Не сретнав ваква тема, па тука може да си кажеме од што се состоел нашиот денешен појадок. Јас денес појадував парче леб со варено јајце, пиев свеж сок од овошје уште пред појадокот и пред малку испив мултивитамин еден.
Вашиот појадок Denes pojaduvav palacinki so krem inaku sekogas pojaduvam banicka so jogurt,ili kornfleks.
Вашиот појадок Јас за појадок (ма да појке личе на ручек) Обарен компир, морков, стек, јаболко и многу вода!
Вашиот појадок Корн флекс - сите видови и подвидови, сабајле се почестив со оној Виталис од чоколада. Појадувам на работа па освен банички и кифли кои ги избегавам се тешам со гевреци и проја.
Вашиот појадок Обожавам да се врткам низ кујна , но никако да најдам време да си зготвам нешто посебно за себе.Не се сеќавам кога последен пат доручкував нормално , животот ми помина во брзање , немам ни некоја минута вишок да се најадам како човек. Ранобудник сум но не по свој избор , обврските тоа го бараат од мене , така да на менито за доручек стои следното ..добро исуштена кифла ( сакам да си ја викам ланска нагалено ) кога со сиренце, кога со салама и кашкавал ...ама се мислам дека тоа е некоја наградна игра пронајди го сиренцето или саламата ..воглавно се празни, да продолжиме понатаму ..ах да минијатурен севендејс кроасан , сендвич / тост од локалната сендвичара.Треба да имаш добар желудник за да ја свари недопечената плескавица и живите компири Некогаш се нема време ни за тоа па утрото го врвам со празно меше или две три голтки баланс јогурт , секогаш си носам во ташна
Вашиот појадок Денес доручекот ми бесе секое можно ѓубре што го најдов. Најпрво јадев корнфлекс со млеко, од оние коцки полнети со крем од лешник. Толку се тешки, а јас пола кутија како да изедов. Потоа јадев соленки, па па некој чипс, па кубети. Со тоа испив 5 литра сокови од што се не. Затоа сега не можам да дишам и мачно ми е.
Вашиот појадок Свежо исцеден сок од јаболко, морков и лимон; банана; потпечени лепчиња намачкани со зденка.