Шакшука (Shakshouka) Синоќа правев за вечера, па од тоа што остана си земав за појадок за на работа. Ама толку ми е вкусно, можам за доручек ручек и вечера да го јадам.
Шакшука е јадење кое потекнува од Тунис. Доматен сос со зеленчук, зачини и јајца. Може да се направи со свежи домати, доматен сос во шише па и со томатело. Има разни варијации, јас го направив со кромид, лук, зачини, сушен магдонос и јајца. За пола саат имаш готово превкусно јадење
@anggell Секако Во тава на маслиново масло се пропржува зеленчукот да омекне (кромид, лук, пиперка ако имаш), доколку имаш свежи домати ги додаваш да се зготват и тие заедно со другиот зеленчук околу 5 минути. Ако е обичен доматен сос го додаваш и промешуваш, додаваш зачини (црвен пипер обавезно, лут зачин - чили, буковец, сол, бибер и малку кумин ако имаш). Се додаваат јајцата и се остава да се зготви на не многу силна температура, покриено со капак за јајцата убаво да се сварат во сосот. На крај се додава свеж или сув магдонос одозгора пред послужување. Јас имав сув и го додадов за време на готвењето на сосот. На здравје
Предобро е. Јас го правам со помалку сос, повеќе на јајце. Едно од омилените јадења во лето ми е. (дека поефтини доматите де. )