Се сеќавам како вчера да беше. Ептен бев радосна. Си купивме систем и одма отидов и го купив најновото цд од Шакира (тогаш многу ва сакав). Потоа купував од Тоше, Каролина, Жељко Јоксимовиќ итн.
Леле колку само бев радосна ,ми купија мајка ми и татко ми систем и одма со трчање отидовме и ми купија две цедиња едното беше од Бритни а другото од Аква ептен ми беше хит групата у тоа време
И мене ова ми беше прво ЦД. Не го купив, туку го добив подарок од некоја радио емисија, не се сеќавам која беше..
Мислам дека првото татко ми ми го купи од Охрид од Владо Георгиев. Го слушав кај едни пријатели и му реков дека песните многу ми се допаѓаат и при прва прилика ми го купил и ми го донесе До ден денес цедето работи и знам некогаш да си го пуштам. Ми носи спомени од детството.
Некаде 1999/2000 год. ЦД од тогашен Космофон имаа некоја промоција од Тоше дека им беше заштитно лице мислам. Во опаковката имаше и проспектче со текстовите од сите песни и по цел ден го вртевме и пеевме на цел глас со другарки.
За цд не сум точно сигурна, дали Аврил или Шакира, ама се мислам дека ми беше на Аврил-Let Go. За касета сум сигурна дека правата оригнал касета ми беше од Тоше, Некаде од ноќта. Ќе си пуштев од среќа у гаќички кога ми ја донесе мајка ми,најскреќниот ден мислам ми беше тоа. Првото цеде оригинално ми беше од Таркан, во 3то оделени го земав од Турција, за некои смешно евитно пари. Само дудудудудуду ја знаев,т.е и таа колку ја знаев де Ми текнува дека имавме многу плочи дома, и една добивме од братучет на мајка ми од Белгија, оригинална плоча од Елвис, мајка ми шизеше по дома со афро фризура на таа плоча
Сестра ми купувала, мајка ми ми купувала, но прво цеде кое јас самата го купив беше 192 од Елена Ристеска.