1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашиот воспитен стил

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 14 јануари 2018.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    АВТОРИТАРНИОТ воспитен стил се нарекува уште крут и строг воспитен стил,а подразбира воспитен стил во кој родителите поставуваат огромни очекувања и барања пред детето,спроведувајќи строг надзор и контрола при што не му даваат доволно топлина и поддршка.Родителите се насочени кон поставување граници и правила,склони се кон казнување во ситуации кога истото не се почитува или ќе се прекрши.Главна воспитна цел е учење на самоконтрола и послушност на детето кон авторитетот,а односот родител – дете се темели на нареденост и подреденост.Таквите деца често се несигурни повлечени,можат да бидат и агресивни, со низок праг на толеранција.Често гледаат со недоверба, ти се несигурни, неуспешни во решавањето на проблемите, постојано се грижат како да ги задоволат родителите.

    АВТОРИТЕТНИОТ воспитен стил, се нарекува уште и демократски и доследен.Тоа е стил кои комбинира цврста родителска контрола и емоционална топлина.Родителите поставуваат барања и очекувања кои се одмерени за возраста на детето, спроведуваат надзор и имаат цврста контрола над детските пожелни форми на однесување, со љубов, поддршка и емоционална топлина.Ја поттикнуваат детската љубопитност, креативност, самоувереност и независност.Водат сметка за детските чувства, го поттикнуваат.Таквите деца се самоуверени, сигурни во себе со висок степен на самоконтрола, одговорни се.

    ПЕРМИСИВЕН односно попустлив воспитен стил, подразбира емоционална топлина, ама слаба контрола.Таквите родители се претерано емоционално осетливи, даваат многу љубов, поддршка и емоционална топлина, но поставуваат мали барања, имаат слаба контрола без поставени граници на детското однесување.Примарно ги задоволуваат сите желби на детето.Таквите деца се често несигурни и неснаодливи, импулсивни, со слаба самоконтрола, склони кон агресивно однесување кога ќе се соочат со ограничувања.

    ИНДИФЕРЕНТЕН односно запоставувачки воспитен стил, подразбира слаба контрола покрај емоционален студен однос на родителите.Родителите поставуваат мали барања, немаат контрола над детското однесување и не му поставуваат граници.Емоционално се ладни, незаинтересирани за активностите на детето, окупирани само со самите себе.Ретко искажуваат родителска љубов.Таквите деца често се непослушни, непријателски се однесуваат, имаат низок степен на самопочит, склони се кон деликвентни облици на однесување.Базично се несигурни со променливо расположение и слаба самоконтрола.

    Воспитните стилови на родителите и нивното однесување со децата има важна улога во нивниот социјален и когнитивен развој.Не е сеедно кој воспитен стил го користат родителите, затоа што истражувањата покажуваат дека демократскиот стил на воспитување е најдобар.Секој родител со пофалба, употреба на убави зборови му покаже дека го прифаќа и дека е сакано.Неразбирањето, агресивниот став кон детето, занемарувањето на потребите на детето, остава негативни последици како на развојот на детето така и на односот дете -родител.
    Преземено

    Ретко кој применува еден воспитен стил, најчесто се комбинира во однос на детето. Каков е вашиот родителски воспитен стил, во што најмногу се пронаоѓате?
     
    На Lolo5, Mayyya, Lianna Anna и 2 други им се допаѓа ова.
  2. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.387
    Допаѓања:
    34.203
    Пол:
    Женски
    Јас би сакала да го воспитувам во авторитетниот стил, ама понекогаш се пронаоѓам и во авторитарниот и пермисивниот стил :?: Индиферентна до сега не сум била (или барем не сум приметила)
    Што знам... не може дете да се воспитува по книга, па колку и да се трудиш. Треба да се следат желбите, потребите, карактерот, можностите и темпераментот на детето, па да се водиме по нив. Ехехеее, колку пати до сега сум рекла јас вака не, па сум го правела токму тоа. Оти, детето не секогаш е такво какво што посакуваме. Посебна индивидуа е со свои желби и потреби кои често може да бидат дијаметрално спротивни од нашите и тука може да има конфликт. Дали да го воспитуваме по нашиот модел или да се прилагодиме на неговиот темперамент? Еден куп прашања и дилеми. Секој ден :)
     
