Мојот новогодишен дом. Прилично е едноставен. Украсувам во дневна и во кујна, во овој стил: Ова е во дневна, мала елкичка, со малечки украси на крем-златно, за да оди со ентериерот. Во дневна имам уште еден детал, кој, додуша, ми стои преку цела година, а е всушност новогодишен. Тоа е ова дрвце кое лани го купивме од JYSK и ми е многу романтично. Овие две ми се во кујна, на црвено и бело, за исто така да ми оди со ентериерот на кујната.
Лани гледам дека на приближно ист датум сум ставила слики. Исто ми е накитено. Кога ќе бендисам нешто, тешко да го сменам.
Па да. Елката и домот се украсуваат по повод Божиќ, а не нова година, иако повеќето не го знаат тоа. Исто така во приказните за Дедо Мраз, тој ги носи подароците за Божиќ.
epten mi se dopadnaa dekoraciive.ama gledam od ovaa nova godina nikoj ne stavil sliki a kaj da e ke si pomine