Не, не купувам готова. Туку обични овесни и дома ги варам, 500гр има во едно пакување. Еве како изгледаат
Ништо . Ставам вода на шпорет и пред да почне да врие ставам 3 или 4 лажици овесни(додавам и какао понекогаш), бидејќи варат мешам постојано и го исклучувам шпоретот. Додека се' уште варат додавам малку млеко, мешам и ги оставам се' додека не излегуваат меурчиња(се надевам ме разбра). Млекото помага да се згуснат и стануваат како пудинг, додавам и лажичка мед, цимет и сечкам банана. Секако можеш да си комбинираш со што сакаш: мармалад, мелени ореви, лешници, чиа, јас дури и малку нес кафе наросувам .
Немам уште појадувано а станата сум пред пет часа. сакам да почнам со диета ама тешко ми оди. Немам некоја посебна мотивација.