Одамна сакам да пробам авокадо и да го вметнам во некои комбинации, ама стварно не знам како е најубаво да се јаде, а вака ве гледам на слики како си јадете ептен мерак ми прави. Излажав уствари, имам пробано гвакамоле во бурито и чуден вкус ми имаше, ама освен бурито, како инаку го јадете авокадото? На тостирано лепче, ќе биде ли убаво на нетостирано, со што зачини, лук/кромид, лимон? Општо било какви рецепти се добредојдени, може и за во салата, и за во бурито, буквално секогаш ги гледам во маркет и ги одбегнувам зошто не знам како да ги јадам.
Мене ми е единствено убаво во комбинација со јајце. Лепчето не ми игра улога дали ќе е тостирано или не. Од зачини најчесто ставам лимон, хималајска сол и црвен пипер/буковец што имам дома. Некогаш знам да си го искомбинирам со чаден лосос. А дефинитивно фаворит ми е со јајце на око одозгора. Можеш да го искомбинираш и со варено јајце, да го изгмечиш и да го измешаш со авокадото. Како намаз да си направиш. И да го вметнеш во некој здрав сендвич со туна. Исто убаво ми е кога го ставам во салата (киноа, домат, краставичка, туна/стекче и авокадо). По дома само јас го јадам, така да верувам дека е до вкус.
Мене ми е убаво како намаз пасирано со малку лукче и лимон, вака на тонус сум го јадела и на палачинка од јајце и овесни снегулки. Исто и сечкано како прилог со омлет, посолено со една сол со зачини од dm, ми било вкусно.
Мене ми е убаво и на тостирано и на нетостирано лепче. Авокадото го јадам и онака без додатоци. Ако на некој така му е бљантаво може да му додаде нешто. Во ситно исечкано или рачно пасирано авокадо се ставаат сол, капнат сок од лимон или лимета (или по малку од 2те), зачини по избор (нане, рузмарин, сув или свеж ситно исечкан магдонос, буковец-благ или лут по желба), ситно исечкан или мелен лук или кромид (не мора, ама кој јаде може да стави). Се меша и се проверува вкусот. Ова се става во блендер и испаѓа како сосче. Мада, ако авокадото е убаво омекнато може и само да се испасира со вилушка (така и по му се осеќа вкусот). Понатаму, ако го навикнеш вака, можеш по блендирањето да го измешаш и со малку кисела павлака или посен мајонез (ако јадеш). И така е убаво комбо.