1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашиот подзнак во хороскопот

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од julie77, 10 октомври 2011.

  1. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.073
    Допаѓања:
    17.216
    Пол:
    Женски
    Скорпија

    Доколку во подзнак сте скорпија, не навредувајте се ако луѓето стојат на некоја одредена дистанца од вас. Тоа е од проста причина што тие имаат одредена стравопочит кон вас. Вие изгледате премногу интензивно. Тоа е можеби поради вашиот продорен поглед или сексипил. Вие сте динамични и привлечни, па така луѓето мистериозно се навлечени на вас. Сета таа ваша забележлива сексипилност е многу забавна, но имате и темна страна. Понекогаш може да изгледате нерасположено, па дури и малку опасно за луѓето околу вас. Треба да знаете како да уживате во вашиот мистериозен елемент.

    Така е... :)
     
  2. AwesomeGirl

    AwesomeGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2013
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Рак

    Ако вашиот подзнак е рак, вие најверојатно сте првото рамо за плачење, на кое сите трчаат да се потпрат. Вие оставате впечаток на нежна личност, полна со разбирање за чувствата на другите и оваа ваша особина треба да ја искористите за да ги тешите оние на кои им недостасува чувство на сигурност. И покрај тоа што можеби немате многу трпение за тоа, вие можете да очекувате дека другите ќе ви се отвораат секогаш кога ќе им треба некој мајчински совет. Од друга страна, понекогаш делувате пре емотивно, па дури и манипулативно.

    Такава ми е фацата! :D
     
  3. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски

    Па тоа сум јас,да,да.... :D :D Не е можно значи колку ми е точно ова со хорскопов..не е можно :rofl: :rofl:
     
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.561
    Пол:
    Женски
    Риби

    Доколку во подзнак сте риби, луѓето може поинаку да ве доживуваат, отколку што вие мислите. Она што за вас е обично размислување, останатите ќе го гледаат како сонување со отворени очи. Вие изгледате како изгубени во светот на илузиите. Дури и да се чувствувате комплетно сигурни во себе, останатите можат да почнат да газат внимателно околу вас, плашејќи се да не ви ја прекршат или повредат вашата сензибилност. Токму оваа карактеристика често може да ве доведува во неволји. Вие може да бидете лесна цел, за некој кој чека такви како вас. Исто така немојте да бидете изненадени доколку луѓето доаѓаат кај вас да си ги отворат своите срца и да си ги кажат своите маки. За тоа, обвинете ја вашата грижлива аура која ја ширите.

    Интересно. :D
     
  5. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    точно е :)
     
  6. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Така е си е.... :?:
     
  7. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    :D Бик

    Ако сте бик во подзнак, вие на луѓето им оставате прв впечаток како да сте многу присебна, сталожена, самоуверена, амбициозна, а сепак скромна личност. Кој и да е вашиот хороскопски знак, ако сте во подзнак бик, луѓето честопати ќе се потпираат на вас секогаш кога ќе се најдат во тешка ситуација, бидејќи вие изгледате како многу стабилна и логична личност. Тие се позитивните карактерни особини на бикот. Ако немате многу среќа, на луѓето околу вас можеби ќе им оставите впечаток како малку тврдоглава и здодевна личност, која повеќе троши време напорно работејќи на некоја работа, отколку на фактичко реализирање на истата. Но, биковите се многу упорни и решителни личности, па така и вие со овој подзнак, ќе научите да ги искористите ваквите особини во ваша полза.
    Си знам :D
     
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Крајно и најслабо влијание на Вага и почетно влијание на Скорпија. Е ај сега де. Oд се` по малце сум изгледа. :D
     
  9. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Значење на вашиот подзнак

    Ако го знаете вашиот подзнактука мо#ете да прочитате
    Мојот подзнак е Шкорпија
    Aries Овен
    Вашиот подзнак е во Овен, што ве прави позитивна и превземителна личност.

