Како се става јајцето вака за печење? Јајцата што ги користам би биле преголеми за кришка ако ги ставам цели, прашувам за да не се излупирам. Ги матиш малце или?
@Srckata28 да, матени исто ко за пржени лепчиња ама ги печам на хартија. Прво лепчињата во јајце, па малку ги мачкам горе со павлака или крем сир и од горе тоа што сакаш, тука има кулен сецкан, кашкавал, маслинки и оригано.
што е ова? превкусно изгледа и обично се разочарувам кога барам рецепти затоа што на крај испаѓа дека врз овесните е само обичен протеински пудинг ставено.
Најдолу ставам грчки јогурт, но може и без него. Над него смути за во чинија, погусто го правам со банана, малина, аронија, зависи што имам во моментот и најгоре гранола.