Залетана по питите со вишни од кај Ева, морав да се задоволам со последното преостанато нешто за јадење, а тоа беше некаков си сендвич со не знам што. А таму гледам спакувани пити со вишни,очогледно по нарачка, и мислам како да ја замајам жената што продава, да дигнам една пита! Е нема. Повеќе среќа утре. Сепак, и сендвичот беше и тоа какво освежување од редовните пирошки и гевреци од жито лукс!
Air Немав време ништо да ставам во уста, оти како по обичај доцнам секогаш, и за да не ме чекаат за на факс, излегов одма. Но, штом се вратив, си имав купено баничка, и си надоместив и за појадокот.