    На mariz, Mayyya, Lianna Anna и 3 други им се допаѓа ова.
  3. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Хм. Интересна тема.
    Јас би рекла дека спаѓам во Авторитетниот но со примеси на Пермисивниот стил.
    Зошто мешавина да појаснам. Детево ми е баеги внимателно. Знае како да се качи/симне од кревет, столче и не го сметам тоа за несигурност како што се опишува во пермисивниот стил како последица, туку за внимателност. Според мене, нормално е да не оди со глава во ѕид.
    Во принцип му дозовлувам СЕ што ќе посака (под се не спаѓа брцање во штекер нормално), за на крај да го однесам до мојата цел. Како? Ако пример земе лажица за да си игра, во ред, само на крај ќе му покажам која е нејзината намена. Ако зеде коцки за да си чеша заби, на крај му објаснувам како се редат. Ако сака со топче да мава по кучето, на крај го седнувам и му покажувам дека треба некој да му возврати (истовремено го сметам тоа за лекција дека треба да дели ) и слични такви примери.
    Немам повишено тон, немам плеснато за дисциплина и верувам дека нема тоа да се случи, посебно второво. Детето сега за сега барем е такво што дозволува да се работи со него без никакви дисциплински мерки и било каков вид на вето (е сега ради ова нема да добиеш она) и се надевам дека таков ќе остане и во иднина.
    Сепак сеуште е мал за некои работи , како на пример, не можам да го прелажам со зборување да јаде така да сметам дека стилот на воспитување сеуште е во изградба кај нас, сега за сега е вака, за понатаму ќе видиме.
     
    На mariz, +++, ivi1987 и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.353
    Пол:
    Женски
    Сите ќе пишат авторитетен, а реално е пермисивен. :bandit:
     
    На Kitten, alana, makedonkamak и 2 други им се допаѓа ова.
  5. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Зашто така мислиш? Имаш такви примери околу себе или за форумов збориш?
     
  6. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.008
    Пол:
    Женски
    Се пронајдов во Авторитетниот воспитен стил. Поставувам барања и имам големи очекувања кои се нормални за нивната возраст. Неможам да се помирам со она - Дете е, период е, ќе му помине. Се трудам, давам се од себе за да им покажам каде грешат, што не е правилно и што треба да се промени во однесувањето, и до сега за повеќето работи имало ефект моето зборување. Знам и тон да повишам кога е потребно, а тоа е во високоризични ситуации или кога неколку пати ќе повторам една иста работа а гледам дека со мирен и тивок тон нема ефект. Против тепање на деца сум одсекогаш, така и ќе остане. До сега немам удрено дете, најголем противник сум.
    Двајцата се многу љубопитни, големата е доста креативна и независна, со малиот тек допрва ме чека работа. Единствено нешто што ме мачи, а тоа е што големата е многу емотивна и осетлива. Кога ја гледам неа, како да се гледам јас на мали години. Бескрајна љубов и поддршка секогаш имаат од мене, тоа е нешто што можам во секое време да им дадам на двајцата подеднакво.
     
    На mariz, Rama, Lolipop23 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.616
    Пол:
    Женски
    Јас се пронајдов во пермисивниот начин на воспитување
    Можеби и не е најдобар начин на воспитување ама сепак мислам дека децата кои растат со многу љубов и внимание се среќни деца,мене тоа и ми е најважно :inlove:
     
    На mariz, EraBon, makedonkamak и 4 други им се допаѓа ова.
  8. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Мислам денешните деца најчесто растат со „пермисивни“ родители.
    Имам пример од многу блиски кои дефинитивно ги пронајдов во индифирентниот тип. Жално и трагично е да гледаш мало дете со никакви манири, воспитување, речник, однос кон средината, оставен на баби/дедовци по цели месеци. Допрва во школо ко ќе оди :shake:
    Јас сакам да сум во авторитетниот, ама што ќе излезе ќе видиме :inlove:
     
    На mariz, Rama, LiliBoz и 4 други им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Јас лично сега за сега се пронаоѓам во авторитетниот стил, проширен малку со attachment parenting.
    Кога беше бебе не ја оставав да плаче, не сум од оние остави го бебето, тоа му е работа, сметам дека тоа е нивниот начин на комуникација (иако веќе е и научно докажано, па не е ова работа на верување или сметање), секогаш одговарав на нејзините потреби.
    Исто така сметам дека бебето има потреба од блискост со мајката и дека така се гради врската. Моето ми беше во раце додека сакаше, спиеше на моите гради додека имаше потреба, потоа самата се оттурна од мене и сакаше да спие на кревет. Не ја форсирам за ништо, ја следам самата кога е спремна. Не сум се користела со методи за тренинг за спиење, да ја оставам да плаче и сама ќе се успие, и тука ги следам нејзините потреби. Често се буди уште од мала, па секогаш ја нишам кога и треба, или ја доев кога сакаше. Се водам и по nighttime parenting, ноќе исто продолжуваат обврските. Колку пати досега ми викале, остави ја ќе се исплаче и ќе заспие. И? Зошто да заспие во таков стрес? Ниту јас сакам да заспивам плачејќи, па сигурно нема неа да ја оставам така да заспие.

