Слободно попладне Јас слободното попладне го користам или гледање некој филм на телевизија или компјутер или пак чистам а често одам и со другарките на кафе или го шетам моето милениче
Кога не е преспиено ,гледам да прошетам по летниве горештини некаде низ паркчињата во градов и да фатам малку тен
Попладнето ми е омилен ден од денот.После ручекот со моите,си пиеме кафенце заедно,после тоа си пуштам некое филмче или дремам на интерннет и кога ќе подзалади излегувам на шетање
Интернет, добра книга и лежење на балкун, филмче или ТВ или па готвам некое благо, се возам со точакот
Вака летно време слободна од школо и сл. обврски поврзани со него,го користам попладнето за да изгледам серија, читам книга/списание. Поседам на интернет, сврзам некој интересен муабет со другари/другарки. Да го чујам него. После си правам кафе. Лезетско и си дремам на Фемина извесно време, со маска на лице. Па следува купка, пилинг и средување на ноктите на нозете и рацете. Депилација, масирање со антицелулитна. Мачкање лосион/масло за тело. Па пилинг на лице и мачкање дебел слој крема. На крајот ставам масла на косата и ја мијам со сите салтанати. Моето попладне продолжува со слушање музика, средување низ дома. Правење to do листа. Размислување. Гледам да поткаснам нешто и да излезам вечерта. Преку ден летно време тешко се мрдам од дома заради топлината,ама затоа навечер надополнувам. Кога одам на школо,доаѓам од школо, мијам раце/лице. Облекувам пижами и спијам. Станувам јадам. Гледам што имам за учење. Учам , пишувам домашни.Кога ќе завршам со се тоа гледам да проверам дали имам некоја заостаната обврска забар,земање книги од библиотека,важен тест за кој треба порано да се подготвам , нешто за купување и сл. По ова си седам на компјутер. Се слушам со пријатели. Преку недела поретко излегувам.Ама ако немам обврски. Се бањам, средувам по дома и со тоа ми завршува попладнето. Кое поприлично ми го диктира школото.
Најчесто си доагам од факс околу 2-3 часот, се одморам малку, јадам и потоа легнувам да спијам докај 6 тука некаде... Кога станам се поврткам низ дома малку и излегувам да прошетам или кај некоја другарка на кафе и потоа пак дома, туширање и пак се излегува
Си доаѓам од школо околку 2-3 часот, јадам, кафенце, на комјутер некој саат два , земам книги малку учам, вежбам, се туширам, гледам телевизија. Едноставно за се имам време бидејки добро го организирам времето.
Зависи кога-како.Бидејќи со школо завршувам и во 12 и накај 17:30.Така да секогаш различно.За викенди ретко излегувам,бидејќи повеќе ми се седи дома,а надвор времето прекрасно,плаче за излегување. Од понеделник-петок после школо 1 саат се одмарам/ручам,после тоа учам/пишувам домашна и после тоа слободно време. А за викенди,раскревање на собата,учење,бришење прашина(правило на мама ) и излегување.
Кога сум прва смена на работа едвај чекам дома да си дојдам со милион планчиња во глава за тоа како ќе го поминам остатокот од денот, а реалноста е дека доаѓам дома за пола саат, ако ми кидне автобусот за саат време се туширам, ручам и кома сум. Пропаднале плановите А кога сум втора смена се разбира попладнето си го поминувам на работа уз кафе и муабет (како не)
Кога немам за учење си шетам (ако се погоди времето), читам, гледам некој филм.. а кога имам учам -.-'
ако немам за учење, дома не се прибирам, никако! а, ако нешто не излегувам надвор, дома затворена во соба, и музиката
Кога сум прва смена си доаѓам од училиште во 13:00.Првин седнувам на компјутер,потоа јадам,пишувам домашно,учам....А кога сум втора смена си доаѓам од училиште најрано во 17:00,а најдоцна во 19:00.Вечерам,седам на компјутер ,гледам телевизор. А сега на распуст од се по нешто.
Доаѓам од работа и ручам, потоа фаќам кревет во дневна и дремам пред тв, најчесто гледам ID. Малку одмор, несакам да преспивам преку ден. Во меѓувреме си варам кафенце, чај и се релаксирам во двор или на тараса. Чепкам низ интернет или читкам книга, па после гледам да искочам негде. Ако сум искочила топ, доаѓам дома, се туширам и легнувам. Ако сум искочила нешто вежбам, пешачам и то е то.
Vo slobodno vreme igram najmnogu poker si pravam doma so edna drugarka fitness home hahaha surfam na net I taka