Сакам да знам каков е вашиот однос со школски/колешки Јас ке почнам прва, уште одам во средно школо, се запознав со многу деца од школото, и веке препознавам кои ми се онака добри другари, а кои имаат корист од мене. Оние кои ми се добри другари, со нив имам ептен супер однос, знам во секое време да им помогнам (дали ке биде во врска со проект или домашно без разлика), а исто и тие така А оние кои покажаа дека со мене се дружат само за нивни интереси, веке добро им ја разбрав намерата, па гледам што подалеку од нив да сум
Јас никогаш не сум имала претерана блискост ни со школските ни со колегите.Се држам на пристојна дистанца ,негувам одредени пријателства и воглавно тоа е тоа.
Со најдобрата другарка учевме во средно заедно иако различни класови па сега и на факултет сме заедно односот ми е супер со неа но се дружам и со доста колешки и колеги кои ги знам претходно со другарките од средно така -така од основно помалку но тука некаде сме на здраво и можеби некое кратко гледање.
Jas ne sum bliska bash so site u skolo ..imam nekoj odredeni drugarki sho imam dobar vospostaven kontakt ..a imam i edna sho se si kazuvam so nea..nemam mnogu doverba bash u deneshnive luge..poveketo gledaat od korist..
Јас се дружам само една другарка од средно. Се дружев со уште две, ама сфатив дека не ми биле вистински другарки и ги откачив.
Сега имам три другарки. Се дружам и со останатите (повеќето од останатите). Секако, има три шмизли (од кои едната ми беше другарка, но веќе не ми е, а останатите две имаат „ангелски гласови“) кои ме нервираат.
најдобра другарка ми е само мајка ми ,сите други ми се само пријателки,не ми требаат другарки од корист мене
Не се приврзувам за колешките, само кога треба нешто или за мене или за нив тука сме да си помогнеме ама нешто повеќе, дружби ова она не.
Мојот однос со школските е навистина супер. Со оглед на тоа дека со сите мои најдобри другарки сум во ист клас, а и останатите не се лоши. Живееме сосем добро, си помагаме, трачариме понекогаш и тоа, воглавно блиски сме
Со сите колешки/ колеги имам добар однос, и со најголемиот дел од нив муабетот е околу факултетот, ама има една колешка со која сме многу блиски, ни се совпаѓаат карактерите, имаме многу заеднички теми на кои правиме муабет и се чувствувам доволно блиска со неа да разменам и поинтимни работи... Често останувам кај неа на спиење, и таа доаѓа кај мене...
Значи на училиште се дружам со деца кои мислам дека не ми прават лице, а тоа се само 3 личности кои ги почитувам (ги сакам ), а за другите како се однесуваат со мене, така и јас со нив! :3
Во средното бевме прилично сложен клас,па скоро сите се дружевме и за на кафе,и за излегување заедно бевме. Сега на факултет е малку поразлично,повеќе луѓе,други карактери.Со некои колеги/колешки сум прилично блиска имаме излегувано заедно,на кафе,на собиранки.Со некои сум само на здраво и пред испит некој муабет ако напраиме а има и 2,3ца со кои сум се спречкала при некоја дискусија,па не се мирисаме многу.
сложен клас сме ама односот не ми е ист со сите со една другарка сум неразделна, со некој имам моабет, со некој само здраво, со некој па ич не разговарам
Трета година сум на факултет. Со тие од средно сеуште излегуваме, но не со сите, туку со 7-8 души. Со останатите имам едно Здраво, Како си. Со некои па не ни комуницирам, како да не сме се ни познавале никогаш. А со колегите од факултет не се дружам баш. Имам две поблиски колешки но никогаш не излегуваме заедно, само на факултет заедно седиме и си разговараме.
Со сите сум имала коректни односи, само со неколку близина, но со тек на време се оддалечивме заради обврските.
Во средно се трудев со сите да сум океј професионално и само со 2-3ца бев поблиска и приватно. Сега на факултет ќе видиме какви ќе ми се погодат луѓето. Иако би сакала да сум блиска и приватно и да склопам океј пријателства.
Од основно се дружам со едни исти и тие ми се најблиски другарки,а на работа само со една колешка сум блиска и имаме приватно, со другите две нормален однос имам.
Дали мислите дека е коректно колешка (докторка - вработрна во фирмата, не газдарица) да им наредува на медицинските сестри да и прават кафе а притоа да и го донесат, а она на крак на смена да го остави филџанот на маса, а не во кујна, не дај боже да си го измие некогаш. Значи нагласувам, не е газдарица. Што мислите и што би правеле вие?
Ќе и кажам "ако имаш школо не значи дека си Господ". Какво кафе правење, нека си направи сама, неспособна да не е.