1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашето незаборавно пијанство

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Zaljubena111, 23 октомври 2010.

  1. Elenika

    Elenika Нов член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    74
    хахаха интересна тема епа вакаа... ахахаха еленика како девојче беше многу палаво и пиеше како продупчена ако не и беше неш по кеф и така почнува приказната за пиењето беше 28 август спаднавме со друштво во кафана јас со една др елена си се начукав доста добро земавме 3 со 3 литро со литро бело винце и камен се напраивме и завршивме таму сеа тука моментот нз како имам стасано до кафичот сретнувам еден куп машки кои и се другари на братуцетка ми која служи за пример а јас како нејзина за братучетка за бруки и тука нејзиниот партнер од 4 година и јас тука му разврзувам муабет ова она и фб менување ваму таму и не се секавам уопште на др муабет ни па како имам стасано дома и сабајлето станувам прво нешто тато и мама браво керко најпаметна си синоке ко си дојде ни викас ајјј поцна да халуцинирам и мама и тато ги гледам у пијано на брат ти си му викала дека ке се мажиш у скоро времем само да те напумпал некој брки...се укл на фб и понуда за пријател од дечкото партнерот на братуцетка ми и јас го прифакам и чекам да ми каже кој знае што сум правела како било ама ништо..е сеа тој дечко партнерот на братучетка ми ми стана сопруг.
    пијана имам заспиено во ходник дома на капутот со песната назад назад калино моме ко ми се омажи бившиот кој ми беше ГОЛЕМА љубов... и една имам за нг ко заспав во гаражата на комшиите :!:
     
    На Gosh и feminium им се допаѓа ова.
  2. asdasdasdas

    asdasdasdas Активен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    0
    Допаѓања:
    2
    Бев пијана,не се сеќавам
     
  3. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Ова ми се деси пред месец време. Бев на роденден кај колешка, пиев виски и тоа многу испив само ми дотураше во чашата.. Јас во принцип не обожавам виски, па многу ретко го пијам ама ајде сите виски па дајте и мене да разменам малце. Пиевме што пиевме, не фати убаво цел колегиум дрва се направивме.
    А местото на злосторот Кисела вода, а јас во Аеродром живеам.

    И кој во диско отиде, кој накај дома бегаше па и јас и колешка ми што ми е комшивка тука си тргнавме накај дома двете. И така поднапиени пеш сме си тргнале од Кисела вода накај Аеродром, па дури на среде пат ни текна дека уствари треба такси да викнеме и застанавме ќе викаме такси.

    Дојде тоа таксито, јас бев многу повеќе пијана ..другарка ми беше добра. Му кажува она адреса, па вози накај дома . Типот вози накај мојата зграда, а јас сум му велела ова не е патот грешка си. Овој упорно ме убедува , девојче ова е адресата, па и другарка ми Карина тука е што ти е. И ајде се симнуваме, јас земам да платам и требало 120 денари, јас сум му дала 200 сум му рекла не треба кусур... се мислев уште во Америка типс ова она, тој филм.. Другарка ми, ме гледа како акната и си идеме дома.

    Го погодив некако станот и следуваше најјакиот дел. Влегувам во кујната и барам нешто онака да се освежам. Цимерката беше баш тогаш донела еден убав компот од праски, многу ми беше убав се си јадев од него. И гледам јас така со едно око отворено, друго ама ич ми се смешка едно тегло на полица. Си викам тоо, компотче ќе се освежам и ќе си легнам, а нозете ми се тресат се магла пред мене, прст пред око не гледам.

    И жени земам да пробам од компотот, тоа да ти било теглото со лути феферонки оставено на полица. А јас стварно не приметив, течност со нешто внатре мислев компотот е пијана кокошка. Море еден мал гриз што пробав, гзот ми се запали.. мислев ми чури од сите страни. Не знам, тоа беше како подвижна ракета сум трчала околу масата од што ме печеше јазикот. Вода, вода мислев еден тон испив.

