Озбилно бе. Секогаш сум онаа која треба да има фикс идеја. Не сакам да озборувам и не сум фан на тој спорт ама ми се случило горенаведеново- да бидам погрешно сфатена. Па да, точно е. И тоа за харизмата...
Доколку во подзнак сте скорпија, не навредувајте се ако луѓето стојат на некоја одредена дистанца од вас. Тоа е од проста причина што тие имаат одредена стравопочит кон вас. Вие изгледате премногу интензивно. Тоа е можеби поради вашиот продорен поглед или сексипил. Вие сте динамични и привлечни, па така луѓето мистериозно се навлечени на вас. Сета таа ваша забележлива сексипилност е многу забавна, но имате и темна страна. Понекогаш може да изгледате нерасположено, па дури и малку опасно за луѓето околу вас. Треба да знаете како да уживате во вашиот мистериозен елемент.
Јас сум близнаци во подзнак Девица Ова за Девицата дефинитивно е точно, потполно исто А може некој да каже нешто за оваа комбинација?
Е ова за подзнакот... не сум знаела Сега сфаќам зошто пред други сум толку поразлична од она што навистина сум, кога сум сама. Знак девица, подзнак - водолија. Го мразам подзнаков затоа што во очите на другите ме прави ексцентрична, али тоа е...
Бик Ако сте бик во подзнак, вие на луѓето им оставате прв впечаток како да сте многу присебна, сталожена, самоуверена, амбициозна, а сепак скромна личност. Кој и да е вашиот хороскопски знак, ако сте во подзнак бик, луѓето честопати ќе се потпираат на вас секогаш кога ќе се најдат во тешка ситуација, бидејќи вие изгледате како многу стабилна и логична личност. Тие се позитивните карактерни особини на бикот. Ако немате многу среќа, на луѓето околу вас можеби ќе им оставите впечаток како малку тврдоглава и здодевна личност, која повеќе троши време напорно работејќи на некоја работа, отколку на фактичко реализирање на истата. Но, биковите се многу упорни и решителни личности, па така и вие со овој подзнак, ќе научите да ги искористите ваквите особини во ваша полза.
Ако сте девица во подзнак, вие честопати оставате впечаток на многу урамнотежена, сталожена и многу педантна личност. Вие секогаш делувате скромно и достоинствено, понекогаш снобовски и со вашата појава, сакате да оставате впечаток како да ги познавате најновите модни трендови. Дури и ако во моментот се чувствувате енергично и имате потреба за дружење, на светот можете да му изгледате како срамежлива, непопуларна личност, која секогаш изгледа како да ù се врти некоја многу сериозна мисла во глава. На оние луѓе кои се девици во подзнак, пријателите и членовите на семејството честопати им се обраќаат за разни здравствени проблеми, бидејќи девицата изгледа како да има одговор на сè. wow
Лав Ако сте лав во подзнак, вие однадвор изгледате многу самоуверено, гордо и многу сигурно во себе. Луѓето кога ќе ве видат очекуваат драма, и тие ќе бидат разочарани доколку не ја добијат енергичноста и духовитоста која ја очекуваат од еден лав. Вие сте индивидуалисти, имате оригинален карактер и на луѓето секогаш им „фаќате“ око, без разлика дали го сакате тоа или не. Ако другите ги забележуваат во вас, вашите „кралски“ лавовски карактеристики, тие можеби ќе забележат и некои негативни вибрации како самобендисаност и претерана суетност. И покрај очигледниот интерес за самите себе, вие сте популарни во какво друштво и да се најдете. точно