Дефинитивно слатко од тиква,преубаво е А знае ли некој како се прави слатко од костени? баш сега кога беше саемот "се за дома" имаше на една тезга со слатко од костени,ке купев ама беше многу скапо,мала тегличка од 250гр беше 350ден а во неа 4-5 костенчиња
Иако имам неколку на листата омилени (тиква, смокви, бели цреши...), за мене крал на сите слатка е она од капини. Цела тегла јадам без проблем, дури и ќе подждригнам на крај, со темно вилетов круг околу устата, како право прасенце.
Јас многу си ги сакам сите слатка што досега сум си ги пробала! Слатко од смокви,тиква,лубеница,кајсија,вишни,цреши,црни сливи,капинки,кора од портокал,нема само едно посебно коешто би можела да го издвојам,сите многу си ги сакам! Денес си јадов слатко од смокви и би сакала во најскора иднина да го пробам и слаткото од црвена ружа и од дуња бидејќи од оние што другите членови на форумот претходно ги набројале само уште нив не сум ги пробала и знам дека многу ќе ми се допаднат бидејќи јас сум голем љубител на слатко,а лоши слатка досега не се измислени,па така и слатката од црвена ружа и дуња имаат навистина прекрасен и извонреден вкус кој навистина вреди да се проба!