Заедно ги варам. Во вода во тенџерче ставам 4 големи лажици овес, 1 мала лажица мелен лен и 1 мала лажица чиа. Ги варам додека да омекне овесот и да се згусне, мислам дека едвај 5 минути е доволно. И после додавам други работи, на пример утрово јадев со јаболче "испечено" во микро, аронија, цимет и мед.
Јас во вода го варам, не сакам млеко, но можеш и со млеко ако тебе така ти е повкусно. Или си веганско некое. Али во вода овесот си пушта скроб, така да убаво дава густина. Ко ќе видиш, така и се прави овесно "млеко".