    Кај личностите чиј подзнак е во Овен обично се јавува недостаток на такт, така што дипломатичноста треба да се научи или може да се добие како последица од другите влијанија во наталната карта. Исто така за вас може да се каже дека сте личност која точно знае што сака и тоа ви овозможува да дејствувате во моментот кога вашите идеи ќе се оформат, без да чувствувате двоумење или колебливост. Вие секогаш приоѓате кон остварување на вашите идеи без да се обзирате назад. Вие не губите време ако сте намислиле да отпочнете некој проект, но брзо ви станува досадно и станувате нестрпливи ако резултатите не уследат онолку брзо колку што сте очекувале. Тогаш вероватно се откажувате од намерата и отпочнувате

    нешто друго. Кај вас постои тенденција постојано да се потврдувате себеси преку непрекинати залагања, независно дали ќе го завршите отпочнатото или не. Физичката активност вам ви е неопходна и ако сте на било кој начин спречени, потиснувањето ви предизвикува фрустрираност. Под влијанието на вашиот подзнак вие имате атлетски способности. Постои усогласеност на вашите физички особености и вашиот борбен дух. Со добра контрола врз себе вие сте во состојба да “поместите планини“, но ако неуспете да се контролирате тогаш станувате импулсивни и себични, немоќни правилно да размислувате. Кај вас се многу изразени потребата за независност и слобода, но некогаш сте наивни во своите сфаќања. Физички вие сте покретни и имате брзи рефлекси. Вие исто така сте добри во ситуации во кои се бара остроумност, амбиција и вештина. Многу водачи во бизнисот или војската можат својот успех да му го препишат на нивниот подзнак во Овен.

    Taurus Бик
    Бикот дава личност која е стабилна, мила и хармонична. Природата на Бикот е нежна, стабилна и лојална. Вие сте личност со скромни потреби: добра храна, добар секс и прифатливо место за живеење. Личностите со подзнак во Бик се пасивни и толерантни додека не бидат испровоцирани. Тогаш Бикот станува инаетлив и груб. Како последица на ова влијание повеќето време вие сте бавни и воздржани. Вие не сте тип на личност која прифаќа големи предизвици. Сите реакции на дадените можности се добро осмислени и постои одреден отпор.

    Вие сте многу посесивни и нефлексибилни во своите убедувања. Вашите методи кои се постојани и веродостојни значат дека каков и да е проектот што ќе го преземете ќе биде комплетно завршен. На вас секогаш може да се смета, но не дозволувате да ве избрзуваат и одбивате да направите нешто друго освен она што треба. Вие имате голема љубов за убавите работи во животот и не се воздржувате да ги задоволите своите желби, ако тоа е можно. Ваквиот подзнак ги дава следните квалитети: дипломатичност, такт и дружељубивост. Но како негативна последица на ова влијание е мрзеливост и суетност. За личност со подзнак во Бик, најголемо искушение е задоволството. Тоа вклучува, задоволства на осетот за вид, вкус, допир, како и чувствата. Сензуалната природа е многу активна. Постои талент или барем голем интерес за пеење или зборување. Физички постои тенденција личноста да биде крупна (како од структурата на коските исто и лакомост), како и да е многу силна. Со ваквата сила и формата на телото доаѓа и издржливост која ретко може да биде надмината од другите. Ова влијание дава стабилност и упорност. Вие манифестирате многу практичен приод кон животот, како и потрага по задоволства.

