Од Enrique Iglesias беше, не се сеќавам дали одеше гратис со некое списание или нешто ама знам дека така го имавме како гратис купувајќи нешто. Го искрши брат ми ко мало дете, не се сеќавам ни на насловот на албумот.
Прво аудио цеде ми бише од златно славејче,се сеќавам првите недели се со него бев,секој ден журки дома
Све сам стекла сама албум од Ана Бекута. Огледалце албум од Јелена Карлеуша. Кафански микс песни. Сите ми се купени оригинали од Радио Београд и тогаш ги платив доста скапи. Имав предност што не требаше да купувам и двд плеер имавме дома татко ми го имаше поврзано на некое појачало од тие старите се сеќавам дека звучниците беа дрвени и сигурно тежеа некои 7-8кила такви имаше 6. Сеуште стојат кај татко ми и мајка ми сега се во спална кај нив и уште ги користат. Ние со сопругот имаме двд ресивер со звучници деноноќно е приклучен бидејќи на него ни е и тв пуштен и така слушаме преку него. Цедињата што ги купив уште ги слушаме има поминато околу 13 или 14 години од тогаш и уште на нив нема ни гребнатинка. Кога ги купив тие цедиња имав 13, а сега имам 27 години.