Го користам Нивеа без алуминуим, али често моите по грешка купуваат од другите Нивеа, моментално го имам срес протект. Го земам тој зошто другарка ме исплаши дека жлездите се запушувале од алуминиум и ко чиреви искачале, што не ми се има случено на мене али ај. Не знам зошто мора да бирам меѓу без алкохол и без алуминиум, зошто не направат еден стварно добар дезодоранс.
Овој ми е омилениот дезодоранс. До пред некое време го купував од продавницата каде првпат го открив, ама ја затворија. Го имате ли видено некаде да се продава? Ако најдам, би си купила 2-3 одеднаш.
Се согласувам со тебе. Го имам користено и навистина е одличен. Секој дезодоранс Рексона е прекрасен. Не само што убаво мирисаат дезодорансите, туку и штитат од потење.
Девојки има разлика меѓу антиперспирант и дезодоранс.Половина од вас постираат антиперспиранти на темава.
Според мене има, антиперсирантот е против потење, и се става под пазуви, а дезодорансот на врат, на облека....
Омилен антиперспирант било кој имам користено рексона, нивеа, фа,дове.ретко кој дезодоранс трае така да во последно време купувам парфеми.Моментално го имам и користам тесори кафенена амбалажа,јас обожавам кога го имам на себе.