    Gemini Близнаци
    Вам животот никогаш не може да ви е глупав затоа што вашиот подзнак е во Близнаци, а тоа значи дека сте духовита и интелигентна личност. На жалост, во вашата природа има исто така и вознемиреност, нервозност и расплинетост. Вам ви е потребна постојана ментална стимулација. Тоа е затоа што неможете да си замислите да ви биде досадно дури ни една минута.
    Вие сакате да сте опкружени со луѓе, активности и возбудливи ситуации. Вие сте најсреќни кога сте многу зафатени и тоа во повеќе различни активности. Вие сте по природа ментално многу активни. Вие се идентификувате со своите идеи и се сметате себеси за интелектуална личност. Вие сте друштвени и прилагодливи, но понекогаш сте темпераментни и непостојани. Иако делувате самоуверено, самодовербата не е една од вашите природни особини. Вашиот карактер е добар кога успевате да останете сталожени и ведри. Вие сте извонредни за разговор и постои можност да станете писател, новинар или некое поле на активност каде е потребна комуникативност. Вие сте непостојани и брзи, и е посебно тешко да застанете на едно место. Како последица на влијанието на вашиот подзнак, вие сте паметни, вие можете да ги надзборувате и да ги надмудрите повеќето луѓе кои ги среќавате. Физички вие сте вредни и имате добра координација на покретите. Нервозните активности ви ја одржуваат телесната тежина и за вас може да се каже дека сте витки. Вашиот ентузијазам за промени е особина која ве прави постојано млади и со прогресивен ум, дури и откако ќе остарите. Како последица на вашиот подзнак, постои двојност во вашата личност, која резултира со склоност кон променливост во своето однесување. Вие можете да се справите со повеќе од една работа во исто време. Вие имате тенденција да лутате од еден предмет на друг, од една задача на друга, како и да влегувате и излегувате од врски. Вие сте собирач на неважни и случајни информации. Вие во секој случај можете да претставувате жива енциклопедија.

    Cancer Рак
    Заради влијанието на Ракот кој е вашиот подзнак, вие сте идеалист, чувствителни и сентиментални со живописна имагинација. Како последица на тоа што вие сте внимателни и конзервативни, промените во вашиот живот се одвиваат многу споро, ако воопшто дозволите да се случат. Вие не сте склони да бидете пасивни и сугестибилни. Вие за себе мислите дека сте романтични и вашиот живот често е диктиран од вашите љубовни афери.

    Иако повеќето луѓе ве сметаат за шармантна личност, атрактивна и достојна на нивното почитување, а исто така и се восхитуваат на вашите квалитети како што се вашата чувствителност и разбирање за човечките недостатоци, тие сепак ја критикуваат вашата себичност, нефлексибилност и нетолерантност. Вие сте крајно приврзани кон својата фамилија, минатото, вашето потекло и спомените од детството, кои се основа на многу преокупации и вашата слика за себе. Заради силното чувство на несигурност вас ви е тешко да се справите со нефамилијарни ситуации и се чувствувате неспособни за борба за опстанок во животот. Но, истото тоа чувство на недоверба во себе ви дава големо количество на издржливост и лојалност. Вие не се отварате лесно пред непознати, но ако стекнете доверба во некого, довербата еднаш дадена е дадена засекогаш. Вие исто така сте и сентиментални.
    Aко вие се чувствувате сигурни, вие сте нежни, великодушни и се грижите за потребите на другите. Но, ако вие се почувствувате несигурни или во опасност, вие постанувате крајно чувствителни, што оди до критицизам, исто така тогаш вие станувате страмежливи, повлечени и нерасположени. Вие имате голема потреба за сигурност, во смисол да бидете сакани, негувани и заштитени. Вие сте високо свесни за психолошките, метафизичките и мистичните прашања. Постои можност во зрелост да ви се случи комплетна психолошка метаморфоза. Вие добивате голема компензација од секој извор на задоволство или креација (физички, артистички или емоционален). Вие имате склоност кон мудрување.

