Феминкии.. Не најдов соодветна тема за прашањево, и затоа морав некаде, па ајде тука Вака: родена сум на 20.01 и незнам што сум во хороскоп.. смешно знам.. во некој хороскоп сум јарец, во некој водолија.. а се пронаоѓам по пола и во двата.. знае некој да ми каже? ќе ви бидам МНООООООГУ благодарна.
кај девица во хороскоп па и во подзнак се е точно само дека сме баш срамежливи не би рекла Девица Ако сте девица во подзнак, вие честопати оставате впечаток на многу урамнотежена, сталожена и многу педантна личност. Вие секогаш делувате скромно и достоинствено, понекогаш снобовски и со вашата појава, сакате да оставате впечаток како да ги познавате најновите модни трендови. Дури и ако во моментот се чувствувате енергично и имате потреба за дружење, на светот можете да му изгледате како срамежлива, непопуларна личност, која секогаш изгледа како да ù се врти некоја многу сериозна мисла во глава. На оние луѓе кои се девици во подзнак, пријателите и членовите на семејството честопати им се обраќаат за разни здравствени проблеми, бидејќи девицата изгледа како да има одговор на сè.
Вага Доколку во подзнак сте вага, тогаш на останатите сигурно им е многу тешко да ви кажат „не“. Вие изгледате многу шармантно и убедливо, па така на луѓето им е многу тешко да одбијат да ви помогнат некако. Вашиот изглед е секогаш среден, дури и кога одите до продавница. Надворешно изгледате не одлучно, а со тоа им оставате простор на другите да одлучуваат за вас, правејќи да изгледате уште по неодоливо. Намуртеноста и суетата се двете најслаби ваши квалитети. За среќа, вие секогаш избегнувате конфликт.
Подзнакот ми е Шкорпија и буквално точно се додека не ме запознаат потоа се е во ред јулие77секој чест
Јас сум во подзнак близнаци и не ми одговара којзнае колку, зашто не сум многу шегаџија, јас сум скорпија во хороскоп и изгледам ладна (барем сите ми велат така).. Ама за тоа на шалтер е точно Инаку не верувам тролку многу во подзнак, бидејќи мене ми одговара повеќе скорпијата и подзнак и обичен, едноставно таква сум сио
Ако вашиот подзнак е близнаци, другите луѓе очекуваат од вас да бидете остроумниот шегаџија, кој секогаш ќе смислува интересни и по малку ѓаволести идеи. Едноставно, вие поседувате дел од таа фантастична харизма на близнаците, со која ги освојувате луѓето околу вас. Дури и кога се чувствувате тотално спокојни додека чекате долг ред пред шалтер, на луѓето околу вас им изгледате нетрпеливо. Внимавајте што зборувате – може да постојат гласини за вас, дека многу сакате да озборувате, дури и ако со вашите коментари немате воопшто никакви лоши намери. Сепак, најистакнати ваши особини се духовитоста и остроумноста и луѓето околу вас се секогаш подготвени да бидат импресионирани од сè што ќе изустите. така е, така е...
Вага Доколку во подзнак сте вага, тогаш на останатите сигурно им е многу тешко да ви кажат „не“. Вие изгледате многу шармантно и убедливо, па така на луѓето им е многу тешко да одбијат да ви помогнат некако. Вашиот изглед е секогаш среден, дури и кога одите до продавница. Надворешно изгледате не одлучно, а со тоа им оставате простор на другите да одлучуваат за вас, правејќи да изгледате уште по неодоливо. Намуртеноста и суетата се двете најслаби ваши квалитети. За среќа, вие секогаш избегнувате конфликт. tocno e se