Не толку репрезентативен за на слика ама сабајлечки во брзање е спремен. Марула, краставичка, домат, кајгана, хималајска сол, чајна и интегрално лепче.
250г брашно од наут 2 лажички пециво 350мл бадемово млеко 4 лажици јаворов сируп 2 лажички јаболков оцет Брашното од наут го мешаме со пецивото во подлабок сад. Го додаваме бадемовото млеко на неколку пати, постојано мешајќи. Додаваме јаворов сируп и јаболков оцет. Мешаме убаво со жица, да не останат грутчиња. Ги пржиме на загреана нелеплива тава за палачинки. По потреба може тавата да се премачка со малку масло. Јас ставав по 2-3 лажици од смесата за една палачинка. Смесата е доста густа. Доколку сакате потенки палачинки, ставете повеќе бадемово млеко. Палачинките се превкусни, меки и воздушести, додека се топли. Се стврднуваат кога ќе се оладат, но мене ми беа вкусни и оладени.