко и тоа позади кај га*от значи. |(
    И одам јас така гледам со рака го влечам овој за гз, а незнам стварно како успеала да се закачи баш за гајката на фармерките на типов кога јас него воопшто не му ја доближив намерно раката таму, абе гужва шта чеш |( :D И така ме гледа овој како тресната а јас не се делам од неговиот гз и се обидувам да ја отплеткам алката. Проблемот беше што некако како повеќе кругчиња имаше ма како лавиринт и како се умешала гајкава не се делат никако. А му објаснувам што е работава овој пијан, а и плус гласна музика ништо не ме разбира.
    И така го влечев за гз до кај вецињата на страна кај што нема гужва па ја извадив од рака алката, па после и од гајката. Абе ова нема шанси намерно да сакаш така да ги заплеткаш, баш со гајка од фармерки ама кога треба да те мислат манјак ќе те мислат :rofl:
    Бог знае што помислија ако ме виде некој како се влечам по типов со раката одма позади неговиот гз..

    Барем на убав газ да се закачеше ако не друго, а не типов беше рамен како даска за сурфање.. Шта чеш, таква ми е среќата :tmi:

    Битно зборот ми е , немојте одма да етикетирате како сексуално вознемирување.. понекогаш стварно не е намерно :D ;)
     
    На elvittta, Nigredo Odor, Gosh и 19 други им се допаѓа ова.
  14. Nastjaaa4

    Nastjaaa4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    81
    не ни сакам да се сеќавам на тоа....ама беше на едно логорување.....дури сум била без свест....другарките не знаеле што да ми прават.....ама јас јака сум се изборила до крај и сум издржала после тоа мн алкохол и сум немала гајле...но сега мн ретко пијам мн мн ретко само онака за друштво и тоа мн малку! :worried: :D
     
  15. Irida

    Irida Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    963
    Сум имала две незаборавни, ама ај само второто ќе ви го раскажам. Беше петок... Или сабота... Не знам точно. Скроз се напив. Знам дека пиев шприцер во негова чест (тоа време беше популарна Ивкова слава и ај дека на некој му текнало да напише песна и за шприцерот јас решив да прославам).
    Се вратив дома како што се вратив и бидејќи не бев во можност да отклучам(ако ви кажам што ми се случи со клучот нема да поверувате) турнав силно и ја скршив вратата :emo: И после знаете што следи... мајка ми: : :@ envy:
    јас: :puke:
    татко ми: |-)
     
  16. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    2.620
    :lol: Е баш незаборавно. Да не ми раскажаа другарките што се случувало таа вечер, немаше да го споделувам моето "искуство" сега овде со вас.
    Излеговме со другарките и и се заинатив нешто на водката и решив да ја испијам целата што ја има во кафичот. :lol: (секако дека не ја испив целата). А јас како не искусен пијач(не пијам често алкохол) од две-три чаши ме фаќа, а од пет-шест, а мош и повеќе можете да замислите што се направив. :fubar: Ме однеле другарките на некое мирно место(да ме отрезнат),а јас сум го спомнувала само неговото име(на бившиот) и ништо друго не сум зборувала. :$ Будала, што сакате. :lol: И другарките бидејќи не знаеле што да направат, а веќе касно мора да си одат(мали бевме), ги викнале мајка ми и татко ми. :x Се сеќавам како татко ми закочи пред местото каде што бевме(онака јако закочи) излезе од колата, ме зема и ајде дома. Утредента кога станав му се извинив и реков дека нема да се повтори. Па мирно дете сум сега, никогаш не сум била толку пијана како таа вечер. :wasntme:
     
  17. Karamella

    Karamella Активен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    23
    Мене беше на свадбата на една другарка се опив (џин пиев) можи беа 4 чаши не сум сигурна на некој сум му повратила во чевлите. Ама јас пијана тапа ни памтам кој беше ништо ама како се зазсрамив и ја уништи свадбата.. :wasntme:
     
  18. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Мизерно ми е да се влечкам пијана по улици, ипак девојче сум, а и малечко сум. :angel: Затоа пиев дома и не беше нешто незаборавно. На роденденот на сестра ми беше, испив неколу сечени водки, пиво, вино, ама и поткаснував нешто. Фала богу, ништо резилно не направив. Само се смеев како идиот и одев цик-цак. И после душичка сестра ми, мака измачи да ме отрезни пред мама и тато да се вратат дома. :rofl:
     
  19. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.233
    Допаѓања:
    6.666
    Вчера на роденден бевме сите не само јас . :D
    Пиевме бунарче и после тоа ликери..Морам да признаам дека после 6-7 чаши јас ја допијанив другарка ми - и турив пепел во чашата оти велеше дека немало да се испијани :D Koј тоа бе :D
    Другарка ми ептен испаничила и му се јави на дечко ми .Тој веднаш дојде и ме зеде - во друга кафана :D
    На другар му негов му било роденден ама јас пиев кисела вода..После тоа кај 1 требаше да одиме в кафич. Имало рација во кафичов и без лични карти не пуштале а јас мојата дома ја заборавив. И таква целата одам и му викам на тој што стои на врата :
    -Ти Раде се викаш така, епа те поздрави сестра ми !!
    -Ај бе Ратка , Личното (полицаецот од комшии) ми е татко тој внатре е ..
    Незнам девојко нека излези тој па влезете заедно :D
    И кога видов дека ништо не упали излезе и дечкото па си заминавме накај дома :D
    Сега ме боли главата и изедов 1 портокал за да ми помине горчината во устата :D Слатка горчина :D
     
  20. Alone-Girl

    Alone-Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    27
    Ухх.. 10 јуни, завршеток на трета година средно образование, со голем повод.. долго очекуваниот момент стана реалност.. најзлобниот професор во целата гимназија замина во пензија :lol: се спаси цела гимназија, а секако и јас.. бидјеки цела година имав 1 од него, на крај ми беше ставил 2 а 2 месеци одговарав секој час.. уФфф идиот, го мразам! Имав и повод, си реков ако минам.. ке биде лудо вечерта. Така се собравме.. се дружевме, лудории.. и повеќе не се секавам, утре дента главатаа :envy: :wasntme: неможев од кревет да станам :D но помина се.. ама спомените не се заборавиа. И ден денеска кога зборуваме за денот се смееме со солзии ;( :lol: :rofl: неверојатно... сите на ниво хухиуиху .. :yawn: