Обично омилен ми станува последниот користен дезодоранс. Немам некој постојан. Моментално овој е на мета. И бидејќи има една самовилка-пеперутка (што и да е), ме потсеќа на ДивајнБатрфлај.
Па и не е баш дезодоранс, тоалена вода е, јас ја имам користено, не е лоша, има убав мирис, би рекла карктеристичен за ова поднебје, мене секој град ми мириса поинаку, секоја држава, па така и овој, ми мириса на Македонска жена, и тоа од оние деловните . Шала на страна, не е дезодоранс, тоалетна вода е, односно не штити, не ја осеќаш онаа сувост како на пример од мојот моментален дезодоранс, ГарниерМинерал 72 часовен, доколку имаш пот со нагласена миризба по некое време мирисот се чувствува. Со оглед на тоа што потењето е нормална појава на исфрлање на токсините и не треба да биде спречена туку треба да се постигне ефект кој ќе го неутрализра мирисот а потта ќе ја упие, е тој ефект го добивам јас со мојот дезодоранс, преубав ми е, ми мириса на чисто, не ми остава флеки на облеката, и потта се упива во слојот што го остава дезодорансот, како на рекламата што да ви кажам. Искрено јас немам некој голем проблем со потењето, прилично сум олабавена од тој аспект гледано, не сум фанатик по наоѓање на дезодоранси, па да ги менувам додека да го најдам вистинскиот, купувам еден и се шприцам исклучиво еднаш на ден, наутро и толку, па ми траат подолго, можам цело лето да го поминам со еден или два дезодоранси, но можам да кажам во моментот Гарниерот е мојот избор, мислам дека и лани беше
Јас сум го користела и мене ми се допаѓа мирисот. Имаат дезодоранс во колекцијата, само не сум сигурна дали е антиперспирант. Дезодорансот дава само мирисна нота, а антиперспиранотот е тој што спречува потење. Има разлика. http://www.alkaloid.com.mk/queen-code-en.nspx
девојки знаете ли каде можам да ја купам онаа белегзијата од Rexonа што ја рекламираат и колку пари е? фала
Кој било од Рексона. Незаменливи се. ^ Патем, за белегзијата, мислам дека не се продава, туку е искористена само за тоа истражувањето на тимот на Рексона.