Денес убаво се облажив, па пребарувајќи по форумов не пронајдов тема за омилено слатко, па решив да отворам. Мене омилено слатко ми е од диви смокви, едноставно најслатко.
Слатко Незнам не сум некој голем љубител по чудата наречени слатко. Не ми се допаѓаат,премногу се благи за мој вкус. А посебно тие од смокви,ептен благи,па дури и ми е лошо. А можеби и до рецептот е,што му знаеш
Многу јадев слатко, значи доручек, ручек и вечера ми беше лебче со маргарин и слатко. Арно ама, видов слатко кај нас дома, што сме го заборавиле имаше бело нешто значи мирисаше грозно Од тогаш немам ставено во уста Инаку омилено слатко ми е од црни сливи, и од смоква а и од портокал Ете така
Слатко од цреши,нешто најубаво.Исто и слатко од бело грозје,мх мх .Да е жива и здрава баба Не е лошо и слаткото од дуња,ама првите две ми се фаворити(иако слатко јадам мнооогу ретко). Сакам и слатко од јагоди,ама го прејадов како мала.Во дворот имаме јагоди,и мајка ми секоја година го прави. Јас пак не ги сакам смоквите
Уфффф, слаткооо, од смокви, од модри сливи со рум, од вишни, ама на убедливо прво место ми е од смокви!!!!!