    Се пронаоѓам и во авторитетниот стил со тоа што целосно ги почитувам нејзините чувства. Ја учам уште од сега дека нејзино тело е нејзино тело, не ја терам да се бацува или гушка со никој, ја прашувам неа како сака да се поздрави, ако си играме и ја скокоткам кога кажувам не престанувам, за да го научи значењето на зборот.
    Не ги потценувам нејзините чувства затоа што е дете, ниту и се обраќам како што не сакам и мене да ми се обраќаат. Иако е мало човече си е свое човече, верувам дека ако јас и го покажам тоа ќе знае како да се постави со другите луѓе. Ми текнува мајка ми првиот пат кога и кажав дека имам симпатија ми се утепа од смеење, ме направи да се чувствувам толку засрамено некако... После тоа следно што и го кажав беше човекот за кој ќе се мажам.

    За казните и наградите го одбегнувам уште од сега. Секогаш објаснувам зошто нешто треба или не. Ако сметам дека треба да го земам и не е безбедно да си игра го земам веднаш, објаснувам зошто и и давам нешто друго.

    Верувам дека многу од моите принципи произлегуваат од начинот на кој моите ме воспитале. па правам се спротивно. Зашто со мојата ќерка сакам да имам цврста врска, сакам секогаш да може да ми се довери, да знае дека што и да ми каже ќе биде ценето и сослушано.
     
    На sofi2107, do-re-mi, Mayyya и 17 други им се допаѓа ова.
  10. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Авторитетен воспитен стил. Не ни е воопшто лесно, но се трудиме барем така да ги воспитуваме.Тешко ни паѓа ете и нам кога мораме да го скратиме од нешто кое е допуштено од родителите на неговите другари, но тоа е. Среќа имаме приближно размислување со сопругот, па некако полесно се мине, но времето ќе покаже какви родители сме.
     
    На LiliBoz, *Лорена* и Ava.84 им се допаѓа ова.
  11. marijaaxl

    marijaaxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2015
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    741
    Јас сум воспитана во авторитарен стил и тоа врз мене има многу големи последици.

    Јас со моите родители немам никаква блискост, топлина или единство. Никогаш не можам на мајка ми да гледам како другарка или пак да и кажам некаква тајна.

    Многу тешко се вклопувам во друштво, муабети. Од сите другарки бев најрано пуштена за излегување. Тоа не придонеси ништо освен депресија кај мене и повлеченост и огромна срам.

    Сега скоро се е пребродено, но, тоа однесување остава свои трауми. Како фашистички режим низ дома. Не го направам тоа, нема една недела од дома да мрднам. 3ка ако донесам од школо, заборавам на тв скоро цел месец. Тоа е претисок и малтретирање, а не воспитување.

    Со вакво воспитување исто како да се тера детето да прави што родителот сака. Последиците се очигледни, страм, повлеченост, депресија, мал круг на пријатели поради неспособноста за комуникација, тешко се снаоѓа во се, се плаши да направи било каков чекор.

    Среќна сум што успеав да се ослободам од овој режим после 18тиот роденден и да продолжам да функционирам како секоја нормална жива единка на овој свет. :whew:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. GabyTranceॐ

    GabyTranceॐ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2015
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    1.108
    Пол:
    Женски
    ПЕРМИСИВЕН
    Една на мама :wasntme:
     
    На makedonkamak и Mari* им се допаѓа ова.
  13. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    jas sum po ovoj stil na vospituvanje i tocno e slednovo
    ne se soglasuvam so sledniov citat
    granici sekogas i kaj sekoj roditel sto vospituva deca ima. i isto taka koj roditel kolku i da saka ne moze da gi ispolni zelbite na decata ili ne smee sekoe baranje na decata da se ispolni zasto vo sprotivno tie ispolnuvanja po sekoja cena se povejke stetni odkolku korisni za decata. i ne e tocno deka
    a tocno e deka
    no sekoj razgovor so koj ke go ottrgnes deteto od losite nervozni i impulsivni misli e uspesen.grska e ako decata se odgleduvaat pod najstrog rezim kako avtoritarniot
     
