Искрена да бидам јас ова го користам како десерт, најчесто наутро ама и дел од појадокот ми е. Морам солено да јадам наутро и тоа обавезно една рибанка леб со јајца, павлака, авокадо, маслинки, секогаш си правам некоја комбинација а ова му доага десерт на појадокот Само ова нема шанси мене да ме држи за појадок
Изгледа како секогаш да е исто, ама во чинијата основата секогаш ми е различна, некогаш повеќе житарки, некогаш со бадеми и лешници, со семки од тиква, сончоглед и ленено семе, овој пат основата ми е со овесни снегулки, овошје, мед, путер од кикиритки и путер од лешник