До сега редовно го користев синиот адидас арно ама пошто го немале во продавница а мене итно ми требаше мајка ми го купила истиот овој рексона и мноогу ми се допадна ме изненади долготрајноста и убавиот мирис.
Рексона стик, било кој, по можност машки Лом ми ги направи сите потемни маици ама јас уште сум му верна, за ништо не го менувам
Моментално ми е омилен овој. Мирисот трае многу, се осеќа ако прснеш дури и на палто или врз марама. Мене ми мириса марамата вејќе 3 дена.
На поклон добив дезодоранс Villeroy во зелено пакување е многу е убав облеката ми мириса 3 4 дена од него ама незнам каде го има зошто сакам да си купам при крај ми е Ако на некој му текни нека ми кажи ако не ќе го сликам утре
некој користел вакви стикчиња...а спрејовите до нив може некој да ми каже што се... каде ги има, по колку пари се стикчето и спрејчето ? искуство од Dove дезодоранси,стикчиња,срејови??
Ги користам само тие на Nivea. Навикната сум на нив, најдобри ми се. Моментално го користам Nivea Invisible розевото
Омилен ми е и најголем ефект кај мене има Рексоната.. Ја користам сивата со плаво знакче, ама сакам да сменам, а да биде исто Рексона, но не знам за која да се одлучам, па ако може да ми препорачате. Мене ми е океј оваа што ја користам, ама мирисот не е ништо посебно, силен е. Сакам некоја со понежен мирис. Еднаш по грешка купив Рексона со розево или виолетово знакче и воошто не ми се допаѓаше, имаше уште појак мирис. Баш ги загледав белите Рексони, ама не можам да си шприцнам во маркет да мириснам Некој со искуство?