    Од тогаш кога сум пијана , не ни влегувам во кујна оти тешки последици има тоа по моето физичко и ментално здравје :yawn: :drunk:
     
    На Gosh, foxcrime, Elena69221 и 15 други им се допаѓа ова.
  4. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Ај и ја да си се пофалам со првото. :rofl:
    Вчера, се собираме сите да славиме и ај јас на сите вотки им праам сечени, како и на сите така и мене.Прај прај, три си ги г'лтнав лека полека. :D
    Ај решавам доста ми е вотка на коњак преминувам, ај една, ај две почна да ме фаќа од коњакот, а другаркиве веќе видно мортус од вотките што им ги правев, која 3, која 4 па седнале и двете плачат, едната Симеон не ја сакал, другата Никола, а што е потрагично тој со нас слави а оваа рика ли рика, па ја те сакам бе Никола мувај ме бе па а јас се газам од смеење. :rofl:
    Па таа другата плачеше што плачеше си легна на земја до греалка а претходно си поврати таму. :rofl:
    Остај тоа, имаше еден убав што дојде на почеток и цело време ме буља, и сеа пратил стројник да ме прашува дали сакам нешто, а тоа ситуација пред него се одвива.
    И ја ко земав се дерам не бе нееее, што ти е, јас Стефан го сакам сеа неможам со него сега стварно многу го сакам бе па.А имаше еден Стефан друг тука и он ваљда за него помисли и ме прашуе кој Стефан и ја се дерам презимето, а има еден друг у маало исто Стефан многу слично е презимето, неговото на ски завршува а на мојов на в.И не дослуша убаво изглеа и ме прашува ски?Не бе не каков ски бе, на овој на в завршува.Па уште ми се праи паметен ми вика не ти е дечко тој од кај ќе знае, гајле ти е бе.Ама ја не, ко ќе кажам не значи не и крај. :D
    Е после земав тоа коњакот на екс од ШИШЕ и готово летва бев. :rofl:
    После памтам само дека оидов до кај другарка ми и шамар ми врза и ѝ вратив и после се тупосав да спијам и сум станувала да повраќам, прв пат на врата сум повратила :tmi: после на тераса сум искочила и третиот пат што го памтам на другата тераса пак.Абе ѓон.
    После појма немам како ама си го најдов капутот мој го облеков и пак се тупосав да спијам и спиев до кај 3 ипол 4, после ко нова се разбудив, трезна фала богу. :D
    Него среќа мирна сум била не сум праела глупости како друга една, ко што ми кажаа со 4ица се смувала и сите ја исподрапале и на повраќаницата си легна, е тоа се бруки живи. :tmi:
    И да, коњак више не помирисувам. :!:
     
  5. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Всушност ова е моето единствено пијанство во животот... :lol:
    Бевме собрани друштво кај една другарка и онака се напивме по некој чаша вино за расположение а потоа спремни да одиме во еден клуб каде имаше некоја жива свирка. Стигнавме до клубот и јас како најтрезна ги водев другарките. Почнавме да играме, да се забавуваме и се беше во ред до моментот кога се решив да земам уште 2 пијачки. Со тие 2 пијачки бааги се поднапив. Една од другаркиве ми вели да излеземе малку на воздух. И така тргнавме кон излезот и јас одејќи нестабилно се занесов и се удрив во еден дечко и се испружив наземја колку што сум долга и широка. :tmi: Дечково ме крева и ме прашува дали се повредив а јас станувам и право низ врата. За малку ќе паднев повторно. Ни се извинив, ни се заблагодарив... :$
    Другарките се згазија од смеја но не се посомневаа дека сум пијана...
    Ги излажав дека ме бутнал некој во гужвата и сум се сопнала но јас си знам што е причината... :wasntme:
     
