Јас нема теорија да испијам кафе на празен желудник. Ова е од сабајлево појадок во 6 часот пред работа, најобична овесна кажа со темно чоколадо и вода. Топинзи- аронија боровинки малини и банана и кранчи чоколаден путер од кикирики. Тоа одозгора што се разлева одма е сируп од урми-заради блажина бидејќи не додавам ништо друго. Намерно си правам поголема количина и другата половина си ја земам за на работа или ја оставам за утре сабајлето. Другото е ужинка - јаболко, киви и бело грозје.