Имам колешка што секое сабајле штом дојде на работа, чисти по едно зрно лук и со вода го пие ( како апче)
Бившиот свекор така праеше, слушнал од некаде дека многу било здраво едно зрно лук да го голтнеш цело без да го џвакаш, и една сабајле човекот 10 зрна голтнал и не отиде на работа, офкаше од болки во желудникот цел ден .
Превкусно изгледа! Ме интересира од кај ја најде сојата потпечена. Јас од тинекс порано ја земав ама веќе ја нема, си ја користев за веге бургерчиња мелена како брашно за додаток протеин и формирање компактна смеса, ама не можам долго време да ја најдам.
Фала ти . Инаку и јас ја купувам од Тинекс Зебра, ама исто не секогаш ја има. Кога ќе начекам купувам неколку пакетчиња да имам за резерва. Денес на мени за доручек: потпечен мини багет од цело зрно, едното парче со Philadelphia намаз, краставица, димен лосос и микс семки, а другито парче исто со Philadelphia намаз, јагоди, боровинки и малку мед