  6. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Му пеев на другар песни низ цел Капиштец (секогаш кога сум пијана прашувам : „Која песна сега да ја испеам?“, а ако не ми одговорат иде по мој избор)
    Стонирав саат време во петка.
    Сакајќи да мочам низ тезгите на пазарче се замоткав со блузата ко шал околу врат.
    И се дерев на жената дур викав такси.
    Се исповратив позади кафич (не ме виде никој :rock: )
    Икав по пат накај дома, а кога дојдов надвор беше мајка ми, па од што не можев да се сокријам и реков дека не можам да стојам, а кога ме праша колку испив ѝ реков само пет водки, и дека не ми е јасно зошто се опијанив од толку малце.
    И за крај повраќав и се чудев што ли се „тие“ за откако ги пипнав :puke: да сфатам дека се компири.
    Ту мач за една вечер.
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  7. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    Сега брзо беше.. сум се изгазила од смеење кога ми кажуваа, не да не се сеќавав што праев... т.е. се сеќавав ама делумно, некои моменти да некои не.. зависи тоа што ми беше интересно да паметам :D
    Излезени во кафич неколку другари и другарки, никој од друштвото не беше решен да пие, само јас...
    кога реков ке пијам и точка. И си влегов коњак, водка... едно па друго, и како што не сум си навикната јас ме направи Гоце Арнаудов.
    Од што почнав да збеснувам, да играм како лудача... се истепав на тоа степениците на влезот неколку пати дроп колената ги направив... сите доаѓаа на помош што беа внатре, и за малер голем тука беше и бившиот |(
    Тој добронамерниот демек остајте ја јас ке ја пазам, кое пазење.. зеде ме изналапа таму :D
    Пиштев дека со сила ме мувал а јас му се пикнав.. така ми кажаа :D
    Во вецето пиштев како будала да ме носат на инфузија, на болница...
    Испушив сто цигари.. а јас воопшто не сакам цигари... не можеа од кафич да ме извадат, не ми се бегало дома сум сакала да играм а тоа внатре штама празно 2 полноќ...
    и никако не можеа дома да ме однесат, за ништо живо в такси не сум влегувала.. сум плачела по пат да ме отрезнат да не ме видат дома... Па де кафиња, води... повраќање по улици, во такси.. сум му плачела на таксисот сум му ги кажувала љубовните маки.. другарките ме смирвале јас сум вриштела дека го сакам... сум барала да ме носат на болница..абе џумбуси.... :worried:hock: жив срам ме јаде кога ке излезам низ град од тие што ме видоа, ама па ако нема вакви дешавки на што ке се сеќаваме во животот :D
     
    На anngelique и richgirl998 им се допаѓа ова.
  8. dzanina

    dzanina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    291
    Допаѓања:
    117
    Моето незаборавно пијанство беше во 2007 тогаш прв пат дојдоа мојте братучетки и демек ај да прославиме што прв пат сме заедно а до тогаш се гледавме само преку мсн и така почнавме да пијаме и замислите од три чаши вотка џус се испијанев :rofl: (ама бев гладна затоа) и цела вечер си пеев си плачев се смеев и на крајот цела нок сум повракала а уште полошо да биде се е слимано на камера :( и тоа кај што поврајкам :@ катастрофа и утредента цела нок кисела вода пијав и сега увек ме задират за тоа добро е што цд е кај братучетка ми Али ако одиме некогаш кај неа тешко мене и мм слушна за тоа фамозно цд :( :rofl: е тоа е моето незаборавно пијанство има уште едно сега за нова година беше Али за тоа друг пат кога пијам само повракам :puke: :puke:
     
  9. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    До сега е било само едно, ама вредно. :lol:
    Значи сабота како сабота, ќе излезеш и ќе се напиеш. И ние со другарките прво отидовме на роденден во една дискотека и таму пиев пиво но околу 2 чашки мали се напив. После толку играње и луда забава отидовме во кафич и таму се напивме неколку сечени водки и мене вејќе ме фати... :) И сега моментот е тоа што бев жедна и кажав на келнерот да ми донесе вода и тој ми носи водка а јас не ни забележав во чашата и на екс, и таму ми беше крајот. Почнавме да играме па ајде уште една, уште една и се собраа. После тоа излегов малку на возух бидејки осеќам вејќе не ми е арно. Беше 12 часот и другарка ми беше сама дома и вели да одеме кај неа да се напиеме вино имала таа дома. И ние отидовно и една чаша, две, три и кома... :D Приврзував некои зборови ама едвај се разбираве. И толку се сеќавам!
    -Другиот ден се собравме сите и правевме муабет за вечерта... а која од која по пијани бевме. Онаа што беше најмалку ми кажа дека сум седела на креветот со нозете во вис и сум пееле „Главобољаа од винаааа а нигдее аспиринаааааааааааа“ :drunk: :rock:
     
