Немам некој посебен рецепт, пирошките се направени од палачинки. Се полнат по желба, јас ставив рендан кашкавал, шунка, кисели краставички. Ги моткам (како на сликите), ги мацкам од сите страни во изматено јајце, па во презла и ги пржам во масло. Ставам од око или колку што ќе ми се најде по дома од филот. Може да се стави во филот и кечап, печурки, мајонез, сирење..