Откако во 60тите години на минатиот век за прв пат се појавило цедето како нов изум во современата технологија, за брзо време грамофонските плочи и касетите престанале да се користат како носачи на звук. Денешните, млади генерации, веќе раснат со музика која ја слушаат на цедиња. А за сите вие кои сте ја фатиле старата ера на музичката индустрија и сте слушале музика на грамофон или касетофон, користам прилика да ве потсетам на вашето прво цеде Се сеќавате ли на вашето прво аудио цеде? Кога и од каде го купивте? Дали сеуште го чувате? Моето беше од Нокаут, насловено како „До последен здив“. Киро и го имаше подарено на мајка ми во оригинална верзија. Сеуште се сеќавам на денот кога ни го донесе. Живи радости бевме Ама најсмешно беше тоа што тогаш немавме на што да го слушаме. Набрзо потоа откако купивме компјутер, го слушавме деноноќно и од песнарката ги научивме сите песни на памет. Дури и онаа безобразната http://www.youtube.com/watch?v=UizCGIIekNY
Моето прво аудио цд... Одамна. Кога го купивме системот со брат ми тој си зеде едно цд со народна музика, а јас зедов од Тоше Проески. Ова беше првото мое аудио цд.Сеуште го имам , ама одамна го немам слушано. Сега ќе си ги преснимам песните в кумпјутер и ќе си ги ислушам. Одлична тема :up:
Мислам дека беше од Бритни Спирс - In the zone. На времето ја сакав многу Бритни иако сега на ја баш обожавам. Ама тогаш нешто како омилена пејачка ми беше и мислам дека најсреќна на свет бев кога го намолив татко ми да ми го купи цд-то. После нормално го преслушував по 100 пати, не беше оригинал ама сепак вршеше работа.
Од Дино Мерлин. Паметам тогаш татко ми ми купи ДВД и му порачав цд од Цеца и Дино.Ама за несрејќа од Цеца немало,па така само од Дино ми го купил
За роденден ми го купија, оригинал, абе плачев од среќа... Главна бев на сите родендени кај што одев, го носев, па џускавме на кореографија на Руски рулет, али ја мораше да бидам главна, пошто мое беше цд-то. Или ја главна, или нема да го слушате Тоше! И немаше да биде толку трагично да системот не ми се сј*беше додека цд-во беше внатре, па расипаниот ласер го оштети и само некои делови од некои шесни се слушаа. Штета...
Прво це де но не по моја желба тато што го купи беше од Дино Мерлин... а јас прво што го одбрав беше од Тоше за на евровизија со Ангел си ти и сите др негови песни
Татко ми го донесе, ги давале гратис со нешто. Пред скоро време имавме купено систем, па и цедево и пресреќна бев. Постојано го слушав и си пеев. Имаше и тефтерче со текстовите внатре, па и нив ги научив сите на памет. По цели денови имав настапи, дома не можеа да седат во тишина од мене.
Моето беше од Супер Ѕвезда. Многу сакав да ги слушам и мама ми го купи. Дома лудница, радости огромни. Одма пуштам системот, по цел ден тоа врти, the world is mine
Моето прво аудио-цд, хм.. Мислам, 99% сум сигурна дека беше Nickelback - Maximum. Или ова, или од Аврил, Let go.
Мииислам дека беше од Erreway, Señales кога се продаваа нивни цд - албуми додека се емитуваше серијата Млади бунтовници. Многу ми се допаѓаа нивните песни, си бев јас од оние типови по шпанските серии и музика . Ајмо за потсетување http://www.youtube.com/watch?v=7RTHvwCGwaQ http://www.youtube.com/watch?v=DkS7cG4x ... re=related
Две беа, ги купив во исто време на мои 12-13 години од Југотон и знам дека ги утепав од слушање. Music Instructor - "Super Sonic" Спојлер Eiffel 65 - "Europop" Спојлер
Ах, дали 12 годинки имав и хардкор ми беа типкиве прв пат кога ги видов и слушнав. А и професорка имавме Русинка, па не’ зарази. Па то беше потресење. Па рипање, па ау сите другарки среќни. Знам и сега тук и таму да пуштам некоја песна, ама не ми се онака потресни.
HIM-Razorblade Romance Christina Aguilera - Christina Aguilera Овие ми беа првите две купени цедиња заедно со системот во далечната 2000та година и многу ги сакав. Ги убив од слушање (дека стилски се ептен слични, нели? )
- Се фасцинирав од обвивката, а и ден денешен си ја мозгам. - секоја пубертетлијка мора да го имала ова цеде, со сите хитови на Дорс и паѓање во несвест ради неговата поезија. Мене, ми го одбележа животот, можеби. И омилениот албум, им бев и на концерт во Солун, и после тоа, албумите им изгубија од концепт, се претворија во штанцана патетика, и се разочарав од нив! -
Мене први цедиња ми беа онине приказнине од Време што ги даваа порано, слушај за да читаш, така некако ги викаа. И ги имам скоро сите собрано, редовно си ги слушав, т.е скоро секој ден. А од пејачиве прво цеде ми е од Тше, албумот По тебе. Само штета што ми се изгуби некаде , а ги обожавав песните, сите напамет ги знаев.
Oвие две ги земав: Aма не беше оригинал, него за 100 денари купено од некој тезгаџија на пазар, битно ја радосна си ги купив моите први цедиња. Hормално, дома имавме и други претходно, ама јас си ги купив овие две. Hе се секирајте, уште ги чувам, само на некоја песна подрипнуваат малце пошто нели оригинал се, и нели не ги утепав од слушање по 100 пати на ден кореографии на секоја песна праев.