    На Priroden му/ѝ се допаѓа ова.
  10. richgirl998

    richgirl998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    286
    Интересна тема која ми буди убави спомени :lol: Бевме во кафич и во почетокот на вечерта јас не бев многу расположена бидејќи тој ден не го видов тој што го сакам. Вечерта продолжуваше, атмосферата се вжештуваше, пиевме како луди. Имаше еден тип кој ме меркаше цела вечер и на крај дојде до мене со пијачката и игравме заедно. Јас пијана будала играв со него и со другар му :tmi: Прво тој ме фати од назад за половина, а зад него другар му и тој ме фати за половина. Кога видов што правиме се тргнав и тој другар му си отиде и останавме само јас и типов. Пак игравме, рипавме и дојде повторно другар му ги фати нашите глави и така се смувавме :lol: Потоа лудувавме цела вечер и првин пробуваше да ме крене во раце, но јас не сакав и ми вели само ,,Сега ќе видиш''. Ме крена во раце и ме дигна високо до таванот што се вели и ме заврти :^) Ден денес кога ќе се сетиме со другарките за ова незаборавно пијанство се смееме. А, со типот многу ретко разговараме, што се вели никогаш. Ма, и онака не ми е потребен неговото ,,Здраво'' 8)
     
  11. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Најчесто си пијам со граница, но пред неколку месеци кај неколку добри другари на матура си се опуштив малку со пиењето. Т.е. не испив нешто премногу,само измешав. Убаво си пиев водка, си пиев, и се појави еден другар со коктел, и убаво изгледаше, посакав да пробам.. Преубав беше коктелот, и си го испив цел, и ете ме.... по 20 минути станав највеселата личност таму :drunk:
    Една другарка пред роденденот ми рече дека ако се опијани, и ако пак посака да се смува со тој еден (кретен), да ја спречам. И јас спремна 100% :D
    И така ние двете пијани, тргнавме да си одиме накај дома, бидејќи живеевме блиску до местото кај што се славеше, си одевме пешки. Таа го вади телефонот да му врти на тој кретенот, леле кога почнавме да се влечеме на сред улица, јас сум запнала НЕМОЖЕЕЕЕЕЕЕЕ и скокам врз неа, таа вика АМА ГО САКАМ.. јас не ме интересирааа што сакаш збори, и се завлековме малку :lol: И ајде го викна, и дозволив, пуштив срце некако :D И доаѓа тој,а јас ја држам нејзе за рака, и он само што тргна да ја баци, јас ја повлеков накај мене АЈДЕ, МОРАМЕ ДА СИ ОДИМЕ! Тој ми вели, нема да ми ја оставиш малку? И јас таква WТФ секако дека НЕ! и така се испокаравме малце, и на крајот морав да ги оставам, многу инат ми тераа, ме изнервираа. Ааа велам, ма што сакате правете! И си отидов накај дома..
    После само што си легнав малку ми беше мака, цела соба ми се превртуваше,едвај облеков пижами, но среќа моите не ме приметија :rock:
     
    На Jordanovska-K и LittlePinky им се допаѓа ова.
  12. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Секое мое пијанство е незаборавно. Не сум по пиењето, ама кога пијам, напиено е. :D

