Masata novogodishna imam golema elka nakiteno i imam lampioni po zavesata , no samo imam slika od masata .
Elkata ja kitevme sekoja godina I seuste ja kitime.otkako se rodi malata sekoja godina prikupuvame po nekoj nov ukras I nasiot dom izgleda se po praznicno I po veselo
И ние започнавме со малечки подготовки . Нашата нова елка од шишарки. Малку ме помачи, ама се даде да биде по мое . Со свежо зленило од бор и лампиони. Еден скромен украс. И нашето традиционално бадниче. Центарот и светлината на нашиот дом, иконата со Рождеството Христово..
Обожавам коа треба да накитам за Нова година. Елката ја китиме со црвени и златни лампиони, црвено-златна лента, и црвени сијалички во форма на срце. На масата има златна покривка, врз неа помала црвена и на неа едно укравче со златна боја. На комодата имаме ставено украси во разни форми, како Дедо Мраз, елкички, фенерчиња, снешко.
Малата стара новогодишна елка. Навистина убаво излегува само со златни лампиони. Заљубена сум во неа.
Оваа година нема елка, нема украси. Пусто е . Најверојатно нема ни да има. Изгледа дека нема ни поклонче да добијам , изгледа не сум била доволно добра.
Па, не би требало да си грешка. Јас за ова баш пред некој ден размислував. Кај нас елка е Christmas tree на англиски. Christmas е всушност Божиќ. Тогаш ќе биде Божикно дрво. Многу Американци ја откитуваат елката и ги собираат сите декорации после Christmas. Па, сега.
golem kef sum na ukrasuvanje, no ovaa godina otstapuvam nakitivme elka kolku da ne e bez ic ama sin mi ja turna nekolku pati i ja fativ...taka da i da redam sveki, lampioni dedo mrazovci niz doma, zaludno e
Уште еден малечок детал за Божиќните празници . Шиени се од платнена хартија и малку ги декорирав со машничка и лампионче. Мали чорапчиња за салфети и прибор.
Се зачленив поради мојата прерана возбуда.Сеуште е рано за Нова година и Божиќ, но мене ме фати Новогодишната еуфорија. Денес цел ден правев венци за пред врата и некои украси. Кај нас за Нова година и Божиќ сме задолжени јас и сестра ми, но јас сум повредна . Дома китиме околу 15 декември, прво ја китиме елката со црвени и златни лампиони и ленти. Мразам на прозорци да лепам сиалички, незнам всушност во што е поентата мислам дека некој/а пред мене спомна (да види комшијата). Бидејќи куќата ни е на три спрата и скалите се внатре, (заградени се), на оградата од први до поседен спрат ставаме од тие незнам како се викаат (што се ставаат на елката- тие бушавите), злати со црвени панделки. Дневната и кујната се споени, во дневна ја ставаме елката во ќош, на масата ставаме чаршаф во златна боја и на средината црвена трака, и врз него чинија со конфети, свеќи и понекогаш може да се најде и чинија со новогодишни колачи во форма на елка, снегулка, ѕвезда и сл. Во кујната на трпезариската маса исто така ставаме златен чаршаф со црвена трака на средина, ставаме мало аквариумче со различни бонбони. Затоа што првата вечер од Нова година ја славиме фамилијарно сите заедно дома со поблиските роднини, пред секој ставаме чинија, салфета во форма на кошула и внатре нож и виљушка. Исто така пред секој ставаме и чаша за вино, незнам тоа како го викаат (столче) на него ставаме панделки. И кога сето тоа украсување ќе заврши, ќе дојдат гостите и ќе ја дочекаме новата година . Извинете што јас се занесов, но многу сум возбудена и едвај чекам да дојде 15 декември да почнеме со украсување. Поздрав и секое добро.
Јас сега скоро ќе ја китам елката и ќе украсувам во дневната соба. Ако ја собере сликата (резолуцијата) тука, ќе постирам да видите. Иначе можете и некоја идеа плус да ми дадете што би додал.
Еве од лани слика како ми беше украсено. Едвај чекам да почнам да украсувам. Се радувам на празниците што следуваат и на новогодишна еуфорија Еве некоја идеја од мене.... Новагодишна икебана од рафаело бомбици