Мњам мњам, ова утро појадував затворена пица од св.Никола, убава е ама мала. Еден апел до фурната, нека ги прават поголемки и пополнички внатре а не само на средината една саламичка со кашкавалче, како што би рекол внук ми за лиснато со виршла, тето, треба 4 пати да гризнеш за да дојдеш до виршлата. Па така и јас, треба 4 пати да гризнам за да дојдам до полнењето.
Печени рибанки со маргарин и сирење ( мојот нов изум но мене многу ми се допаѓа и навистина е вкусно )и чај од мајчина душица