    Секогаш ќе си го памтам првото пијанство, прва година средно. Отидовме кај другарка, сама дома и демек досадно па ај ќе пробуваме алкохол. Дома татко и колекција од едно стотина шишиња, мераклија човек. Избравме најинтересните, а ние мисирки, пиво дали имавме лизнато тогаш. И ајдее, шотс ќе правиме. Кога натргавме од едно 15 различни алкохоли. Мартини, кампари, виски, домашна шливовача, узо, шток... Се живо измешавме. Со кој памет бре? :fubar:

    Ама неее, нас воопшто не не фати. Време е за коктели. И јас, како коктел мајстор, прст сок од портокал и два прсти од рандом пиења. И така 6 коктели по ред. И на крај, уште ја довршив шливовачата, да не стои така.
    Сега ми е смешно, тогаш беше трагедии. Не знаевме двете кај сме. Девојчево се уби од повраќање сирота. Ноќта и во сон повраќаше, и ѕидот го направи и креветот. А јас маки имам, имам фобија од повраќање и организмот не ми дава да повраќам, никогаш па некако заспав. Сабајлето станувам, не можам да одам. Атомска бомба во припрема во мојот стомак. И решив да се освежам со чаша јогурт. Капак на се беше тоа, кога фатив да повраќам, 5 минути не престанав. Таман да се средам, паднав на сред веце и почнав да се препотувам, 15 минути само чувствував како ме облева ладна пот а не можев ни да мрднам ни да викнам. Хорори. :sweat:

    Тргнав да си одам, девојчево си беше ОК бидејќи се поврати вечерта, јас од болки пак не можам да одам. Седнав на клупа и ко да стонирам, ако мрднев мислев смртта ми се ближи. Седевме пола саат и прво станување уште една серија повраќање до соседното дрво. :sweat:
    На врат, на нос стигнав дома и се плеснав во кревет, не давајќи знаци на живот до наредното утро. :sweat:

    Е да, ова ќе го памтам за навек. Од тогаш иако имам пак пиено многу, никогаш немам повратено. :!:

    Така да децо, прво пиење не мешајте се што ќе ви се најде под рака. Никако. :emo:
     
    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Blue.Ribbon

    Blue.Ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2013
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    78
    Баш саботата си имав така незаборавно пијанство и неделата гласеше реченицата : не пијам повеќе :D
    не бев јадена 5 6 саати пред да пијам, цела вечер беше збрки. Прво никаде не даваа алкохол после 7 а планот беше ќе пиеме пред излегување ама за среќа или несреќа можеби, другарка ми имаше виски и така фино лепо си туривме во едни чафчиња и право кај друга другарка..
    Си имаше поприлично повеќе а пиевме набрзина и штом стигнавме не фати и почнаа смеалчината да ни се приклучуваат :D
    Од толку што гледав чисто ми се гледаа другарките изменети па ги прашував што си направиле, играв како прв пат да влегувм во кафиќ, луѓе што едвај ги познавам им велев да седат до мене дека не ми е добро (кој страм :wasntme: ), па заминав да повраќам но ми беше гад да си ги ставам прстите в уста и си се смеев и на крај си заминав дома уште не почната вечерта и следеше :puke:
    и другата ден скоро пола уште ми беше лошо..
     
  14. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Све пијандури :D :P
    Јас од старт со пивото се дружев, а пиво како пиво, ќе појдеш на два три пати до тоалет и излегло од систем. И забавно е, додека не почне глава да те боли. Не сум имала јаки пијанства, сум пиела секогаш со мера, ама склоп на околности, па поинаку завршила вечерта :tmi: На една нова година се запнав чисто вино да пијам, па на полноќ додека сите си честитаа, јас повраќав :tmi: Јаки алкохоли немам пиено, па на два пати ми се случи и од пиво отповеќе да ме фати. Во едниот случај не се ни сеќавам какви муабети свртивме со другар ми, само знам дека се смеевме цела вечер и на крај го пољубив :tmi: како дојде до тоа врска немам, ама знам дека он сакаше дупла доза и сакаше јазик да ми пушти (а идиотчето имаше девојка тогаш). Битното од пусти срам спрема него, не сакав да го видам цела година :tmi: Во вториот случај само и ја скратив забавата на другарка ми, а она се грижеше за мене како прав другар :l:
     
