Секако Рецептот е многу е едноставен, а мене ми е превкусен доручек и долго време ме држи сита Намирници: - 2 банани - 1/4 cup јаворов сируп - 2 лажички ванила екстракт - 2 лажички прашок за пециво - прстофат сол - 2 не преполни лажици путер од кикирики или било каков друг од јаткасти плодови - 2 cups овес - 1 1/3 cup млеко од соја (или бадемово млеко) - свежo овошје - јас користев јагоди и боровинки Само добро се мешаат сите состојки во посебен сад (се користи 2/3 од овојшјето) при што се добива густа смеса која се претура во претходно намачкано мало тавче со уље и се распоредува смесата еднакво. Одозгора се додава остатокот од овошјето и се пече на 170 степени едно 20тина минути, по потреба и повеќе. На крај може да се искомбинира со малце грчки јогурт и мед или мелени ореви