Во авто-камп, ама на море да биде, зашто не сум била досега. Шаторот да ми е поставен блиску до морето и да се будам со бранови наутро.И плинско и ѓезве да имам И залихи пиво.
да сум на некој егзотичен остров со песочна плажа со тиркизна вода и карпи да се излежавам на лежалка со коктел во раце добра музика дечкото покрај мене и да истражуваме нови местенца
Идеален одмор ми е обично летниот. Гледам секоја година барем еднаш да одам на море, но не на истото место. Сакам да видам што повеќе места. Смислата на животот е патувањето. Лично јас одморот го замислувам вака: будење рано за што повеќе да се искористи денот, цел ден уживање на плажа, а вечерта да се оди на некоја вечера или на пијачка. Не сум баш за одење по дискотеки додека сум на одмор, повеќе сакам да го истражам местото отколку да губам време во затворен простор со пијани будали. Идеални места ми се оние со чиста тиркизна вода и ситни песочни плажи. Би сакала да имам можност да одам на Бора Бора, Канкун, Малдиви, Куба - мислам дека овие дестинации би ги издвоила како идеални за летен одмор. Засега морам да се задоволам со поблискиве региони.
Идеален одмор ми е летниот, и тоа со добро спиење, до кај 8-9 ч. наутро, станување, пиење кафенце, одење на доручек, враќање во соба, спремање за плажа, одење на плажа, пливање, уживање на лежалка со убава пијачка, фоткање задолжително, потоа одење во соба, малку одмор, потоа ручек, попладне пак на плажа, уживање до максимум, со сите нишани, може и некоја релакс масажа на плажа, враќање во соба, туширање, средување и излегување на шетање и вечера или десерт. Легнување на спиење во некое нормално време, најдоцна до 12.30-1 часот. Не преферирам дискотеки и гужви, зашто ми е преубаво да шетам во отворен простор, посебно покрај море.
Ако сум со друштво некаде каде и има убави плажи и многу забави до рано утро Ако сум со дечко некаде каде нема гужви, да си бидеме сами
Идеален одмор ми е секаде каде што има убави плажи, а воедно и интересни градби што може да се посетат. Преферирам повеќе патувања во лето, отколку во поладниот период. Острови, најидеални ми се за тоа што барам и очекувам од еден одмор и најубавите одмори ми се баш таму. Инаку сакам да поспијам до касно на одмори, не сум баш по рано станување и одење на плажа во тоа време, повеќе сакам зајдисонцето да го дочекам на плажа. Одам покасно на плажа и седам додека не го снема сонцето. После одам да прошетам, ги сакам ноќите, но не сакам нешто многу претерано. Пијачка во добар кафич покрај плажа со убава музика и прошетка покрај море е идеална ноќ на одмор за мене. Сакам некои денови и да легачам на плажа само, а некои сакам и да истражувам знаменитости. Пола-пола поминат одмор ми е најубаво.