  15. dence

    dence Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    24
    Една вечер бевме излезени со другарките и пиевме многу,но намјмногу пиев јас.И така се опив и една од другаките ме викна да си одиме и само на тоа се сеќавам.Другарка ми утредента ми раскажуваше какви глупости сум правела.Кога сме излегле од барот сме виделе еден другар кој и баш не го поднесуваме,и другарка ми рекла прави се дека не го гледаш а јас на цел глас сум почнала да му викам по име.После тоа сме се качиле во такси и јас сум пребацувала,сум велела дека сакам да одам кај едно дете што тогаш го сакав,на таксистот сум му велела да ме носи кај него,после сум сакала да ја отворам вратата за да се фрлам од колата.Хаха и ме имаше снимено како трескам некои глупости. :)
     
  16. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Ај да ја освежам темава со последното.
    Нова година, собрани 20 души од кои некои не ги мирисам многу :D кај нас на маса флаша текила и вотка, а од тие 20, 5-6 души пиевме.Почнуваме со текилата прво, 5 текили во рок од 20 мин испив и тоа пиевме во големи чаши, ама не ги полневме цели.Ајде тоа бидна си честитавме и пола отидоа чинам на Прљаво казалиште, вотката во главно само за мене и другарка ми. ]:) За пола саат повеќе од пола ја испразнивме, идам едно време во вц одвај се вратив :tmi: и си седев мирна на едно место, не знам кој паметен се најде надвор да ме однесе, кога почнав да повраќам без прекин другарка ми иде по лимони, кафиња едвај се отрезнив после 3 саати, чизмите лом од повраќаници :tmi: , на друга другарка и викав симпатијата да ми го донесе си викав дека е срамота волку некој да се начука, едно време почнав да пеам, дошло некое циганче да проси му мавнала другарка шамар :rofl: Другаркава што ме трезнеше и цело време со мене што беше вика сум трезнела јас други, сите се противеле само ти како луда лимони јадеш и се што ќе ти дадам :D само не ми е јасно како остана она трезна при толку алкохол испиено. :geek: После ова 3 месеци во уста алкохол не ставив, пред 2 недели првпат кај братучед ми на роденден и тоа само 4-5 пијачки, со усул. :D
     
  17. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Заборавено е тоа уште од кога се случило, но ај. Да спомнам дека ми беше прво и се надевам последно од таков вид. Токму на роденденот на една феминка и уште едно девојче, ни ветија водка едни. Им дадовме пари и чекаме. Доаѓаат тие со неколку шишиња вино.А и предтоа донесоа вино. Абе некој мора да го пие сето тоа. Јас ќе бидам тука, зошо да останува? И така сите зедовме по едно чашче црвено и сок, јас без сок. Така испив три-четири. Подоцна не сакаат да ми дадат, и јас бело, п бело. Тоа со малку кисела вода го мешав. Незнам колку точно испив, кога ми се сврте в главата. Отидов во ве-це, не излегов. Ми кажаат дека сум тепала некого таму и три таксиња доаѓале да ме земат. Еми од трет пат ќе бива. И така дома ме донеле, и дома, и на тоа местото кај шо се славеше, и во двор, сегде повраќаници... Ц ц ц.. и никогаш не ја добив таа водка, а баш сакав да пробам. Инаку, тоа ми беше првпат, освен за Бадник да пијам алкохол.
     
