Многу нездрави комбинации...пица.. паштета..виршла? Знаете дека тоа се е канцерогено? Јас јадев интегрален леб од био диме, едно парче, хумус, урда и маслинки
Не ми беше поентата да си правиме празни муабети тука. Секако дека знаете. И јас знаев па јадев. ама терајте
Искрено посна урда од пазар земам, не знам колку е најздрава ама преферирам да не е ништо вакумирано А лебот го има во Тинекс, има различни, овој е ржан интегрален
Не не сум ама појадокот ми е идеја одтаму Тоа јадам за доручек претежно или јајца, а за ручек вечера, овошје и зеленчук, ретко ако има нешто зготвено зелка или грав се случува да каснам преку ден.
Ок не е баш посна ако мислиш да постиш секако дека од млеко се прави , потоа ја обезмастуваат, казеинот и некои млечни состојки ги вадат, инаку Био Диме е пакован леб нема врска што е од Тинекс,
Не. Обезмастен путер, урда, сирење, се викаат така затоа што уствари казеинот е изваден од нив. Мастите дебелеат само во комбинација со јаглехидрати.
Па всушност ми требаа кога се хранев со паштети и виршли. Сега одкако 70 % од исхраната ми е овошје и зеленчук крвната слика ми е топ, килажата топ.