Си доаѓам од работа, ручам, и си се повлекувам во мојата соба...никогаш не преспивам, доволно ми е во тишина да лежам и да одмарам...најчесто читам некоја книга или гледам серии на лаптоп...обавезно земам нешто ладно и освежително за пиење и така одмарам се додека не дојде времето за излегување...
Се враќам од факултет (сите предавања сабајле ми се), јадам па со другарка ми излегуваме на прошетка. Ако не сум на факултет, тогаш на прошетка излегуваме порано па попладне веќе се прибирам и си легачам во кревет и чепкам по нет. А кога сум дома (во родниот град) тогаш попладне или излегувам на кафе или работкам нешто по дома.
Во работен ден, после доаѓање од работа, ручек, миење садови, малку одмор, после тоа средување нешо по дома и гледање тв или излегување. За викенд, зависи од тоа дали сум дома, ако останам дома, слично на погоре наведеното, ако сум излезена, по дифолт се враќам доцна дома и нема многу време за активности, освен стандардните.
Одмарам, учам, читам книга, гледам некоја серија, одам на прошетка, некогаш имам уште предавања или вежби. Зависи, секој ден различно го менаџирам времето према обврските тој ден.
Зависи кога како, некогаш знам да поспијам после ручек, а некогаш или чистам тоа време, или па гледам некој филм.