    На Mari* му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Според мене авторитарниот не е добар, исто колку и пермисивниот. Но ретко кој целосно се придржува до едниот или другиот.
    Моите родители на пример во тинејџерскиот период беа повеќе склони кон пермисивниот, се ми беше дозволено, излегував кога сакав и до колку сакав. Сакаа тогаш некои граници да постават, но врската не ни беше блиска и јас воопшто не ги слушав. Не им викав, може ли да излезам да одам до таму и таму, туку јас излегувам. Ако ме прашаа каде често лажев. Потоа им викав што и да ви кажам, и така не сум на едно место. Многу ми е останат во мисла и еден цитат, ќе парафразирам, слушајте ги децата секогаш со внимание без разлика колку малечко да ви се чини нештото, зашто ако не ги слушате за малите работи, нема да ви се доверуваат ни за големите, зашто за нив, сите работи секогаш биле големи. Моите не ме слушаа за малите, па не ги ни знаеја големите.
    Мора во се баланс да има, но мислам дека ако се водиме по детето ќе направиме најмалку грешки. А грешки нормално е да има. :)
     
    На sofi2107, celineparis, +++ и 10 други им се допаѓа ова.
  15. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.332
    Неможам да оценам точно во кој воспитен стил спаѓам.
    Мешавина сум.
    И јас иако повозрасна со две искуства,ете лутам низ категорииве.
    Попустлива сум.
    Всушност понекогаш сум уморна и затоа сум попустлива.

    Ама,не го воспитувам сама за да имам најголемо влијание.
    Имаме преќутен договор-Рефо попушта,јас стегам.
    Мора еден од родителите да држи узди.
     
    На M&M, Lolipop23, ivi1987 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.880
    Допаѓања:
    19.066
    Пол:
    Женски
    Авторитетен, дефинитивно... А татко и има пермисивен стил, и многу често се расправаме околу тоа. Тој се и дозволува, а јас поставувам граници. И тука постои моментот кога таа веќе го научи тоа и од него бара да и удоволи, оти знае дека јас не попуштам лесно. Не сум Хитлер, хаха... Ама многу сакам да се знаат граници, да се има нормална дисциплина. Не дека и јас не и дозволувам работи, ама се знае, ако нештото е НЕ тогаш е НЕ, . Инаку да, кога нема дозволам и ќе плаче, ја гушкам многу за да се смири :D и си ја бацувам, и си ја сакам бескрајно... Хехе
     
    На Ava.84, kukla21, RainBow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    И мојот е ист. Не може ништо да и земе, сѐ и дозволува. Неговиот стил е пермисивен со уште поголеми примеси на пермисивност. :D
    Мене лично не ми смета, јас му викам на него дека треба да внимава како ќе си го изгради односот со ќерка му, зашто она нема да го почитува, еве веќе само мене ме слуша, а не зашто јас викам и сум лошата, зашто ни е таков односот.
    Па работи сега на случајот и он да си најде некоја средина.
     
    На jacqueline.s, SV1911, ivi1987 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.510
    Допаѓања:
    32.643
    Пол:
    Женски
    Не мора да значи јас ќе кажам за мене и татко ми. Тој секогаш за се ми попуштал се ми дозволувал , а мајка ми беше таа стргата што беше секогаш полоша и од кој се плашевме. Мојата врска со татко ми е прекрасна .Он е за мене најважен , повеќе од мајками како мала си го сакав и си го гушкав многу и со него си спиев како мала и зимото. А јас му бев и уште сум му миленичка. Денес е многу стар ама ако треба нешто да направи и не сака мајка ми само ќе ми каже јас да му кажам и одма попушта. Со сестра ми беше многу построг оти поголема, ја караше повеќе и со неа нема таква врска како мене.А сестра ми повеќе ја почитува мајка ми и ако повеќе ја караше. Ете зависи од детето.А и мојот мм многу и попушта на малата, а јас ја карам само, а тој не викај ќе ја исплашеш, ќе ја истрауматизираш. Да го види човек од страна 190 см маж 100 кг висок ,а со неа кога збори мјаука:rofl: и се топи од неа:lol: Ќерките се слабост на мажите мора да разбереме;)
     
    На Lolo5, Mari*, Lolipop23 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Да, се е до детето. Мојот татко исто беше попопустлив, посмирен, но пак немам близок однос со него, ниту сум го слушала за нешто.
    Мислам дека и двајцата некако не знаеја како да се постават и одеа до крајности.
    Затоа, кажав и погоре, некоја средина треба да се најде и да се воспитува според карактерот на детето.
     
    На Ava.84 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    3.335
    Пол:
    Женски
    Најчесто е така. Тој нај идеално изгледа...а сите кон тоа тежнееме. Читав според некоја психологија дека повеќето од нас (не сите) бираме ниво што е НАД од тоа што навистина е.

    И тешко е да се одредиш кон некој стил...во некоја ситуација можеш да реагираш според еден стил,а во друга според друг стил...како и што е пишано во текстот.
    Јас сакам да сум по авторитетен, ама пермисивен сум изгледа :rofl:.
     
    На mariz, Matotheja, Ava.84 и 1 друга личност им се допаѓа ова.