Така е Peppermint и моето омилено е од тикви ниту едно друго не може да го замени. Го приготвуваме дома како алва се јаде
Не сум љубител голем на слаткото, ама кога некогаш ќе ми падне шеќерот, или ми текне да си се облажам, слаткото од цреши ми е на врвот, после него се јагодите. Некогаш ми текнува да си ставам на лето во сладолед од слаткото, да го сменам вкусот на сладоледот, кој најчесто е од чоколадо.
Слатко од рози - го има во Ramstore (тегла со натпис Gül reçeli) околу 150 ден. Му додадавам малку вода од рози за поинтензивна миризба и вкус, но кај нас не ја продаваат туку низ Грција и Бугарија.
Од јагоди и смокви. Кога ќе се навртам на теглата и нема спас, ако е полна до горе јас ја „смалувам“ до пола. Обожавам слатко.
Нај омилено ми е од КАПИНИ и од Диви Јогоди е на 2ро место... а во последно време сонувам за слаткото кое на времето го правеше мајка ми од Кора на портокал и другото од Млади оревчиња .... аууууууу преее убооооо нештооо сега мнн сакам