  18. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Имало повеќе од едно,ама тоа од 3та година средно не се заборава,вкоренето е :D
    Мајски празници,1 мај споен со викенд што значи славење 4 дена.Тие 4 дена беше 24часовна интоксикација на секакви видови пијалоци,од утринско кафе до шотови текила во 5 сабајле.
    Првиот ден се направивме мортус до 2 другарки,испивме шише ипол текила,скокавме од тераса во базен и на крај отидовме на журка во вилата до нас,луѓе што прв пат ги гледаме :lol:
    Стануваш сабајлето утепан од пијанката,се напиваш кафенце,салатичка и ти идат другарчиња на ручек и ти викаат ајде да играме игра со пиво.Автоматски цело друштво испива едно 12 литри пиво и се препелка по земјата,не ми се верува дека и докупивме уште 3,4 шишиња.Се отрезнувам до вечерта и ми се јавува школската и вика ајде на пиење вечер,ќе играме цугопол.
    Си викаш ајде зошто да не,и купуваш две шишиња џин,да не одиш празен :fubar: :fubar: Е цугополот беше комедии.Вртат сите,ама јас жолтото пионче,најгревче,најмногу пиеше.После само еден час,сите хаос.На мене ми се падна да правам склекови,па и ги направив,на влажна земја со бели панталони :x
    Играта застана,ама не и моите патешествија.Тргнав да си одам,школскиве место дома ме донесоа кај друга група,пак школски :rofl: Е таму беше мојата несудена средношколска симпатија,со кој се каравме ненормално многу.
    Можете да замислите кои драми беа со него,душата му ја извадив.
    Кога конечно стигнав на мојата дестинација,не можев да заспијам и седнав праев муабет со дечкото на другарката,за економијата во Македонија.Тоа ти се вика хроники и алкохоличари без мера :D
    Сабајлето мислев дека ќе умрам,си ги истурив цревата буквално,и залак не каснав цел ден.Третата вечер помина солидно и мирно,со шетање и без голтка алкохол.
    И така заврши тој продолжен викенд,се чудам како не стигнав до гликоза.
    Од тогаш,никогаш немам се изнапијано така,не ни планирам.
     
    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Hinebrra

    Hinebrra Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    290
    Имам доста пијанства, ама од скоро сите завршував со по некоја глупост, дупки во меморијата ден потоа и многу пиење вода. Значи ептен ретко глава да ме заболи, а повраќање никогаш.
    До пред еден месец. Бевме Охрид со другарка за Грин бич и кај што бевме сместени имавме малку откачени цимери и се договоривме да пиеме заедно. И дојде таму дечкото што си пишувавме 4 месеци, а се имавме видено само еднаш.. нели за бруката да биде поголема.
    Си почнав со чисто бело вино и пиев ко да не сум видела пиење во животот. Мавнав 7-8 чаши на екс, цимерите излегоа, ние се преместивме во другата соба и следното на што се сеќавам е многу светло во собата, ужасна главоболка и мачнина. Тука и таму имам некој флеш.
    Така јас фино лепо ептен ме опуштил алкохолот, па сум правела неброени глупости.Сум ја заклучила другарка ми во ходник, за да можам јас да имам секс со дечкото и да бидам ектремно гласна.. :tmi:
    Знам дека ми стана многу лошо и дека се влечкав во купатило, повраќав и не можев да станам. Два саати ме трезнеле, сме тргнале и да одиме на фестивалот кога јас сум седнала на сред улица и сум викала дека многу ми е лошо. И ми беше. Ме легнале на кревет и следната минута сум заспала, они отишле на фестивалот. Се будам утрото, и како што кажав премногу светло, додека се свестив каде се наоѓам, и се јавив на другарка ми, си идеа.. Не можев во очи да ги погледнам, и другарка ми така фино ми го плесна сексот од претходната вечер во лице, на кој не се сеќавав, па ми стана тродупло повеќе срам од реакцијата што ја имав пред дечкото.
    И уште ми е.. :D
     
    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. matejaaa

    matejaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2014
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    134
    Само 2 пијанства сум имам до сега, ама затоа после тоа повраќање не сакам више да смислам алкохол :)
    Првиот пат бев на роденден и едвај си дојдов до дома, само што ја отворив вратата од куќата на ламинатот :puke:
    а вториот пат за нова година ама не оваа туку претходната, место да си поминам убаво и незаборавно јас се опијанив абе брука ама добро е додека дојдов до дома се отрезнив ахахах :D
    Затоа после овие две пијанства више не сакам капка алкохол да ставам во уста :)