    Leo Лав
    Како последица на влијанието на вашиот подзнак Лав вие сте великодушни, нежни и силни. Вашиот подзнак ви дава кралско држење и смисла за контролирање на повеќето ситуации. Вие сте многу отворена и активна личност, и отворено се радувате кога работите одат на добро. Поштеност, храброст и гордост се вашите главни доблести, а вашата екстровертна природа ви дава популарност. Затоа што сакате моќ и командување, вие понекогаш сакате да доминирате со ситуациите дури и кога никој тоа не го сака од вас. Дури и кога никој не ве предизвикува, вашето држење е претерано гордо, и покажувате голема самодоверба.
    Вие сте толку самоуверени што понекогаш станувате невнимателни. Вие сте многу темпераментни и многу брзо ги надминувате чувствата на вознемиреност. Вашата личност е многу привлечна кога се оди добро, но вие тешко се снаоѓате кога ви се случуваат незгоди. Вие надмено ги игнорирате они личности кои предизвикуваат конфликти во вашиот живот. Вие имате тенденција да претерувате понекогаш, постануваќи екстравагантни и премногу смели. Вие сте тврдоглави, но не на непријатен и неприфатлив начин. Вие сте романтични и чувствителни, но некогаш малку и апсурдно романтични. Вие го цените она што луѓето го прават за вас и вие сте предан другар кој ќе запамети и ќе ја возврати покажаната добрина.
    Вие имате истанчен вкус и смисла за луксузни нешта, што ве потикнува да држите многу до својот изглед. Вашата личност е драматична, склони на помпезност и церемонии, и вие вероватно барате можности за пројавување на блескавата страна на вашата природа.

    Virgo Девица
    Како последица на вашиот подзнак Девица, вие сте практични, објективни и аналитични. Вие повеќе сакате да сте на тивката страна, некако скромни и никогаш не сте груби или сурови. Вие поседувате ментална проникливост која ја изразувате во секојдневните практични работи. Aналитични и методични во се што правите, вие сте многу систематични во остварувањето на своите идеи, како и согледување на проектите што ги работите се до нивното комплетирање. Вие сте внимателни и ги забележувате сите детали, толку сеопфатно што ретко да направите пропуст во тоа што го работите.

    Вашиот ум е извор на чистота и ред, собираќи факти и пикантерии како верверица која собира ореви за зима. Вие сте мајстор за справување со досадни и ситни работи, кои другите луѓе ги одбегнуваат. Постои тенденција да станете толку обземени со работата и да тумарате лево, десно по истиот пат за да проверите да не сте пропуштиле нешто. Вие вероватно за се сакате да имате список, за се што ви треба да ви биде при рака. Се треба да си има свое место и треба секогаш да е таму за да можете вие да се чувствувате удобно.

    Вие исто така сакате и прецизност и ред. Затоа што сте скромни во своето однесување, вие можеби нема да го добиете она што го заслужувате. Вие имате склоност да се криете зад вашиот испитувачки ум, и да не преземате водечка улога. Вам повеќе ви се допаѓа улогата на истражувач, коментатор, критичар или наставник. Вие можете да станете многу неуморни и нервозни, затоа што ви е тешко да научите да се релаксирате. Вашата неуморност комбинирана со вашата вродена критичност, понекогаш резултираат со пронаоѓање на безначајни мани и недостатоци. И покрај вашата склоност да бидете галамxија, вие сепак не сте злонамерни и одвратни. Дури и вашата тенденција да критикувате е само лоша навика формирана рано во животот како одбрамбен механизам. Вие имате склоност да се фокусирате само на она што се случува во сегашноста, пренебрегнуваќи да формирате своја визија за иднината. Вие се чувствувате добро кога фактите се очигледни и се наоружувате себеси со интелектуални сознанија за да се борите со вроденото чувство на несигурност.

    Libra Вага
    Како последица на влијанието на вашиот подзнак Вага, вие по природа сте дипломат и друштвена личност. Грациозност, прилагодливост и друштвеност ја карактеризираат вашата личност. Вашиот подзнак значи балансираност и правда. Примарниот квалитет кој се асоцира со Вага е изразено чувство за фер плеј. Вие можете да ги видите и двете страни во било што и во вашата природа е секогаш да бидете на страната на правдата. Голем број светски политички лидери имаат Вага во подзнак. Вие сте добри во дебата, но не сте склони кон големи кавги. Вие се трудите да ги постигнете своите цели со интелигенција и политичка дипломатичност. Вашата непоколеблива природа добро ја криете зад своето однесување на човек кој е за соработка.

