Сега, засекогаш и во вечни векови. Мирис на чисто и комплетна заштита. Нешто на што НИКОГАШ не штедам пари.
Hipica, ја имаш ли пробано и зелената рексона, со алое вера што е ?? Јас ја користам неа, но во последно време многу ја фалат синава рексона.. оваа ти што ја користиш Па ако ги имаш и двете користено кажи ги впечатоците
Споредба меѓу Рексоната што ја имав последно постирано и зелената: и зелената е супер, долго време и неа ја користев, мириса на супер-свежо и чисто (воедно како и сите Рексони), ама оваа последно што ја купив ми е за нијанса поефективна. Бар мене лично.
Јас. Убави се, со цените мислам не се разликуваат во цените којзне колку на пример со Дав или Рексоната - јас Боржуа го купив 200 денари или околу 200, не ми е при ум цената, но навистина е ефикасен. Во Космо за жал немаше некој доста широк избор на различни мириси па го зедов оној бледо-розевиот Mineral & beauty мислам дека беше. Нежен е и по мирис и со кожата и што е најбитно - не остава бели или жолти дамки по светли маички. Трае мирисот, неутрализира солидно непријатни мириси, но имај предвид дека јас и не се потам којзнае колку па тука и не би можела баш да бидам од помош со информациите. Но, како и да е, мислам дека би бил супер избор навистина.
Случајно го купив пред некој ден и можам да кажам за сега сум ептен задоволна а и ептееен убаво мириса