И повторно интегрална пирошка жито лукс, со јогуртче. Таму кај што работам има само жито лукс во близина, и кај и да е, ќе се откажам од јадење, само да не ги јадам веќе пирошките, а бога ми и бурекот. Колку и да ми паѓа тешко кога ќе помислам на пирошките, тоа не е ништо во споредба со бурекот! Пред 2-3 недели, потклекнав при една емотивна криза, и единствениот антидепресант на кој можев да се сетам во моментот беше бурекот со месо од жито лукс! Си го ставам на тастатура, гледам како ми капе масло зошто хартијата упила што можела, ама тоа е далеку од доволно за количината масло што ја ставаат, до мене јогурт во шише и купишта расфрлани хартии, и м'скам со уживање, како да ми е тоа најголемо задоволство во животов Да биде бељата уште поголема, 100 луѓе ми влегоа во канцеларија и го просведочија настанот, па сега нема шанси да докажам дека бурекот не ми е најголем порок, имам јас и поголеми Ах, коку сум лошка, јадев јас што јадев, па уште ја заведов колешката, а кутрата, откако го изеде нејзиниот четврт, легна болна, и офкаше до крај на денот! И така решив дека за општо добро е веќе да не јадам бурек, барем не во Скопје. Сега имам два избори, или пирошките од жито лукс, или да си правам сендвичи од дома. Со задоволство би си сплескала еден со еурокрем, ама сабајле еурокем е последната работа што ми паѓа на памет