    Вие не функционирате добро во атмосфера на конфликти, затоа што вие имате вродена потреба за хармонија. За да се чувствувате пријатно во било која ситуација, вам ви е потребно се да е во ред. Во спротивно, вие постојано ќе се трудите да уредите нешто како би го задоволиле своето чувство за одмереност. Вие имате толку мека природа и толку многу шарм, што сте во состојба да му се допаднете скоро на секого. Вие обично се трудите токму тоа да го постигнете. Вие обично својот пат го пробивате со своето прилагодување и своето одобрување и го земате она што доаѓа на вашиот пат. Негативното влијание на Вага е тенденцијата се да остани на статус кво. Вие сакате да ги избегнете наглите промени и не сакате да ја разбранувате површината. Некогаш може да се препуштите на искушението да бидете небрежни.
    Можно е да имате вродена тенденција побргу да го кажете она што мислите дека ќе им удоволи на другите, отколку она што го чувствувате. Вие би ги криеле своите чувства само за да добиете одобрување и за да се задржи редот и хармонијата. Заради вашата вродена љубов за мир и дипломатските тенденции вие не сте во состојба поагресивно да ги браните своите права. Вие треба да научите како да се спротивставите и да го реализирате својот идентитет.

    Scorpio Скорпија
    Како последица на влијанието на вашиот подзнак Скорпија, вие имате борбена личност, силна и чесна природа, со склоност кон посесивност, било да е тоа од материјална, ментална или спиритуална природа. Вашето расудување е последица на вашите ставови кои се искрени, скептични, реалистични, стабилни и лојални, но сепак вие сте љубопитни и критични за различни идеи. Одредени контрадикторни инстикти може да ве прават некогаш тежок човек за да се живее со него. Тоа е изворот на ироничен и циничен подбив кој некогаш ги повредува другите. Вие тежнеете да се спротивставите на било каков авторитет, вие се чувствувате способни да донесете свои одлуки и сте доволно лукави со слаткоречивост да ги убедите луѓето да не ви стојат на патот за остварување на вашите намери.

    Освен тоа вашите интелектуални можности исто така ви даваат потенцијал да бидете талентиран истражувач и донесување на заклучоци на било кое поле. Други ваши природни одлики се вашата крутост и едностраното гледање, вашата голема способност за само-контрола и вашата упорност и енергија со која ги надминувате сите препреки. Вие треба да сте свесни за потребата да го канализирате вишокот на својата енергија во конструктивни цели или ќе станете распуштени. Спортови или психички вежби (борбени спортови) исто така се потребни за да се чувствувате добро. Вие многу ја цените својата работа. Секојдневниот живот и вообичаените активности за вас се одлични извори за себеисполнување. Вас ви се потребни другите за да се чувствувате комплетни и да ги реализирате своите амбиции.

    Sagittarius Стрелец
    Како последица на влијанието на вашиот подзнак Стрелец, вие како личност сте неуморни, отворени и многу независни. Вие сте личност со одредени цели, широки погледи и филозовски дух. Во исто време вашите погледи се позитивни и оптимистични. Вие чувствувате дека работите ќе тргнат на добро, независно колку и да се големи препреките. Вие имате голема желба да премостите огромни далечини, како физички така и ментално. Ваш владетел е Јупитер. Таа планета се смета дека е најсреќната планета во зодијакот. Како последица на неговото влијание вашата личност се одликува со хумор и радост. Вие имате потреба во потполност да го искусите животот на најразлични начини. Отворени и љубезни, вие обично сте весели, љубопитни и расположени. Потешкотиите кои може да ги имате од време на време се како последица на тоа што се и секого прифаќате.

