Не е коректно ни газдарица ако беше. Ќе и кажеш не сум јас овде дојдена за кафе да ти варам. Или пожалете се кај нејзиниот надреден ако ве малтретира. Освен тие две работи нема што друго да се направи освен да си најдеш друга работа, таков ни е менталитетот.
Не би и правела, ќе ја игнорирам. Ако си вработена како кафе-куварка тоа ти е работа, ама ако си сестра не ти е должност да и правиш кафе на докторката. Следен пат кога ќе побара, речи и демек на шала ај докторке вие направете сега да видиме какво кафе правите.
Проблемот е што колешките ја научиле така и така мислат дека треба, а ако се пожалам на газдите мислам ќе нема ефект блиски се со неа. Хаос.
Во никој случај не е коректно ако е кажано како наредба. И тоа што викаш што го остава филџанот. И тоа што никогаш таа не вари за вас кафе. Но мислам и дека нема да има ефект што и да и речеш, дали директно или индректно зошто таквите ко неа искомплексирани возвишени нема да те сфатат. Јас би продолжила да варам кафе, ете мене лично не ми смета и не ми е некоја работа. Ако тебе толку ти смета, барем почни да го правиш такво какво што не го сака да го пие, ставај малку кафе, прави го ко вода, барем нервирај ја и ти
Исто како и другите. Зошто ти да се замеруваш со нејзе? Зошто другите не и' приречат па сега ти да ја исправаш? Големо чудо ако не измила. Стопати ќе измијам по нејзе, ама нема да се замерам. Не од страв, туку не знаеш како ќе се заврти ситуацијата. Играј паметно.
Искрено не би и правела кафе. Остави ги советите дека не би му пречело да измиат и да варат кафе. Ако сакаат и дома нека одат да и чистат. Од такви лижачи од луѓе сме до овде дојдени некој да мисли што сака да прави со нас. Наредно не и вари кафе, а и филџанот кај што го има остаено таму ќе си го најди.