    Вие не сакате да имате работа со песимисти и емотивни луѓе, и не сакате да се замарате со нивните проблеми. Вие не сакате да се оптеретувате ни со сопствените проблеми, често игнорираќи ги со уверување дека ако не им обрнувате внимание, нив едноставно ќе ги снема. Можно е кај вас да постои страв од разочарувања, што може да ве поштеди од идејата дека патот до вашиот успех е чист. Иако сте одличен апстрактен мислител, вие сепак сте човек на природата. Вие ја сакате природата. Во поглед на ова, вие можете да воспоставите хармонија во себе со едноставна прошетка низ шума. Како личност сте многу директни. Вашиот говор може да не е остар, но сепак да ја погоди целта и често ви недостига такт и дипломатичност. Вашата способност за резонирање е одлична. За да се чувствувате исполнети постојано ви е потребен предизвик и цел. Aко овие два фактори ги има во вашиот живот во комбинација, вие многу ќе постигнете. Вашиот подзнак укажува на тоа дека секогаш во животот вашите погледи ќе потсетуваат на младост и свежина. Вашите гледишта никогаш нема да станат излитени од времето или турбуленциите во животот.

    Capricorn Јарец
    Како последица на влијанието на вашиот подзнак Јарец, вие сте сериозни, внимателни и трпеливи. Влијанието на Сатурн ве прави многу одговорна личност. Исто така вие сте воздржани и стабилни што допринесува да изгледате секогаш озбилни, дури и меланхолични. Вие сте критични и ладни затоа што според вашиот морален и праведен карактер сметате дека должностите мора да се исполнуваат. Вие имате комплексна личност. Вие сте некако ладни и далечни, но сепак зад тоа ја криете вашата страмежливост. Вие сте некако плашливи, и можно е да патите од чувство на несигурност, посебно во раните години на вашиот живот. Вашето морално и исправно однесување некогаш е маска на вашата несигурност или чувство дека сте несакани или непочитувани. Вие сте голем работник и очекувате другите околу вас исто така да му бидат посветени на должностите. Вие се чувствувате повикани да им судите на другите во многу околности. Ова често ги оптеретува вашите односи со луѓето околу вас.

    Затоа што сте многу голем перфекционист во однос на работата, вие многу ги одолговлекувате работите, затоа што тешко е да бидете задоволни од тоа што е направено. Вие сте конзервативни во вашето делување и навики, и ќе се однесувате на овој начин дури и да стекнете големо богатство. Вие сте амбициозна личност, но вам не ви е толку важно она што можете со парите да го добиете и да ги остварите своите цели, вам повеќе ви е важен престижот и статусот што ќе го имате во заедницата. Вие изгледате многу сериозни и постари од годините што навистина ги имате, дури и во детството, вашето однесување било сериозно и секогаш сте си биле самодоволни. Вероватно рано сте прифатиле многу одговорности. Вие полека се движите кон врвот, секогаш одбираќи добро нагазени патеки, секогаш избираќи стабилна почва и при тоа вие добро се чувствувате. Во вашиот карактер има голема постојаност и вие ретко се обесхрабрувате, дури и кога сте соочени со чести препреки и тешкотии. Комбинацијата на вашата способност за организација и вашата моќ за убедување, можеби после одредено одлагање, но сепак ќе ви овозможат успех.

    Aquarius Водолија
    Како последица на влијанието на вашиот подзнак Водолија вие сте креативни, независни и се издвојувате од другите. Ова е знак кој укажува на многу посебни квалитети. Често необична и посебна личност која е пред времето. Вие сте интелигентни и на многу начини ексцентрични. Вие сте разумни, спонтани, инвентивни, оригинални и посебни. Сепак, изгледа како да секогаш вашите постапки се раководени од вашата интуиција и моменталните импулси, наместо да се последица на некој план и намера. Aко успеете да му се спротивставите на оваа ваша вродена склоност за да бидете ”поразлични” и ако се обидете да се прилагодите и да бидите како другите, ќе доведе до тоа да се уназадите себеси и да се спротивставите во несоодветно време. Се случува да сте нервозни и непредвидливи. Вие себеси се гледате како бунтовник. Најмногу се плашите од тоа да бидете ”заробени” и да ја загубите својата индивидуалност. Вие сте пријателски расположени спрема другите и можете многу да придонесете во активностите на групата кон која ќе се приклучите. Дури и во група вам ви успева да ја зачувате својата индивидуалност и да се спротивставите на строго утврдените норми.
    Вие можете да изгледата ладни и пресметани кога се засегнати вашите чувствста. Личностите со знак во Водолија покажуваат најизразени хуманитарни инстинкти, но некако при тоа се оградуваат себеси. Вие својата грижа за другите луѓе ја искажувате на многу специфичен начин, така што понекогаш и ве обвинуваат дека недоволно се грижите за својата фамилија и своите блиски. Вие секогаш успевате да смислите начин како да се подобрат работите и во суштина сте роден реформатор. Вашиот оригинален и слободен дух ви овозможува да успеете во повеќето интелектуални занимања. Но сепак имате проблеми со најобичните секојдневни случувања. Затоа што сте толерантни, либерални и радознали, вашите интереси може да вклучуваат многу полиња од животот. Вие посебно уживате во било што, што вклучува помош или реформи на било кое поле од областа на социјалата.

    Pisces Риби
    Вашиот подзнак е во Риби што укажува на личност која е идеалистична, пречувствителна и обично тоа е личност со големи визии. Влијанието на Нептун на вашата природа и дава нешто од комплексот на Дон Кихот, односно вие во голем дел од вашето однесување не ја земате во предвид реалноста во потполност. Вие вероватно сте многу толерантни, некогаш дури изгледате како непревземителни, многу романтични и занесени. Како последница на влијанието на вашиот подзнак можно е да сте личност која постојано бара совет, затоа што често ви недостасува самодоверба за да чекорите напред онака како сте замислиле. Но сепак вие ретко го прифаќате советот што сте го добиле. Вие имате тенденција да мечтаете за тоа како би го живееле својот живот, затоа што премногу илузорно ги гледате ситуациите, луѓето, статусот и околностите. Вие сте премногу таинствена личност, делумно и затоа што сте страмежливи, која што особина многу вешто ја криете.

    Вие избегнувате да си придадете значење себеси, со што би го привлекле вниманието на другите, и поради тоа се случува да не го добиете она што го заслужувате. Вие имате изразена потреба да се занимавате со такво занимање со кое што би им служеле на другите, и би биле навистина среќни ако во тоа успеете. Себе-реализирањето е од примарна важност за вас, и затоа вам ви е неопходно да поминувате добар дел од времето посветуваќи си го себеси. Исто така влијанието на овој подзнак укажува на голем интерес за музика или друг вид уметност. Вие си поставувате големи цели и премногу очекувате од себе и од оние околу вас. Поради тоа што очекувате луѓето да бидат перфектни, вие често сте разочарани од нив. И покрај тоа што никогаш не сакате да се конфронтирате со другите, вие сепак потполно сте уверени дека вие секогаш сте во право. @ивееќи во заблуда, тешко ви паѓа кога ќе сфатите дека не сте ги пресметале нештата онака како што треба. Вие сте чувствителни и лесно се прилагодувате, но ви паѓа тешко кога ќе треба да донесувате одлуки. Соочувањето со ситуациите и донесувањето отсечни одлуки не е нешто со што лесно можете да се носите. Вие често се ослонувате на своите чувства и интуиција при избирањето на патот по кој ќе одите, со што потсетувате на ној кој ја закопува главата во песокот.
     
  10. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Значење на вашиот подзнак

    Како последица на вашиот подзнак Девица, вие сте практични, објективни и аналитични. Вие повеќе сакате да сте на тивката страна, некако скромни и никогаш не сте груби или сурови. Вие поседувате ментална проникливост која ја изразувате во секојдневните практични работи. Aналитични и методични во се што правите, вие сте многу систематични во остварувањето на своите идеи, како и согледување на проектите што ги работите се до нивното комплетирање. Вие сте внимателни и ги забележувате сите детали, толку сеопфатно што ретко да направите пропуст во тоа што го работите.

    Вашиот ум е извор на чистота и ред, собираќи факти и пикантерии како верверица која собира ореви за зима. Вие сте мајстор за справување со досадни и ситни работи, кои другите луѓе ги одбегнуваат. Постои тенденција да станете толку обземени со работата и да тумарате лево, десно по истиот пат за да проверите да не сте пропуштиле нешто. Вие вероватно за се сакате да имате список, за се што ви треба да ви биде при рака. Се треба да си има свое место и треба секогаш да е таму за да можете вие да се чувствувате удобно.

    Вие исто така сакате и прецизност и ред. Затоа што сте скромни во своето однесување, вие можеби нема да го добиете она што го заслужувате. Вие имате склоност да се криете зад вашиот испитувачки ум, и да не преземате водечка улога. Вам повеќе ви се допаѓа улогата на истражувач, коментатор, критичар или наставник. Вие можете да станете многу неуморни и нервозни, затоа што ви е тешко да научите да се релаксирате. Вашата неуморност комбинирана со вашата вродена критичност, понекогаш резултираат со пронаоѓање на безначајни мани и недостатоци. И покрај вашата склоност да бидете галамxија, вие сепак не сте злонамерни и одвратни. Дури и вашата тенденција да критикувате е само лоша навика формирана рано во животот како одбрамбен механизам. Вие имате склоност да се фокусирате само на она што се случува во сегашноста, пренебрегнуваќи да формирате своја визија за иднината. Вие се чувствувате добро кога фактите се очигледни и се наоружувате себеси со интелектуални сознанија за да се борите со вроденото чувство на несигурност.

    *подзнак сум девица ама ми пишуваше дека има ослабнато влијание :) така да нешто е точно нешто не :)
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. HoneyAxl

    HoneyAxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    151
    Значење на вашиот подзнак

    и јас сум шкорпија :angel:
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Значење на вашиот подзнак

    :clap: :clap: интересно :emo: лав ;)
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    Значење на вашиот подзнак

    точно некако
    вага сум :D
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Значење на вашиот подзнак

    Девица ... па само едно 30тина % ми влијаа подзнаков според ова.
     
  15. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Значење на вашиот подзнак

    Не би рекла дека е баш така...но околу 30-40% е :)
     
  16. Pufce27

    Pufce27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    88
    РИБИ - само во овој дел се пронајдов: Исто така немојте да бидете изненадени доколку луѓето доаѓаат кај вас да си ги отворат своите срца и да си ги кажат своите маки. За тоа, обвинете ја вашата грижлива аура која ја ширите. Се друго неважи за мене :lol: :P
     
  17. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    Па може да се каже дека е нешто точно. Инаку подзнакот ми е бик. :)
     
  18. fashionbaby

    fashionbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    244
    Рак

    Ако вашиот подзнак е рак, вие најверојатно сте првото рамо за плачење, на кое сите трчаат да се потпрат. Вие оставате впечаток на нежна личност, полна со разбирање за чувствата на другите и оваа ваша особина треба да ја искористите за да ги тешите оние на кои им недостасува чувство на сигурност. И покрај тоа што можеби немате многу трпение за тоа, вие можете да очекувате дека другите ќе ви се отвораат секогаш кога ќе им треба некој мајчински совет. Од друга страна, понекогаш делувате пре емотивно, па дури и манипулативно.

    8)
     
  19. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски

    Шта јест, јест. :D Не баш цело, ама од прилика-јест. :D
     
  20. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Точно ли е дека подзнакот има влијание на постари години? (значи над 30) Имам слушано такви муабети ама нигде немам прочитано такво нешто. Споделете мислење. Јас мислам дека нема врска со годините. :)